Референдуманија

Деновиве во вестите имаше информации за референдумите во Швајцарија, Република Српска и Унгарија, во далечна Колумбија, како и тој дома организиран од Студентскиот пленум. Доколку референдумите беа реткост во минатото, поврзани со прашања како независност или, пак, поврзани со Швајцарија, земја која има традиција на референдуми, последните години стануваат сè почести. Можеме да се потсетиме и на референдумите во Грција, за должничките мерки, во Шкотска за независноста, во Велика Британија за излез од ЕУ, во Холандија за ЕУ-договорот за стабилизација и асоцијација со Украина… Доволно за да постави прашање дали има референдуманија? Со што може да се објасни овој незапаметен број на референдуми?

referendumanijaЖивееме во ера на интеграција, на глобализација, кога сè повеќе прашања се одлучуваат на наднационално ниво, без разлика дали е тоа европско (ЕУ) или глобално ниво. Многу од клучните политички прашања не се решаваат во националните парламенти, многу од клучните политички прашања се меѓународни. Тука е една од причините за намножување на референдумите, од една страна станува збор за нивна легитимна употреба за меѓународни прашања, од друга страна со вклучување на граѓаните во одлучувањето се намалува нивното отуѓување од политичкиот процес. Пример за тоа е референдумот за независност на Шкотска, кој придонесе за зголемување на вклученоста на граѓаните, пред се младите, во политичките процеси. Таа е позитивната употреба на референдумите.

Read more

Ако треба ВМРО-ДПМНЕ пак да избира СЈО, повторно би ја избрал Катица Јанева

Главен настан на политичката сцена измината седмица, барем од овие кои се пред кулисите и се видливи за јавноста, е поднесувањето на извештајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) пред Собранието. По подолг период на барање, на дневниот ред на 120 седница на Собранието се најдоа.

Извештај за активностите на СЈО и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година. Во јавноста се разви дебата за сите можни прашања, од тоа дали треба СЈО да поднесе извештај пред Собранието, вклучувајќи финаниски извештај, преку оценката на личноста на Катица Јанева, до односот на пратениците и аршините што ги употребуваат.

Инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ за поднесување на извештајот е повеќе од јасно. Нејасно е одбивањето на опозицијата посебно со типот на аргументација „сите се исти“.

ako-treba-vmro-dpmne-pak-da-izbira-sjo-povtorno-bi-ja-izbral-katitsa-janevaЗошто е јасно инисистирањето на ВМРО-ДПННЕ? Од склучувањето на Договорот од Пржино, јасно е дека двете договорни страни, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во оснава ги употребуваат политичките или правните делови од договорот, кои ценеа дека им одговараат. ВМРО-ДПМНЕ го става акцентот на политичката разврска – избори, а СДСМ го става акцентот на правната разврска – СЈО. Едните, ВМРО-ДПМНЕ, сметаат на предноста во јавната поддршка, другите, СДСМ, на можните обвиненија против власта кои би довеле до промена на јавното мислење и рејтинзите.

Во таква рамка, не е оправдано, но е очекувано дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја опструира, одложи или неутрализира работата на СЈО, вклучувајќи со методи на оцрнување (character assassination) пред сè на Катица Јанева, како симбол на СЈО. Како што пишував во „Ловење крупни риби 1 и 2“ за искуствата од Романија, за ДНА – тамошното СЈО, предводено од Ковеси се соочува со институционални опструкции и јавни дисквалификации. Имено, иако романските политичари најчесто јавно ги поддржуваат антикорупциските активности, во практика често го менуваат законодавството со цел да ги ограничат надлежностите на ДНА за да се заштитат самите себеси. Исто така најголем дел од дисквалификациите се дека ДНА и Ковеси одработуваат за политичките опоненти на власта.

Read more