Деновиве кулминира јавната расправа за предвремени, вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори во април 2019 година. Има реакции дека Македонија ќе биде прва земја каде што вонредните избори ги заменуваат редовните, иако тоа е претерано бидејќи не можеме да ѝ го одземеме приматот на Италија, но сепак, тоа го отсликува мислењето на јавноста, која е заморена од избори. Во анкетата на ТВ Телма и на МЦМС, спроведена од „М проспект“, во ноември 2018 година мнозинството граѓани (58,9 проценти) се против вонредни избори, а за тоа се 33,5 проценти. Но на следното прашање, со три можни рока, 47 проценти од граѓаните се за избори во редовен термин, 25 проценти што побргу, а 16,1 отсто се за избори заедно со претседателските, со што таборите стануваат поизедначени.
Месец: м.г
Брегзит – политички хорор-филм?
Тоа што се навестуваше, седмицава стана извесно, Парламентот на Велика Британија го отфрли договорот за брегзит, преговаран од Владата на Тереза Меј и ЕУ. И не само што го отфрли туку со разлика од 230 гласа, 202 „за“ и 432 „против“, е историски пораз, најголем пораз во сто години. На не повеќе од два месеца, од 29 март 2019 година, датумот за излез на Велика Британија од ЕУ, отфрлањето на брегзит-договорот отвора многу прашања во британската и европската политика и се заканува брегзитот да се претвори во политички хорор-филм, и за Британија и за ЕУ.
Две илјади и деветнаесетта: конечно НАТО, за ЕУ ќе почекаме
Две илјади и деветнаесетта може да е нова надеж или нови грижи, и за светот и за земјата, доколку 2018 година беше година на крај на статус квото, на меѓународно поле предизвикано од Доналд Трамп, а на домашно од Зоран Заев и договорот со Грција.
И покрај предвидувањата дека може да се случи глобална, геополитичка или економска криза, како таа во 2008 година, таа не се случи во претходната, веројатно нема да се случи ни во оваа 2019 година.