Тројца или четворица кандидати за претседател?

Претседателската трка влегува во завршница со службеното потврдување на тројца кандидати за претседател: Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река. Во трите претходни осврти на претстојните претседателски избори, „Самостојни претседателски избори“, „Претседателски кандидати за поширока поддршка“ и „Натпартски кандидати за партиски натпревар“, коментирав дека за успешни претседателски избори се потребни претседателски кандидати што можат да ја надминат поддршката од политичката партија што ги предлага, што можат да обезбедат поддршка и од други партии и од независните гласачи, и дека се потребни не еден силен кандидат, туку двајца силни кандидати, за да ги мобилизираат гласачите и на левицата и на десницата.

Read more

Брегзит – политички хорор во продолженија

Пред два дена парламентот на Велика Британија, вторпат го отфрли договорот за брегзит, на само две недели од 29 март, од рокот за брегзит. Овој пораз не е со толку голема разлика, со 242 гласа за и 391 против, како претходниот историски пораз, најголем пораз во сто години, но е значителен и се надоврзува во серијата порази на владата на Тереза Меј во парламентот. Доколку историскиот пораз пред неполни два месеца, отвори многу прашања во британската и во европската политика, и се закануваше брегзит да се претвори во политички хорор, и за Британија и за ЕУ, сега е јасно дека тоа ќе биде политички хорор во продолженија, бидејќи опциите за решение се нови и нови гласања, кои не можат ги надминат јазовите, расцепите и поделеноста во британската политика и општество.

Read more

Натпартиски кандидати за партиски натпревар

По одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ја избере Гордана Силјановска Давкова за свој кандидат за претседател, одлуката ја донесоа и СДСМ и владината коалиција, како и Алијансата и Беса, кои ги избраа Стево Пендаровски и Блерим Река за свои кандидати. И сите тројца се натпартиски кандидати. Директните претседателски избори ги принудуваат партиите да излезат од своите партиски табори и да настапат со кандидати, кои покрај сопствениот табор имаат шанса да привлечат независни гласачи или други гласачи. Затоа имаме натпартиски кандидати за генерално земено партиски натпревар.

Read more