Една година по добивањето „датум без датум“, во стилот на југословенската серија „Ѓекна уште не е умрена, а кога не знаеме“, сега сме пред нова епизода „Датум ќе добиеме, некогаш“. Македонија по втор пат во период од една година се доведува во расчекор меѓу очекувањата и реалноста за интеграцијата во ЕУ.
Општо
Вардар ја гаси жедта за успех, втор пат
Пред две години, во истиов период, напишав „Вардар ја гаси жедта за успех“, по повод тогашната победа на ракометниот клуб Вардар и освојувањето на европската шампионска титула во машки ракомет, а инспириран од експлозијата на радост и вечерта на 4 јуни, на денот на пристигнување на шампионите во Скопје. Тогаш напишав дека „европски шампион во клупски спорт е вистинска реткост, еднаш во генерација“, и никогаш не помислив дека РК Вардар ќе го повтори успехот за само две години.
Проевропско мнозинство во ЕУ?
Дента по завршување на изборите за Европската Унија, многу медиуми осамнаа со наслови за проевропско мнозинство во идниот состав на Европскиот парламент. Секако, во зависност од потребите и аголот на гледање се славеше и победата на десницата.
И тука, пред анализата на резултатите на изборите за ЕУ, за забуната што ја предизвикува терминологијата како проевропски и десница. Какво друго мнозинство би можело да има во Европски парламент ако не (про)европско? За која десница се зборува?
Евровизиски поделби
Изборот за песна на „Евровизија“ помина, наместо кон приближување, се надоврза на низата на продлабочување на поларизацијата во земјата. Пред сѐ честитки за Тамара Тодевска, нејзиниот тим и МРТ за постигнатиот успех, досега најдобар.
Самиот избор за песна на „Евровизија“, е започнат и обмислен за приближување на земјите во поствоена Европа, преку лесна забавна програма. Првпат одржан во 1956 година во Швајцарија со само 7 земји, станува телевизиска програма што најдолго се одржува, со учество на над 40 земји, и публика меѓу 100 и 600 милиони гледачи. Изборот на „Евровизија“ не е единствената програма на Европската Унија на јавни радио-телевизии (ЕБУ) за помирување, слична програма е и „Игри брз граници“, која се организира во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век.
Целосна власт, колку одговорност?
По многу дилеми, стравувања од нова политичка криза, шестите претседателски избори завршија успешно, со изборот на Стево Пендаровски за петти македонски претседател. Успешноста на изборите е во добро спроведените избори, во кои имаше слободен избор, рамен терен за сите кандидати. Честитки за граѓаните, честитки за Стево Пендаровски! Честитки за граѓаните за одзивот на изборите со што покажаа политичка зрелост и јасна волја за политичка стабилност и функционални институции.
(Не)успешни избори или (не)реални очекувања?
Првиот круг на претседателските избори на 21 април помина и даде одговор на повеќе прашања, вклучувајќи ги и оние за успешноста на изборите. Изборите се успешни, не од агол кој кандидат каков резултат остварил, туку од најважниот агол, демократскиот. Изборите беа успешни бидејќи беа добро спроведени и поминаа фер и демократски, без поплаки од учесниците во изборите. Другите аспекти на успешноста, како одзив или самите резултати, зависат од аголот од кој се гледа, и оцената за (не)успешни избори е поврзана со (не)реалноста на очекувањата.
Кампања што (не)влијае (2)?
Минатата седмица го започнав освртот на кампањата на трите кандидати за претседател: Блерим Река, Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски и нејзиното влијание на определбата на граѓаните. Секако прво е прашањето дали кампањите воопшто влијаат? Според многу научни истражувања, фундаментални прашања како состојба на економијата, постоење на надворешна криза, должината на претходното владеење или идеолошката умереност на кандидатите го одредува исходот на изборите.
Кампања што (не)влијае?
На десетина дена пред претседателските избори, на полoвина од кампањата, може да се направи осврт на кампањата на трите кандидати за претседател: Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски и нејзиното влијание на определбата на граѓаните.
Секако прво е прашањето дали кампањите воопшто влијаат? Научни истражувања за ова прашање се правени претежно во САД и во поголемите европски држави како Германија, Франција и В. Британија, додека дома кај нас нема такви истражувања. И политичката наука е поделена околу ова прашање.
Истрагата на Милер – се тресеше гората, се роди глувче!
Веста, на крајот на минатиот месец, дека истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер е завршена, беше некако во сенка на домашните предизборни вести, а заслужува осврт особено поради политичките последици и последиците по (политизираните) медиуми. Независната истрага ќе резултира со повеќе обвиненија, но ќе нема обвиненија за „договарање“ со Русија, односно истрагата не покажала дека членовите на кампањата Трамп заговарале или се координирале со руската влада за мешање во претседателските избори. Нешто што од самиот почеток беше третирано како случај на шпионажа: тајна врска помеѓу кампањата на Трамп и Путин, кој помогнал да победи на изборите, не заврши со толку, од демократите и медиумите, посакуваното обвинување и импичмент против Трамп. Најголемото нешто што оваа истрага досега го откри е дека Доналд Трамп го платил молкот на порноѕвездата.
Тројца или четворица кандидати за претседател?
Претседателската трка влегува во завршница со службеното потврдување на тројца кандидати за претседател: Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река. Во трите претходни осврти на претстојните претседателски избори, „Самостојни претседателски избори“, „Претседателски кандидати за поширока поддршка“ и „Натпартски кандидати за партиски натпревар“, коментирав дека за успешни претседателски избори се потребни претседателски кандидати што можат да ја надминат поддршката од политичката партија што ги предлага, што можат да обезбедат поддршка и од други партии и од независните гласачи, и дека се потребни не еден силен кандидат, туку двајца силни кандидати, за да ги мобилизираат гласачите и на левицата и на десницата.