Три предлози за туристички раст

Деновиве бевме сведоци на предлогот на туристичките работници да се продолжи летниот одмор за учениците од 31 август на 15 септември, а со тоа да се продолжи туристичката сезона. Минатото лето, поттикнат од расправата на новите медиуми за наводната неуспешност на сезоната во Охрид, во три продолженија, под насловот „Мојот прекрасен Охрид!“ (1), (2) и (3), ги изнесов моите мислења за туризмот во Охрид. Сега овој предлог ме поттикна да го посветам овој коментар на три предлози за побрз раст на туризмот. А тој ни е потребен за искористување на неискористени капацитети за раст и отворање нови работни места и поместување на Македонија од дното на глобалната светска туристичка карта – во 2011 година Македонија е на околу 140 место во економијата на патувања и туризмот.

tri-predlozi-za-turistichki-rastИ моите предлози за побрз раст на туризмот овој пат нема да бидат туристички. Тие се опфатени во Националната стратегија за развој на туризмот на Македонија. Опс! Стратегијата која можев да ја најдам на Интернет е за периодот 2009 – 2013 година. За 2014-2018 година не можев да пронајдам стратегиски документ. Ако Македонија нема стратегија за периодот 2014-2018 година, што не можам со сигурност да го тврдам, тоа многу би говорело за пристапот на власта кон туризмот, како и за капацитетите на Министерството за економија, надлежно за туризмот. Барајќи ја стратегијата, пронајдов еден документ со многу долг наслов „Техничка помош за ревизија и имплементација на Националната стратегија за развој на туризмот на Република Македонија 2009 – 2013 година“. Документот е изработен од француски и домашни консултанти и експерти, во 2011 година, и, според мене, претставува многу добар стратегиски водич. Тоа е една исклучително критичка ревизија на Националната стратегија, во која се тврди дека на Националната стратегија ѝ недостига визија, или пак дека клучниот сегмент, домашните туристи,воопшто не се опфатени.

Според документот, предност на Македонија е дека е крстосница на  античкиот, римскиот, словенскиот и отоманскиот свет, што нуди густ културен диверзитет и е значајна вредност. Односно клучните ресурси  на Македонија, без сомнение се наоѓаат во диверзитетот на нејзиното културно, природно и гастрономско богатство, како и во различните сродни амбиенти, бои и звуци што произлегуваат од него. Или како што пишував во „Мојот прекрасен Охрид! (3)“, Охрид е неоспорно врвната туристичка дестинација во Македонија и меѓу десетте врвни дестинации на Балканот. Тоа што го чини Охрид најврвна дестинација е секако езерото, но езерото не како плажа, туку како пејзаж, надополнет со Галичица и исклучителното културно наследство. Доволно е да ги прелистате клучните светски прегледи за туризам и ќе видете дека во презентацијата на Охрид нема капачи на плажа, туку го има Св. Јован Канео, Св. Наум, Св. Климент.

Ревизијата на Националната стратегија предлага да се изгради цврста маркетинг стратегија, која ќе ја следи севкупната цел  за развој на моќен брендиран имиџ, исползувајќи ги конотациите на зборот „Македонија“. Се предлагаат четири чекори: фокус на три географски пазари и туристичка понуда специфична за тие пазари; дефинирање на територијални производи за трите географски пазари; фокус на квалитетот на објектите и услугите; и подобрување на сезонската туристичка шема.

Трите географски пазари кои се предлагаат се домашниот, регионалниот (Балкан плус Турција) и меѓународниот – Западна Европа и Северна Америка. Ревизијата утврдува дека носечки пазар е домашниот пазар – односно домашните туристи, а тоа се тие кои во Националната стратегија 2009-2013 не се опфатени воопшто. Ова може да се толкува како показател на општо раширената перцепција дека, наспроти големиот фокус на странските туристи, домашните туристи се потценети во Македонија. Ќе донесеме туристи Турци и Холанѓани во Македонија, но ако домашните туристи ги нема, тешко ќе го развиваме туризмот. Всушност барањето, спомнато во воведот, да се продолжи летниот одмор за учениците до 15 септември, а со тоа да се продолжи туристичката сезона, укажува колку се значајни домашните туристи. Иако реков дека овој коментар нема да дадам предлози кои ќе бидат туристички, да споделам две искуства на оваа тема од Германија и Холандија. Во двете земји, школските одмори се употребени стратешки, меѓу другото за развој на туризмот. Во Холандија, покрај зимски и летен одмор, има по една седмица пролетен и есенски одмор. Во Германија летните одмори во различни места (провинции) не се во ист период, односно почнуваат и завршуваат во различни датуми.

[продолжува]

Leave a Comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.