Деновиве во Сопот, Куманово, се отвори уште еден музеј. Овој музеј предизвика контроверзии и скандал уште на денот на отворањето. Можеби затоа што се отвори музеј на беззаконие и неказнивост! Да, да, музеј на беззаконие и неказнивост се отвори, не сум грешка, бидејќи тоа не е музеј на УЧК. Или УЧК (ДУИ-Али Ахмети) и беззаконие и неказнивост се едно исто? Зошто е музеј на беззаконие и неказнивост?
Во Македонија има повеќе и разновидни музеи, како Музеј на современата уметност, Музеј на македонската борба за самостојност, градски и локални музеи, тематски музеи како Нумизматичкиот музеј и Музејот на тутунот во Прилеп. Има и приватни музеи како Етнолошкиот музеј во Подмочани, Ресен, на колекционерот Јоне Ефтимовски и неговото семејство, кој содржи над 3.000 експонати: народни носии, накит, монети…
Деновиве во Сопот, Куманово, се отвори уште еден музеј. Овој музеј предизвика контроверзии и скандал уште на денот на отворањето. Можеби затоа што се отвори музеј на беззаконие и неказнивост! Да, да, музеј на беззаконие и неказнивост се отвори, не сум грешка, бидејќи тоа не е музеј на УЧК. Или УЧК (ДУИ-Али Ахмети) и беззаконие и неказнивост се едно исто? Зошто е музеј на беззаконие и неказнивост? Затоа што содржи збирка на кривични дела! На отворањето, Али Ахмети, лидер на ДУИ и пратеник во Собранието на Македонија, ќе каже, парафразирам, се залагал за да нема граници со Албанија и Косово, но потоа поради околностите се одлучиле да бидат господари на Македонија. Една реченица, две кривични дела. Али Ахмети со „да нема граници со Албанија и Косово“, но не и со Србија, Бугарија и Грција, признава дека не се борел за ЕУ-интеграции, туку го загрозил територијалниот интегритет на Македонија. Тоа што обидот не го довршил, не е до него туку до други фактори. Второто дело е „да бидат господари“, кое во најмала рака е дискриминација и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација треба да постапи по основа на дискриминација по етничка, а и партиска основа. А бидејќи дискриминацијата може да води кон поттикнување национална и верска омраза, треба Јавното обвинителство (ЈОРМ) да го процени и тоа дело. А доколку не се јасни овие две дела на Али Ахмети, на отворањето на музејот имало мермерна плоча со карта на голема Албанија, во која е вклучена половина Македонија. Тоа е трето кривично дело. Но може и да не е, според Димитар Ковачевски, премиер, бидејќи такви карти имале сите. Ама сите не се пратеници и лидери на политички партии.
Тоа се три можни дела. Но тоа не е сѐ! Отворањето музеј е уредено со Законот за музеите. Но тука во стилот на Димитар Ковачевски, премиер, некој би можел да рече, па тоа не е државен музеј, приватен музеј си е. Но… За работата на музеите постои Закон за музеи, и види така, во законот не само за државните туку и за приватните музеи, потребно е да се исполнат посебни услови за работа, да се има елаборат и други работи, за што решение донесува министерот за култура. Можам да бидам сигурен дека овој музеј нема такво решение. Некој би рекол, па тоа не е кривично дело. Но тоа е прекршок за кој има казна од 100.000 до 200.000 денари.
Музејот не само што нема решение за работа туку нема ниту одобрение за градба, а според Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, изграден е на државно земјоделско земјиште. Не едно, туку две дела. Јавноста можеби не разбира, но градење без одобрение за градба е кривично дело, кое се вика „бесправно градење“. За помош на ЈОРМ, кривичното дело „бесправно градење“ според членот 244-а (1), „Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од три до осум години. (2) Ако делото од став 1 е сторено заради продажба, ќе се казни со затвор најмалку четири години. Не само што е кривично дело туку е потешко дело од злоупотреба на службена должност и злосторничко здружување наменето за функционерите“. Градење на државно земјиште, и тоа е кривично дело „узурпација на недвижности“ по чл. 225 ст. 2.
Дека ова не шега најдов медиумска информација од 18.5.2022 година за кривична пријава против Х.А. (56) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ по чл. 225 ст. 2 и „бесправно градење“ по чл. 244-а ст. 1 од Кривичниот законик. Делото е дека на „17.1.2022 на местото викано Копаница – катастарска општина Копаница, претставници на Градежен инспекторат извршиле инспекциски надзор на земјиште сопственост на Република Северна Македонија и на местото го затекнале пријавениот како врши градежни активности со тврд материјал без да поседува одобрение за градење издадено од Општина Сарај. Со ваквите дејства тој ги сторил делата што му се ставаат на товар.“
Музејот веројатно е изграден прекуноќ, бидејќи никој не видел кога се гради на државно земјиште. Можам и да претпоставам, бидејќи е градбата на државно земјиште, дека нема ниту книги за градба, ниту фактури, ниту каква било евиденција што ќе укажува на сопственост или градител. Истрагата ќе заврши со тоа дека Н.Н. непознат сторител изградил музеј, па така, нема кој да одговара за отворање музеј без решение, за узурпација на недвижност, за бесправна градба. Или, пак, треба да се повика Али Ахмети да сведочи дали има информации за сопственикот или градителот.
Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, кој многу го ценам, на крајот од својата изјава, во која посочи на узурпација на недвижност и бесправно градење, ќе рече дека објектот „можеби ќе се сруши“. Објектот по закон мора да се сруши бидејќи е бесправно граден. Но не само градоначалникот туку сите знаат дека објектот нема да се сруши. Затоа што Али Ахмети и ДУИ се неказниви. И затоа музејот во Сопот не е музеј на УЧК, туку е музеј на беззаконие и неказнивост! Владеење на право, ЕУ? Ви се молам, тоа е за ломотење пред ЕУ-функционери и по предизборни кампањи!
Авторот е аналитичар*
*Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ / Ставовите се лични
Блог www.megjutoa.mk @sklek
The post Музеј на беззаконие и неказнивост appeared first on Нова Македонија.