Три работи за подобрување: тестирањето, следењето на контактите и болниците

Со овие подобрувања ќе може да се намалат човечките жртви, да се подобри контролата и да се овозможи побрзо ублажување на мерките за социјално дистанцирање за да се спречи целосен економски колапс По написот „Македонија заличува на организирана држава“, посветен на ковид-19, добив прашања на што е заснован тој заклучок. Неколку работи за тоа. Прво, […]

The post Три работи за подобрување: тестирањето, следењето на контактите и болниците appeared first on Нова Македонија.

Датум ќе добиеме, некогаш

Една година по добивањето „датум без датум“, во стилот на југословенската серија „Ѓекна уште не е умрена, а кога не знаеме“, сега сме пред нова епизода „Датум ќе добиеме, некогаш“. Македонија по втор пат во период од една година се доведува во расчекор меѓу очекувањата и реалноста за интеграцијата во ЕУ.

Read moreДатум ќе добиеме, некогаш

Вардар ја гаси жедта за успех, втор пат

Пред две години, во истиов период, напишав „Вардар ја гаси жедта за успех“, по повод тогашната победа на ракометниот клуб Вардар и освојувањето на европската шампионска титула во машки ракомет, а инспириран од експлозијата на радост и вечерта на 4 јуни, на денот на пристигнување на шампионите во Скопје. Тогаш напишав дека „европски шампион во клупски спорт е вистинска реткост, еднаш во генерација“, и никогаш не помислив дека РК Вардар ќе го повтори успехот за само две години.

Read moreВардар ја гаси жедта за успех, втор пат

Проевропско мнозинство во ЕУ?

Дента по завршување на изборите за Европската Унија, многу медиуми осамнаа со наслови за проевропско мнозинство во идниот состав на Европскиот парламент. Секако, во зависност од потребите и аголот на гледање се славеше и победата на десницата.

И тука, пред анализата на резултатите на изборите за ЕУ, за забуната што ја предизвикува терминологијата како проевропски и десница. Какво друго мнозинство би можело да има во Европски парламент ако не (про)европско? За која десница се зборува?

Read moreПроевропско мнозинство во ЕУ?

Евровизиски поделби

Изборот за песна на „Евровизија“ помина, наместо кон приближување, се надоврза на низата на продлабочување на поларизацијата во земјата. Пред сѐ честитки за Тамара Тодевска, нејзиниот тим и МРТ за постигнатиот успех, досега најдобар.
Самиот избор за песна на „Евровизија“, е започнат и обмислен за приближување на земјите во поствоена Европа, преку лесна забавна програма. Првпат одржан во 1956 година во Швајцарија со само 7 земји, станува телевизиска програма што најдолго се одржува, со учество на над 40 земји, и публика меѓу 100 и 600 милиони гледачи. Изборот на „Евровизија“ не е единствената програма на Европската Унија на јавни радио-телевизии (ЕБУ) за помирување, слична програма е и „Игри брз граници“, која се организира во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век.

Read moreЕвровизиски поделби