Терористички напад врз меѓуетничките односи

„На Македонија и се потребни добри меѓуетнички односи,
а без членство во НАТО и ЕУ ќе ѝ  бидат потребни уште подобри“
– Ларс Валунд

На 12 април 2012 г. и во деновите по тоа Македонија ја шокира петкратното убиство или „дело кое е најсериозно со кое МВР се има соочено“. Со анализа на петкратното убиство може да се заклучи дека тоа е  терористички напад и можат да се воспостават претпоставки за можните мотиви и со тоа за можните организатори.

Петкратното убиство во Смилковци ги има потребните елементи за да може да биде квалификувано како терористички напад. Повеќето дефиниции на тероризам неминовно вклучуваат: политички цели и мотиви; насилство или закана со насилство за поттикнување на страв; насилство и уништување на неборбени цели (цивили);  планирани за далекосежни психолошки последици поголеми од непосредните жртви, вклучувајќи и преку експлоатација на медиумите ; организирана или тајна група во позадина на актот. Во петкратното убиство се исполнети сите елементи: жртвите се неборбени цели со посебно значење (млади – матуранти); психолошките ефекти на страв се зголемени со изборот на локацијата (етнички мешано подрачје) и времето (Велики четврток); експлоатирани се медиумите, особено од една соседна земја; нивото на организираност укажува на група и целосно јасни се и политичките цели – нарушување на меѓуетничките односи како столб на политичкиот систем и безбедноста на Македонија.

Read moreТерористички напад врз меѓуетничките односи

Меѓутоа

Ова е мојот прв чекор во блогот „Меѓутоа“ и во оваа фаза на учење на првите чекори ќе се осврнам на целта, начелата и содржината на овој блог. Мојата размисла за блог започна пред две години по првата обука за социјални медиуми која Борис Ристовски, соработник за интернет и нови медиуми, ја организираше за МЦМС. … Read more Меѓутоа