Брегзит – политички хорор во продолженија 14.03.2019 Автор: Сашо Клековски, Нема коментари

Пред два дена парламентот на Велика Британија, вторпат го отфрли договорот за брегзит, на само две недели од 29 март, од рокот за брегзит. Овој пораз не е со толку голема разлика, со 242 гласа за и 391 против, како претходниот историски пораз, најголем пораз во сто години, но е значителен и се надоврзува во серијата порази на владата на Тереза Меј во парламентот. Доколку историскиот пораз пред неполни два месеца, отвори многу прашања во британската и во европската политика, и се закануваше брегзит да се претвори во политички хорор, и за Британија и за ЕУ, сега е јасно дека тоа ќе биде политички хорор во продолженија, бидејќи опциите за решение се нови и нови гласања, кои не можат ги надминат јазовите, расцепите и поделеноста во британската политика и општество.

Повеќе ..

 
Натпартиски кандидати за партиски натпревар 07.03.2019 Автор: Сашо Клековски, Нема коментари

По одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ја избере Гордана Силјановска Давкова за свој кандидат за претседател, одлуката ја донесоа и СДСМ и владината коалиција, како и Алијансата и Беса, кои ги избраа Стево Пендаровски и Блерим Река за свои кандидати. И сите тројца се натпартиски кандидати. Директните претседателски избори ги принудуваат партиите да излезат од своите партиски табори и да настапат со кандидати, кои покрај сопствениот табор имаат шанса да привлечат независни гласачи или други гласачи. Затоа имаме натпартиски кандидати за генерално земено партиски натпревар.

Повеќе ..

 
Претседателски кандидати за поширока поддршка 21.02.2019 Автор: Сашо Клековски, Нема коментари

На приближно два месеца пред шестите претседателски избори, кои ќе се одржат на 21 април 2019 година, на кои ќе се избере петтиот претседател на Републиката, ВМРО-ДПМНЕ ја избра Гордана Силјановска за свој кандидат за претседател. Со тоа една недела пред изборот на својот кандидат, СДСМ добива дополнително време за анализа кој кандидат е најдобро да го кандидира.

Повеќе ..

 
Со­о­чу­ва­ње со ан­ти­вак­ци­не­ри­те 14.02.2019 Автор: Сашо Клековски, Нема коментари

Де­но­ви­ве, ко­га јав­но­ста е по­тре­се­на и жа­ли за смрт­ни слу­чаи пре­диз­ви­ка­ни од ма­ли си­па­ни­ци (мор­би­ли), бо­лест што мо­же да се пре­ве­ни­ра со вак­ци­на, по­треб­но е здрав­стве­ни­те вла­сти и вла­сти­те во­оп­што да при­ста­пат кон проб­ле­мот на не­си­гур­но­ста и сом­не­ва­ње­то кон вак­ци­ни­те и осо­бе­но кон ан­ти­вак­ци­не­ри­те што во­дат ма­ни­пу­ла­тив­на кам­па­ња. Пр­во тре­ба да се приз­нае де­ка има проб­лем. При кра­јот на де­ка­да­та на СЗО 2011-2020 за све­тот (зем­ја), во ко­ја си­те ин­ди­ви­дуи и за­ед­ни­ци има­ат жи­вот без бо­ле­сти што мо­жат да се пре­ве­ни­ра­ат со вак­ци­ни, ние има­ме епи­де­ми­ја на ма­ли си­па­ни­ци (мор­би­ли). Ре­ше­ни­е­то на проб­ле­мот не мо­же да се ре­ши са­мо со за­бра­ни ту­ку мо­ра да се истра­жи, да се утвр­дат ле­ги­тим­ни­те за­гри­же­но­сти и из­во­ри­те на лаж­ни ве­сти и да се под­го­тви ја­вен при­стап ка­ко да по­стиг­не­ме жи­вот без бо­ле­сти што мо­жат да се пре­ве­ни­ра­ат со вак­ци­ни. И ту­ка тре­ба да се сог­ле­да­ат и гло­бал­ни­те и стран­ски­те искус­тва, би­деј­ќи проб­ле­мот на не­си­гур­но­ста и сом­не­ва­ње­то кон вак­ци­ни­те не е са­мо кај нас и ту­ка.

Повеќе ..

 
Самостојни претседателски избори? 07.02.2019 Автор: Сашо Клековски, Нема коментари

Се приближуваме кон шестите претседателски избори, кои ќе се одржат во април 2019 година, на кои ќе се избере петтиот претседател на Републиката. Сите претседателски избори досега се со свое значење, а овие, шести по ред, ќе бидат значајни по две работи: тие се први избори по промената на името и самостојни претседателски првпат по 2004 година. Повеќе ..