„Беби-бум“ не се прави со ад-хок мерки!

Едно од прашањата што се отворија оваа есен беше и прашањето на демографскиот развој на Македонија или, крајно поедноставено наталитетот. Темата ја диктира ВМРО-ДПМНЕ. Демографскиот развој доминираше во говорот на премиерот Никола Груевски за 23 октомври. Најпосветен е пратеникот Влатко Ѓорчев, кој континуирано пишува и говори за демографските предизвици. Прашањето доби висок публицитет во јавноста, како и во новите медиуми. За жал дебатата се подели на две групи: за враќање на традиционалните вредности и за создавање на социоекономски услови. За жал бидејќи прашањето е прекомплексно за да има едноставни одговори.

Иако се поттурна во заден план, придобивка е што прашањето доби јасна рамка на проблем кој ја загрозува земјата во кованицата „демографска рецесија“ и дека одиме кон исчезнување. Колку ни е појасно дека имаме проблем, се зголемуваат шансите да се приоритетизираат (и буџетираат) можните решенија.

А проблемот не е само наш. Тоа е глобален проблем, јасен е трендот на опаѓање од 4,92 во 1960 на 2,45. И во светот и во Македонија има регионални диспаритети, но секаде има тренд на опаѓање. Европа и Далечниот исток со 1,81, односно 1,8 се региони со најнизок фертилитет. Во целиот Балкан состојбата е алармантна и под просекот на Европа: најнизок фертилитет има Србија (1,4), Македонија (1,41), Грција (1,44), а малку повисок Бугарија (1,49) и Албанија (1,52). Во Македонија во не толку далечната 1994 г. сме имале фертилитет од 2,1. Најнизок фертилитет имаат југозападниот и источниот регион (1.3), а највисок скопскиот регион (1,6). Според демографските проекции до 2050 година Македонија ќе има 1,7 милиони жители.

Во настапот на десницата доминираат традиционалните вредности како решение на демографскиот проблем. Точно е дека потрадиционални семејства имаат поголем фертилитет, но тоа не може да се генерализира. Македонија е потрадиционална земја од Бугарија, но има пониска стапка на фертилитет. Посебно не држи тезата дека истополовите заедници се демографска закана, бидејќи ЛБГТ популацијата со 3 до 5% учество во населението, не може да има значајно влијание на демографските трендови. САД кои имаат развиени ЛБГТ права имаат фертилитет од 2,1.

Во основа намалувањето на фертилитетот е последица на модернизацијата и тнр. темпо ефект или склучување бракови и раѓање деца на подоцнежни години. Запирање на модернизацијата ниту е можно, а ниту пожелно. Нам ни се потребни и понатамошна модернизација и зголемување на фертилитетот, такa што ни требаат поинакви решенија.

Во настапот на левицата доминираат социо-економските решенија на демографскиот проблем. Клучниот аргумент е дека сиромаштијата и невработеноста се причина за намалување на фертилитетот. Тоа би значело ако луѓето се посиромашни или невработени би имале помал фертилитет, и обратно, побогатите и вработените би имале повисок фертилитет. Тоа не е баш така: во светот најголем фертилитет имаат најсиромашните-Субсахарска Африка, а најнизок имаат најбогатите-Германија има фертилитет од 1.39, понизок и од Македонија. Уште повеќе во Германија над 40% од жените кои работат во универзитетите немаат деца.

Вистината е веројатно некаде помеѓу и секоја земја има своја посебност и потребни се посебни мерки. Општо земено фактори кои влијаат на фертилитетот се макроекономските фактори, здравствената заштита и социјалната заштита на мајки и деца. ОЕЦД се фокусира на три групи проблеми и решенија: вработување на жените, детската благосостојба и вложувањето во семејствата.

