„Помалку Европа!“

„Популистите напредуваат“, „Ненадеен раст на есктремната десница“, „политички земјотрес“ се најчестите коментари за изборите за Европскиот парламент. Вестите се фокусирани на порастот на евроскептиците и екстремната десница и влијанието на развојот на ЕУ. Шокантно е дека во Европскиот парламент ќе седи еден пратеник на германските неонацисти (Националдемократската партија – НПД) или, пак, три пратеници на грчката Златна зора. Но дали тоа ќе има влијание и колкаво ќе биде тоа? По стивнувањето на шокот, всушност може да се заклучи дека тој повеќе се однесува на поместувањата во одредени држави отколку на ниво на ЕУ. pomalku-evropaГрупата Европа на слобода и демократија во Европскиот парламент, всушност групата која е против натамошна ЕУ-интеграција (продлабочување на ЕУ), каде што носечки партии се британската Партијата на независноста и италијанската Северна лига, доби 5,06 проценти од гласовите на ЕУ ниво и го зголеми бројот на пратеници од 31 на 38 (од вкупно 751 пратеници). На другата страна, и групата на Обединетата европска левица, каде што најголеми членки се грчката Сириза и германската Лева партија, го зголеми бројот на места од 35 на 42. Изненадувањето веројатно се должи на 64 пратеници (8,52 проценти) на ново избрани пратеници кои не припаѓаат на ниту една политичка (пратеничка) група во претходниот парламент. Тука се германски НПД, грчка Златна Зора и француски Национален фронт, но и други помали партии што не неминовно се екстремно десни. На пример, тука се вклучени и 17 пратеници на италијанскиот М5С – движењето 5 ѕвезди на комичарот Бепе Грило, која е анти-естаблишмент, но не е десница.

Read more

Добротворството сè уште живее тука

Пред две години, во мај 2012 година, во „Еден суперхерој не е доволен“, еден од моите први написи за „Нова Македонија“, го коментирав големиот пад на Македонија на Светскиот индекс за добротворство, вест што тогаш помина незабележено. Светскиот индекс за добротворство се состои од три критериуми: донации на пари, волонтирање и помагање на непознати. Денес, по две години, можам да констатирам дека нема напредок, во последниот извештај за Светскиот индекс за добротворство (World Giving Index), Македонија го дели со Бугарија 118-то место од 135 земји, далеку пред нас е Словенија (44. место), а зад нас се Србија, Црна Гора, Турција, Албанија и на последното место е Грција. За моите погледи на причините пишував тогаш во 2012 година, сега може да вклучам и регионален социокултурен фактор. И додека во донации на пари сме во средината (75. место), Македонија е на дното во волонтирање (121. место) и помагање на непознати (129. место).

dobrotvorstvoto-se-ushte-zhivee-tuka-1Зошто е потребно внимание за донации, волонтирање, помагање? Поплавите во регионот го даваат одговорот. Шокот на една од најголемите непогоди кои ги има погодено Босна и Херцеговина и Србија, како и Хрватска, ги разбуди погодените земји, но и сите земји во регионот. Известувањето за огромното човечко страдање, набргу го замени известувањето за солидарноста и човечноста – добротворството сè уште живее тука. Сликите на илјадници волонтери, кои се борат со водената стихија, на илјадници луѓе што донираат тоа што го имаат,  е неспорен показател дека само во заедница може да се справиме со несреќите што нè погодуваат. Солидарноста и човечноста, ги помина границите на погодените земји, и како што е нормално први во поддршка дојдоа соседите.

Read more

Помилување за Вранишковски

Во релативна сенка на постизборните настани се одвиваат настани кои се од значење за добрососедството. Позитивен настан на неделата е заедничкото македонско-бугарско чествување на Св. Кирил и Методиј на 11 мај, во Софија, во организација на соодветните академии, БАН и МАНУ. Заедничкото чествување на историски личности е едно од контроверзните подрачја во односите меѓу Македонија и Бугарија, како и во разговорите за договорот за добрососедство. Овој чекор доаѓа по подолг период, од првиот таков чекор – заедничкото чествување на Св. Кирил и Методиј од Љубчо Георгиевски и Иван Костов, тогашните премиери на Македонија и Бугарија, во 1999 година, година кога ја потпишаа и Декларацијата за добрососедство. Во меѓупериодот, во 2006 година, тогашниот премиер Бучковски иницира заедничко чествување на историски настани и личности, но без конкретизација.

Покрај тоа што е позитивен настан самиот по себе, секако добредојдени се и позитивните реакции и во јавноста и медиумите. Само за потсетување склучувањето на Декларацијата за добрососедство во 1999 година, кај нас, а и меѓу некои во Бугарија беше третирана како предавство. Сега, 15 години по декларацијата, можеме да оцениме дека таа имаше позитивен ефект на развојот на македонско-бугарските односи, а не ја загрози Македонија. pomiluvane-za-vranishkovski-1Едно од најкритикуваните решенија беше дефинирање на „македонскиот јазик според Уставот на Република Македонија“ со реципрочна формулација „бугарски јазик според Уставот на Република Бугарија“. Тоа овозможи склучување на бројни билатерални спогодби, а не нанесе, барем според моите сознанија, штета на македонскиот јазик. Од таа гледна точка треба да гледаме и на заедничкото чествување на историски настани и личности. Некои критики, кај нас дома, велат дека со заедничкото чествување, го признаваме бугарскиот карактер на тие настани и личности. Но ако погледнеме од друга страна, дали и со заедничкото чествување и бугарската страна не го признава македонскиот карактер на истите настани и личности?

Read more

ДУИ против НАТО?

Последните средби на македонските и грчките претставници со медијаторство на Метју Нимиц, како и најавата за негова посета на Македонија и Грција во јули, се јасни показатели на одредено раздвижување на спорот за името. Новата динамика на спорот за името зависи од три фактори: контекстот во Македонија и во Грција, како и меѓународниот контекст.

dui-protiv-nato-1Новата динамика е предизвикана со промена на меѓународниот контекст. Како што на почетокот на април пишував во „Спасибо, Путин!“,  со конфликтот во Украина и со измена на контекстот во Источна Европа, НАТО и ЕУ проширувањето повторно добиваат елан. Во ЕУ тоа е далеку од видливо, посебно поради јакнење на екстремно десните партии во пресрет на евроизборите. Еланот за проширување е поголем во НАТО, каде е посилно влијанието на САД. Меѓу нас и НАТО се наоѓа спорот за името, кој, пак, како политички проблем, не е надворешнополитички приоритет, ниту на САД, ниту на клучните членки на ЕУ. Но со измена на меѓународниот контекст НАТО-проширувањето може да стане приоритет и со тоа да се создаде поволен меѓународен контекст за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, со зголемен притисок и врз Грција.

Во Македонија работите одеа во прилог на создавање на услови за решавање на спорот за името. Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ остварија убедлива победа на претседателските, односно парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ со тоа има клучно влијание на претседателот, парламентот и владата, како и локалната самоуправа, неопходна политичка стабилност од најмалку 2-3 години, до првите следни – локални избори во 2017 година. Туѓите искуства говорат дека големи одлуки, како решение за спорот на името, се носат на почетокот, во првата година на стабилен мандат на власта. Од тој агол, навидум изгледа и во Македонија се создаваат услови за решение. Навидум, бидејќи може да се испречат две пречки – постапките на ДУИ и СДСМ.

Read more