Browsing the Општо category...

Датум ќе добиеме, некогаш јуни 13th, 2019 by Анонимен, No Comments

Една година по добивањето „датум без датум“, во стилот на југословенската серија „Ѓекна уште не е умрена, а кога не знаеме“, сега сме пред нова епизода „Датум ќе добиеме, некогаш“. Македонија по втор пат во период од една година се доведува во расчекор меѓу очекувањата и реалноста за интеграцијата во ЕУ.

..

 
Вардар ја гаси жедта за успех, втор пат јуни 06th, 2019 by Анонимен, No Comments

Пред две години, во истиов период, напишав „Вардар ја гаси жедта за успех“, по повод тогашната победа на ракометниот клуб Вардар и освојувањето на европската шампионска титула во машки ракомет, а инспириран од експлозијата на радост и вечерта на 4 јуни, на денот на пристигнување на шампионите во Скопје. Тогаш напишав дека „европски шампион во клупски спорт е вистинска реткост, еднаш во генерација“, и никогаш не помислив дека РК Вардар ќе го повтори успехот за само две години. ..

 
Проевропско мнозинство во ЕУ? мај 30th, 2019 by Анонимен, No Comments

Дента по завршување на изборите за Европската Унија, многу медиуми осамнаа со наслови за проевропско мнозинство во идниот состав на Европскиот парламент. Секако, во зависност од потребите и аголот на гледање се славеше и победата на десницата.

И тука, пред анализата на резултатите на изборите за ЕУ, за забуната што ја предизвикува терминологијата како проевропски и десница. Какво друго мнозинство би можело да има во Европски парламент ако не (про)европско? За која десница се зборува? ..

 
Евровизиски поделби мај 23rd, 2019 by Анонимен, No Comments

Изборот за песна на „Евровизија“ помина, наместо кон приближување, се надоврза на низата на продлабочување на поларизацијата во земјата. Пред сѐ честитки за Тамара Тодевска, нејзиниот тим и МРТ за постигнатиот успех, досега најдобар.
Самиот избор за песна на „Евровизија“, е започнат и обмислен за приближување на земјите во поствоена Европа, преку лесна забавна програма. Првпат одржан во 1956 година во Швајцарија со само 7 земји, станува телевизиска програма што најдолго се одржува, со учество на над 40 земји, и публика меѓу 100 и 600 милиони гледачи. Изборот на „Евровизија“ не е единствената програма на Европската Унија на јавни радио-телевизии (ЕБУ) за помирување, слична програма е и „Игри брз граници“, која се организира во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век. ..

 
Целосна власт, колку одговорност? мај 09th, 2019 by Анонимен, No Comments

По многу дилеми, стравувања од нова политичка криза, шестите претседателски избори завршија успешно, со изборот на Стево Пендаровски за петти македонски претседател. Успешноста на изборите е во добро спроведените избори, во кои имаше слободен избор, рамен терен за сите кандидати. Честитки за граѓаните, честитки за Стево Пендаровски! Честитки за граѓаните за одзивот на изборите со што покажаа политичка зрелост и јасна волја за политичка стабилност и функционални институции. ..

 
Previous