„Kongresi i Manastirit”

Случувањата во врска со  „Kongresi i Manastirit”, училиште во Чаир – Скопје, уште еднаш потврди дека именувањето на места, особено именувањето на училишта и улици може да создаде „арена“, јавен простор каде што општествените групи дебатираат за меѓусебната поврзаност помеѓу наследството, идентитетот и именувањето на местата. Именувањета на места може да биде контроверзно во сите општества, но уште повеќе во мултикултурните општества, како македонското, каде наследството и идентитетот и натаму продолжуваат да ја привилегираат етничката димензија, за сметка на другите димензии.

Спротивно на меѓународната практика, малку внимание се посветува на именувањето на училиштата во Македонија, а законската рамка не е јасно по тоа прашање.

Во именувањата на училиштата, по 2001 година, постоеја спорни случаи како тие во село Шемшево, општината Јегуновце (2006 г.), Гостивар (2006-2009 г.), како и тие во Чаир од минатата година. За жал, јавноста беше запознавана со проблемите, но не и со позитивните решенија на некои од нив. Спорниот случај во Шемшево се реши со именување на училиштето според населеното место Шемшево. Гостиварскиот случај е слика на сегашниот за „Kongresi i Manastirit”. Во 2006 година, училиштето „Братство-единство“ во Гостивар се преименува во „Bashkimi-Башкими“. Ваквото именување беше оспорено и доведе до бојкот на наставата од учениците неетнички Албанци. За сегашниот контекст важно беше, што тогаш, во 2009 година, имаше и случај до Уставниот суд кој под претседателство на Трендафил Ивановски  одлучи, со мнозинско одлучување, да не ја проценува законитоста при спроведувањето на членот 14 кој наведува дека името треба да биде испишано на македонски јазик, констатирајќи дека името било испишано на кирилско писмо. Покрај надгласувањето, двајца судии имаат одделно мислење дека зборот „Башкими“ нема значење на македонски јазик и затоа треба соодветно да се толкува. Подвоеноста на Уставниот суд е јасен показател дека законската регулатива за именување на училишта не е доволно јасна, и е потребно подобрување на законските одредби.

kongresi-i-manastiritНо за разбирање не е неопходно да постојат јасни законски одредби, потребна е и волја. Во Гостивар тоа што не можеше да се реши по судски пат, се реши во 2009 година низ дијалог: училиштето се преименува во „Единство – Bashkimi – Birlik“ („единство“ на македонски, албански и турски јазик). И секако, јавноста не дозна за позитивното решение, како што не знае за други позитивни  примери како двојните имиња, како тоа „Братство – Миѓени“ во Тетово или пак за консензуалната одлука за името „Сами Фрашери“ на новото средно училиште во Куманово во 2010 година.

Што можеме да научиме од последниот случај со „Kongresi i Manastirit”?

Read more

Сестринско разграничување [2]

Во претходниот напис коментирав за политичките партии и граѓанските организации, односно за партиските влијанија во граѓанскиот сектор, а по повод на неодамнешното преминување на граѓански активисти во СДСМ и коментари поврзани со тој чин. Мојот одговор поаѓа од тоа дека политичките партии и граѓанските организации се сестри, кои потекнуваат од истата слобода – слободата на здружување, како и фактот дека треба да го споделуваат просторот на (јавните) политики, бидејќи и двата сектора имаат начела на влијание на политиките. Но потребата за сестринско разграничување постои и со закон е утврдено непартиското начело на граѓанските организации, односно забрането е финансирање на конкретни политички партии и влијание на јавни избори.

Историска недоверба меѓу двете страни е од почетокот на транзицијата кога СДСМ  го воведе терминот граѓанско општество како противтежа на етнонацијата. Етнонационалните елити во таквото граѓанско општество видоа закана-предавство на националните интереси. Но и самите граѓански организации, во тој период, најголем дел излезени од чадорот на СКМ и Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, по инерција ги продолжија своите привилегирани односи со левицата, што само ја продлабочи недовербата со десницата. Беа потребни години да се надмине тоа  недоразбирање.

sestrinsko-razgranichuvan-e-2

Но на тоа недоразбирање се надоврза ново – граѓанските организации, наместо сестрински односи, кон политичките партии почнаа да градат сопернички и на моменти непријателски односи. Пред десетина години, при дијалог за дефиниција на граѓанскиот сектор, водечки личности од граѓанскиот сектор жестоко се противеа на вклучување на политичките партии во граѓанското општество, иако тоа е прифатено од водечки глобални организации како Цивикус. Сличен но помал отпор имаше кон вклучување на синдикатите, коморите, како и црквите и верските организации во концептот на граѓанско општество. Иако на пример, според Антонио Грамши, кој има придонес на современото разбирање на граѓанското општество, црквата е дел од граѓанското општество. Од каде беше тој отпор кон сестринските организации? Впечатокот е дека тоа се должи на привилегираниот однос што го имаа граѓанските организации кај странските донатори. Како во ретко која земја значаен дел од фокусот на странските донатори, посебно до пред десетина години, беа граѓанските организации. Странските донатори сметаа дека е доволно да се зајакне граѓанското општество, како клучна состојка на демократијата. Тој фокус значеше пристап кон многу ресурси. Тоа значеше дека граѓанскиот сектор разви позначајна структура од сите други форми на здружување: синдикати, политички партии и други, кои беа запоставени. И повеќе граѓански организации го продлабочуваа јазот кон другите, во обид да се заштитат сопствените привилегии. И да за заштити сопствената „чистота“, наспроти „валканите“ партии. И всушност првите осуди на премини од граѓански организации во политички партии, не доаѓаа од политичките партии туку од самите граѓански организации.

