Browsing the Општествено-политички category...

Зошто не успеа референдумот? октомври 18th, 2018 by Анонимен, No Comments

Референдумот за конечниот договор со Грција заврши неуспешно, поради одзив од околу 37 проценти. Неуспешноста на референдумот не е само поради неисполнување на законскиот праг за успешност, одзив од 50 отсто или околу 900.000 гласачи. Неуспешноста е поради тоа што референдумот беше под очекувањата на тие што го распишаа и организираа, Владата и СДСМ. Од потпишувањето на конечниот договор со Грција, каде што референдумот може, но не мора да биде дел од постапката, како и одлуката на власта референдумот да биде консултативен, беше јасно дека Владата не очекува дека референдумот може да го постигне законскиот праг. ..

 
Неуспешна е консултацијата со граѓаните! октомври 04th, 2018 by Анонимен, No Comments

На 30 септември се одржа неуспешна консултација со граѓаните, референдумот за конечниот договор со Грција заврши неуспешно. Заврши неуспешно поради одзив од околу 37 проценти, кој можеби и ќе се спушти на 34 проценти ако се поништат резултатите во изборните единици каде што имаше полнење кутии. Неуспешноста на референдумот не е поради неисполнување на законскиот праг за успешност, одзив од 50 отсто или околу 900.000 гласачи. Неуспешноста е поради тоа што референдумот беше под очекувањата на тие што го распишаа и организираа, СДСМ и Владата.

..

 
Конечен договор без конечност (2) септември 20th, 2018 by Анонимен, No Comments

Иако редовен коментатор и истражувач на спорот за името, првата анализа и коментар на конечниот договор со Грција ги започнав минатата седмица и ги продолжувам оваа седмица. Анализата ја засновам на тоа што повеќепати го имам истакнувано како можен компромис меѓу зачувувањето на идентитетот и стремежот за евроатлантските интеграции. Како што пишував, меѓу другото, и во „Ерга омнес, не, благодарам“ (1, 2) од мај оваа година, дека добар компромис би бил заснован на прифаќање на идентитетот од Грција (државјанство, јазик), ерга омнес решение во две фази, кое би стапило во сила во моментот на членство во ЕУ.

..

 
Конечен договор без конечност септември 13th, 2018 by Анонимен, No Comments

По склучувањето на конечниот договор со Грција, повеќепати анализирав и коментирав за прашања поврзани со договорот, но досега го немав директно анализирано и коментирано самиот договор. Од друга страна, како редовен коментатор и истражувач на спорот за името, повеќепати имав истакнувано што би бил можен компромис меѓу зачувување на идентитетот и стремежот за евроатлантските интеграции.

..

 
За европски вредности референдум а ла Ердоган август 23rd, 2018 by Анонимен, No Comments

Минатата седмица коментирав „Референдумот во хаос“, а по последните информации за можна масовна владина кампања за референдумот, тој почнува да личи а ла Ердоган. Доколку е така, за што може да се аргументира, се јавува клучното прашање дали до европски вредности може да се стигне со референдум а ла Ердоган, при што самата спогодба со Грција, ја исклучувам од анализата. ..

 
Previous