Грција кон радикални промени или ќе си легне на брашно?

Предвремените парламентарни избори во Грција предизвикаа некаде еуфорија, а некаде загриженост, но секаде беа на насловните страни. Победата на СИРИЗА и нејзиниот лидер Алексис Ципрас, не оставија рамнодушни политичари, новинари, коментатори… Зошто?

grtsija-kon-radikalni-promeni-ili-ke-si-legne-na-brashnoПрв и клучен фактор за тоа е фактот дека СИРИЗА и Алексис Ципрас го срушија двопартитниот систем на Нова Демократија и ПАСОК, кои владееја со Грција со децении. И тоа од позиција, до само пред десет години, на маргинална партија. Да, СИРИЗА, основана во 2004 година од Синаспизмос и други левичарски групи, освојува на парламентарните избори во таа година само 3,3 отсто гласови и шест пратеници. И во 2007 година СИРИЗА нема посебен успех и има само 5,05 отсто гласови. Таа година, со доаѓањето на Алексис Ципрас за лидер и со трансформацијата од коалиција во единствена партија во 2012 година, почнува растот на СИРИЗА, што во 2015 година ќе ги доведе до победа. Некои ќе речат тоа не е толку успех на СИРИЗА, колку што е катастрофа на главните политички партии, пред сè ПАСОК кој од главна партија пред дваесет години целосни се маргинализира.

СИРИЗА и Алексис Ципрас покажаа дека двопартитниот систем, кој функционира во голем дел од Европа, може да падне кога незадоволството на граѓаните е големо, а постои умешна политичка партија што нуди политичка алтернатива. Тука, во рушењето на двопартитноста е главниот предизвик, а не во тоа дали тоа дали ќе има „grexit“ – грчки излез од еврозоната или промена на геостратегиската позиција на Грција со излез од НАТО. Во цела Јужна Европа постои големо граѓанско незадоволство од мерките за штедење и демонтажа на социјалната држава. Нови движења на левицата како Подемос во Шпанија, или на десницата како Националниот фронт во Франција, може да ги срушат политичките естаблишменти што ги водат соодветните земји со децении.

Read more

Слобода за Кежо

Мојот денешен коментар е преобјавување на коменатарот „Судови на кои има треба едукација“ од 24.10.2013. Преобјавувањето е актуелно поради последните судски одлуки за случајот Кежаровски, а целта и поентите на коментарот се потврдени од временска дистанца. Поентите се: Кривично дело најверојатно не постои, бидејќи не постои загрозување на заштитениот сведок – сведокот е жив и … Read more

Сите се Шарли, а ние?

Минатата недела за очекувањата од 2015 година, за односите Запад-ислам, како еден од трите процеси кои го одредуваат нашиот меѓународен контекст, напишав дека имаат завршница site-se-sharli-a-nieво 2014 година или почеток во 2015 година што не ветува многу. Во моментите кога го пишував тоа, се случуваше најголемиот, најбруталниот терористички напад во Франција по 1961 година – се случуваше егзекуцијата на редакцијата на сатиричното списание „Шарли Ебдо“. Во моментите на шок, болка, инстинктивниот одговор на Франција, на Европа, на светот беше сочувство и солидарност. Над четириесетина лидери, над милион луѓе се собра во Париз, како и во многу други градови, вклучувајќи го и Скопје, под слоганот „Јас сум Шарли“. Собраните на Плоштадот на Републиката во Париз потсетија на значењето на малку подзаборавеното мото на Републиката „Liberté, égalité, fraternité“ (слобода, еднаквост, братство). Покажаното братство, посебно поради учеството и на лидери од земји со муслиманско или арапско потекло, како и на многу обични граѓани, како тие во Мадрид кои носеле пароли „Не во наше име“, ќе биде барем малку мелем на раната.

Демонстрираното братство во многу ќе помогне и во справувањето со одговорноста, клучен фактор во какво ќе биде влијанието на овој брутален терористички напад.

Во терористичкиот напад има многу елементи како: отстапување на стилот на нападот – професионална егзекуција наспроти стереотипот за бомбаши самоубијци, заборавена лична карта која овозможува идентификација, осомничени кои имаат алиби или кои се отсутни, ликвидирани осомничени, самоубиен инспектор, кои на љубителите на теориите на заговор, ќе има дадат материјал за многу шпекулации. Но да се вратиме во реалноста. Со месеци се говори за илјадниците наши сограѓани од Европа, од Франција, од Финска, од Македонија, кои се борат за Исламската држава на Ирак и Левантот (ИСИЛ, ИСИС) и ризикот од насилство кога тие луѓе ќе се вратат назад. Досега ИСИЛ покажа дека е способна за многу погрозоморни работи, за да бидеме изненадени од тоа што се случи. Зар мислевме дека ѕверствата од Ирак и Сирија нема да пристигнат во Европа?

Read more

2015 – година на дијалог или на заострување?

Доколку 2014 година може да се оцени како  година на поларизација, и во светот и дома, каква ќе биде 2015 година – година на дијалог или на заострување?

Во светот од, за нас, трите важни процеси кои се заострија во 2014 година: политиката во ЕУ, Запад-ислам и Запад-Русија, сите три има завршница во 2014 година или почеток во 2015 година што не ветува многу.

Политиката во ЕУ формулирана, од јакнење на радикалната десница и левица, како „помалку Европа“, веќе овој месец ќе биде пред нов предизвик со предвремените парламентарни избори во Грција. Сета политичка класа во ЕУ, многу внимателно ја одржуваше владата на конзервативниот Самарас, бидејќи тој се вклопуваше во големиот план за излез на ЕУ од економската криза. И сега кога е неминовно изборно соочување во Грција, ЕУ-политичката класа застана и ќе застане позади Самарас и Нова Демократија. Тоа се случува веќе со пишувањата на германскиот печат за „Grexit“ – излез на Грција од еврозоната, дека тоа веќе не е закана за ЕУ, или изјавите на францускиот претседател Оланд дека Грција мора да се придржува на договорените мерки за штедење. И конзервативната Меркел и социјалистот Оланд се на истата страна во одбрана на главните политички текови. Заканите со излегување од ЕУ се веќе видени во кампањата за заплашување на гласачите на референдумот за независност на Шкотска. Таа кампања има за главна цел да ги „скрати крилјата“ на некогаш радикалната Сириза, со максимална цел да обезбеди победа на Нова Демократија, а минимална да го намали маневарскиот простор на Ципрас дека постои било какво друго решение освен мерките на штедење. И со тоа да се превенира Аргентинско сценарио, и да се спречи помислата дека гласачите во Италија, Шпанија или било која друга земја имаат алтернатива надвор од етаблираните главни партии и политики.

Read more