Read more

Сестринско разграничување [1]

Политичките партии и граѓанските организации – прашање што одвреме навреме се актелуизира во целиот период по независноста на Македонија. Сега се актуелизира со изборот на Лидија Димова, извршна директорка на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), и на Маргарита Цаца Николовска, претседателка на Институтот за човекови права, за претседатели на партиски совети на СДСМ. Како и секој друг настан на поларизираната македонска политичка сцена, преминот на граѓански активисти во политичка партија предизвика реакција во рамките на двата екстрема од одобрување до осуда.

Еден од тие што реагира е и Илија Димовски во написот „Невладин сектор и независни новинарство – Каде треба да биде границата“. Тој пишува дека  македонската јавност никогаш досега (во последните дваесетина години) не мислела и не мисли дека невладиниот сектор и медиумите успеваат да останат надвор од партиските влијанија и цели. Притоа Илија Димовски мисли на поврзаноста на СДСМ и невладиниот сектор. Иако се оградува дека мнозинството на граѓански организации се на нивото на професионалните принципи, Илија Димовски смета дека целиот сектор има лош имиџ поради злоупотребите на дел од нив кои поддржуваат политички партии. На крај повикува на храброст да се проговори за темата и на потребата од саморегулација.

sestrinsko-razgranichuvan-e-1-1

При понатамошната дебата мора да се појде од разбирањето на разноличноста на граѓанските организации, кои ги има над 11.000, од хоби и спорт до човекови права, од мали локални организации до големи национални сојузи. За кого точно говориме кога говориме за граѓанскиот сектор?

Малкумина во Македонија кога расправаат на темата на политички партии и граѓански организации, имаат на ум дека расправат за сестрински односи. Политичките партии и граѓанските организации се сестри, кои потекнуваат од истата слобода – слободата на здружување загарантирана со членот 20 на Уставот на Македонија. Политиката – односно учеството во градење на јавното мислење и креирањето политики е основно начело на граѓанските организации утврдено со членот 14 од Законот за здруженија и фондации. Иста основа, исто поле на работа, доволно за континуирана дебата за сестринско разграничување. Дилема која колку е македонска, толку е и меѓународна!

Read more

Се наѕира новиот СДСМ

Минатиот месец истекоа 100 дена на новото раководство на СДСМ. Во тие сто дена социјалдемократите беа критикувани за пасивност, а мојата критика беше за натамошната централизација на партијата преку централизацијата на изборот на претседатели на општинските комитети. Откако во октомври почна појасно да се наѕира новиот СДСМ, треба да се оддаде признание на партијата и новото раководство за постигнатото во краток временски период. Што е постигнато? СДСМ ја завршува својата раководна реорганизација, зазема појасни идеолошки позиции, отвора дебата за највисоките општествени приоритети на граѓаните … Секако имаше и можности што се пропуштени, но билансот е позитивен.

Со изборот на новите претседатели на советите, се завршува раководната реорганизација на СДСМ. Иако советите не претставуваат влада во сенка, за СДСМ ќе биде добро ако тие бидат основата за претставување на  политиките и личностите кои ќе треба да ги спроведуваат тие политики.

se-nazira-noviot-sdsm-2se-nazira-noviot-sdsmВо ситуација кога СДСМ е поразен на неколку последователни избори со стратегија на гласање „против“ („ВМРО-ДПМНЕ не чинат, гласајте за нас“), ќе мора да пристапат со стратегија на гласање „за“ („Гласајте за нас, бидејќи сме подобри“). На СДСМ му е потребно создавање на, за граѓаните, препознатливи партиски кадри како идни носители на функции и кои граѓаните ќе ги вреднуваат наспроти сегашните носители на функции. И секако потребна е акција, потребна е напорна работа. Како што Илинка Митрева, претседателка на Дипломатскиот советот,  веднаш започна со работа, со средба со сопартиец од Германија. Добро е што неколку личности излегоа од плакарот и од граѓански активисти преминаа во партиски. Уште подобро е што новиот состав навестува дека завршува времето на Бранко Црвенковски во СДСМ. За жал, СДСМ и овој пат ја испушти можноста како левичарска партија да промовира мултикултурност во партискиот состав, особено со избор на Албанци, Турци, Роми и други на челни партиски позиции.

Read more