Сашо Клековски 20.04.2012 Автор: Администратор, Нема коментари

Роден сум на 13 април 1966 година во Скопје. Завршив Медицински факултет во Скопје. Оженет сум со Ана и имам две деца, Ангелина и Никола. Моето искуство е дваесетгодишна работа на раководни позиции во граѓанскиот сектор. На крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите ги водам Сојузот на студентите по медицина на Македонија и Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во 1993 година сум еден од основачите, а од 1994 година до јуни 2011 година, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Од 1998 до 2008 година сум застапник на Македонската развојна фондација за претпријатија. Член сум на повеќе комитети во Македонија и во странство, вклучувајќи и во Управниот одбор на Транспарентност Македонија. Потпретседател сум на Деловниот совет на Универзитетот Американ колеџ – Скопје.

Во периодот 2009-2010 г. сум прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија. Имам длабоки разбирања и знаења за граѓанското општество, граѓанската општествена одговорност,  општествените вредности, како и за други прашања. Имам искуство на Балканот, како и во Кавказ (Грузија), Централна Азија (Казахстан, Киргистан).

Моите знаења и вештини се во областите на секторски анализи и политики, анализи на организации и управување, развој на капацитети, застапување, управување со конфликти и постконфликтен одговор. Автор сум на повеќе истражувачки извештаи и написи.

Be Sociable, Share!
 

Sorry, the comment form is closed at this time.