(Не)успешни избори или (не)реални очекувања?

Првиот круг на претседателските избори на 21 април помина и даде одговор на повеќе прашања, вклучувајќи ги и оние за успешноста на изборите. Изборите се успешни, не од агол кој кандидат каков резултат остварил, туку од најважниот агол, демократскиот. Изборите беа успешни бидејќи беа добро спроведени и поминаа фер и демократски, без поплаки од учесниците во изборите. Другите аспекти на успешноста, како одзив или самите резултати, зависат од аголот од кој се гледа, и оцената за (не)успешни избори е поврзана со (не)реалноста на очекувањата.

Read more

Кампања што (не)влијае (2)?

Минатата седмица го започнав освртот на кампањата на трите кандидати за претседател: Блерим Река, Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски и нејзиното влијание на определбата на граѓаните. Секако прво е прашањето дали кампањите воопшто влијаат? Според многу научни истражувања, фундаментални прашања како состојба на економијата, постоење на надворешна криза, должината на претходното владеење или идеолошката умереност на кандидатите го одредува исходот на изборите.

Read more

Кампања што (не)влијае?

На десетина дена пред претседателските избори, на полoвина од кампањата, може да се направи осврт на кампањата на трите кандидати за претседател: Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски и нејзиното влијание на определбата на граѓаните.
Секако прво е прашањето дали кампањите воопшто влијаат? Научни истражувања за ова прашање се правени претежно во САД и во поголемите европски држави како Германија, Франција и В. Британија, додека дома кај нас нема такви истражувања. И политичката наука е поделена околу ова прашање.

Read more

Истрагата на Милер – се тресеше гората, се роди глувче!

Веста, на крајот на минатиот месец, дека истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер е завршена, беше некако во сенка на домашните предизборни вести, а заслужува осврт особено поради политичките последици и последиците по (политизираните) медиуми. Независната истрага ќе резултира со повеќе обвиненија, но ќе нема обвиненија за „договарање“ со Русија, односно истрагата не покажала дека членовите на кампањата Трамп заговарале или се координирале со руската влада за мешање во претседателските избори. Нешто што од самиот почеток беше третирано како случај на шпионажа: тајна врска помеѓу кампањата на Трамп и Путин, кој помогнал да победи на изборите, не заврши со толку, од демократите и медиумите, посакуваното обвинување и импичмент против Трамп. Најголемото нешто што оваа истрага досега го откри е дека Доналд Трамп го платил молкот на порноѕвездата.

Read more