(Не)успешни избори или (не)реални очекувања? 25.04.2019 Автор: Сашо Клековски, Нема коментари

Првиот круг на претседателските избори на 21 април помина и даде одговор на повеќе прашања, вклучувајќи ги и оние за успешноста на изборите. Изборите се успешни, не од агол кој кандидат каков резултат остварил, туку од најважниот агол, демократскиот. Изборите беа успешни бидејќи беа добро спроведени и поминаа фер и демократски, без поплаки од учесниците во изборите. Другите аспекти на успешноста, како одзив или самите резултати, зависат од аголот од кој се гледа, и оцената за (не)успешни избори е поврзана со (не)реалноста на очекувањата. Повеќе ..

 
Кампања што (не)влијае (2)? 18.04.2019 Автор: Сашо Клековски, Нема коментари

Минатата седмица го започнав освртот на кампањата на трите кандидати за претседател: Блерим Река, Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски и нејзиното влијание на определбата на граѓаните. Секако прво е прашањето дали кампањите воопшто влијаат? Според многу научни истражувања, фундаментални прашања како состојба на економијата, постоење на надворешна криза, должината на претходното владеење или идеолошката умереност на кандидатите го одредува исходот на изборите. Повеќе ..

 
Кампања што (не)влијае? 11.04.2019 Автор: Сашо Клековски, Нема коментари

На десетина дена пред претседателските избори, на полoвина од кампањата, може да се направи осврт на кампањата на трите кандидати за претседател: Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски и нејзиното влијание на определбата на граѓаните.
Секако прво е прашањето дали кампањите воопшто влијаат? Научни истражувања за ова прашање се правени претежно во САД и во поголемите европски држави како Германија, Франција и В. Британија, додека дома кај нас нема такви истражувања. И политичката наука е поделена околу ова прашање. Повеќе ..

 
Истрагата на Милер – се тресеше гората, се роди глувче! 04.04.2019 Автор: Сашо Клековски, Нема коментари

Веста, на крајот на минатиот месец, дека истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер е завршена, беше некако во сенка на домашните предизборни вести, а заслужува осврт особено поради политичките последици и последиците по (политизираните) медиуми. Независната истрага ќе резултира со повеќе обвиненија, но ќе нема обвиненија за „договарање“ со Русија, односно истрагата не покажала дека членовите на кампањата Трамп заговарале или се координирале со руската влада за мешање во претседателските избори. Нешто што од самиот почеток беше третирано како случај на шпионажа: тајна врска помеѓу кампањата на Трамп и Путин, кој помогнал да победи на изборите, не заврши со толку, од демократите и медиумите, посакуваното обвинување и импичмент против Трамп. Најголемото нешто што оваа истрага досега го откри е дека Доналд Трамп го платил молкот на порноѕвездата.

Повеќе ..

 
Тројца или четворица кандидати за претседател? 28.03.2019 Автор: Сашо Клековски, Нема коментари

Претседателската трка влегува во завршница со службеното потврдување на тројца кандидати за претседател: Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река. Во трите претходни осврти на претстојните претседателски избори, „Самостојни претседателски избори“, „Претседателски кандидати за поширока поддршка“ и „Натпартски кандидати за партиски натпревар“, коментирав дека за успешни претседателски избори се потребни претседателски кандидати што можат да ја надминат поддршката од политичката партија што ги предлага, што можат да обезбедат поддршка и од други партии и од независните гласачи, и дека се потребни не еден силен кандидат, туку двајца силни кандидати, за да ги мобилизираат гласачите и на левицата и на десницата. Повеќе ..