Сашо Клековски

Триесет годишно искуство како аналитичар, советник, раководител  во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор, во делот на секторски анализи и политики, добро владеење и управување, развој на микро и мали претпријатија, организациски развој, и застапување.

На крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите претседател на Сојузот на студентите по медицина на Македонија и Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 1993 година еден од основачите, а од 1994 година до 2011 година, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Од 1998 до 2008 година го водам воспоставувањето на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и сум претседавач на Одборот на старатели на МРФП од 2017 година. Основач сум и член на органи на повеќе граѓански организации. Во 2009-10 сум прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија.

Во јавниот сектор сум работел на подготовка на стратегии и јакнење на капацитетот на институции, како што се Народен правобранител и Комисијата за недискриминација.

Во приватниот сектор сум работел на стратешки анализи, како Индексот за бирократија во 2020 и 2021 година и реструктуирање.

Има искуство со проекти на Балканот, Кавказ и Централна Азија.

Автор сум на повеќе истражувачки извештаи, книги и написи. Колумнист сум во „Нова Македонија“ од 2012 година. Своите ставови ги објавувам на блогот „Меѓутоа’.

Роден на 13 април 1966 година во Скопје. Завршен Медицински факултет во Скопје. Оженет со Ана, имам две деца, Ангелина и Никола.