И тамам се подготвува да разработувам мерки за да му помогнам на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), во составување на најавената програма за поттикнување на фертилитетот, ми посочија дека всушност имаме Стратегија за демографски развој 2008-2015 г. Стратегијата не може лесно да ја најдете на веб-страницата на МТСП, делумно бидејќи тоа е суперминистерство со рекорден број подрачја што ги покрива. Ја прегледувам стратегијата и од прв поглед гледам дека е еснафски изработена. Читам работена со поддршка од Фондот за популација на ОН. Проблеми идентификувани, стратегиски цели развиени, предложени мерки и показатели, одредени надлежни институции…

Моја пријателка Бети на Фејсбук, напиша „социјална помош не ми треба ни од црква, ни од приватни бизниси, ни од владата. Можам да заработам за живот, ама за да можам да работам, ми требаат само следниве услови“, и наброја право на избор на болница за породување, редовна исплата на породилното боледување, градинки и училишта приспособени на потребите на вработени родители. Сега кога ја читам Стратегијата од 2008 г., тоа ти била јасна работа. Читам стратегиска цел 1, мерка 8: „Обезбедување на пристапна и широко распространета мрежа од детски јасли и градинки, адекватни со модерниот карактер и формите за вработување.“ Гледам и други добри мерки како поттикнување на големите фирми да имаат сопствени градинки. А како што напишав во коментарот „Добар почеток: предучилишен систем наместо баби-дадилки“ во 2008 г. 90% од 4 годишните деца во ЕУ 27 биле вклучени во предучилишно образование наспроти околу 20% во Македонија. Тоа не само образовен хендикеп, туку и проблем за создавање соодветни услови за мајчинство и грижа за деца. Нема потреба всушност од нови програми, само треба стратегијата да се спроведе во дело.

Но можеби и тоа нема да биде доволно. Треба да ја проучиме Скандинавија, примерите на Данска и Шведска, две земји каде ферталитетот е во пораст последните десет години. Една споредбена студија на Данска и Германија, земји со слична благосостојба, покажува дека во Данска со растот на приходите на мајката расте и ферталитетот, додека во Германија е обратно. Клучната разлика е социјалниот пристап и политики за вработувањето на мајката. Тоа е веројатно клучната промена што треба да ја направиме – да го смениме социјалниот пристап и политики за вработувањето на мајката. Да ги искорениме предрасудите за мајките како проблематични работници, да ја искорениме дискриминацијата на мајките на работното место.

„Беби-бумот“ не се постигнува со ад-хок мерки, за тоа е потребно и лидерство. Нашите лидери мора да промовираат хармонија меѓу работата и семејството. Министерски изјави „не размислувам на брак и деца поради работата“ не се добар пример. Потребни се примери на министерки, политичарки, деловни жени, кои се ѝ мајки. Потребно е да видиме во ТВ-кадарот и бремени жени кои се на функција. Потребно е Владата прва да отвори сопствена градинка. Потребно е „да се изоди кажаното“.

3 thoughts on “„Беби-бум“ не се прави со ад-хок мерки!”

  1. Vo segasnite uslovi na ziveenje, tesko e da se poveruva ,deka moite 3 devojki razmisluvaat da nasednat na programata sto vladata ja promovira i skapo ja reklamira po mediumite.Od seto ona sto na sva zvona go vetuvaat jas kako 3 pati majka NEMAM AMA BAS NISTO.Kako zena -firma ne uspevam nikogas na vreme da podignam plata, i da gi podmiram davackite kon drzavata, i obvrskiteza kirija za stanot ,struja voda ,parno…Obvrskite kon ucilisteto, hranarina ,uniforma,kino, teatar, nastava vo priroda,ednodnevni ekskurzii….da ne zboruvam za nezadolzitelnite obvrski koi vo moderno vreme se normalna potreba na sekoe dete…ANGLISKI,BALET,BAZEN, ….OBLEKATA NE JA SPOMNUVAM zosto ja nasleduva od postarite sestri.Vtoro dete- ima besplatna avtobuska karta ,a se drugo se plaka pa duri i besplatnite ucebnici koi vo strucnite sredni ucilista gi nema,flejta kako vtor instrument270 evra ,a se rasipuva dva pati mesecno,klavir na koj vezba so casovi no vo uciliste zosto ne mozam da go kupam, dzeparlak garderoba,…Edinstvena od celiot klas ne otpatuva na maturska ekskurzija vo Italija…..Treto dete so visok prosek na fakultet pred diplomiranje ne moze da go dozavrsi zosto zaedno so mene na crno se bori za gola egzistencija. znam deka ekonomskata kriza go klekna celiot svet na kolena, no vo nasata prekrasna zemja se tiki ima nekoj koj znae sto e prioritet…Decata koi veke se rodeni i onie koi so radost se ceka da se rodat.Matematicar moze da presmeta kolku pari se vlozuva vo raboti koi samo ukras mozat da bidat.JAS NESUM SOCIJALEN SLUCAJ. Ne gi ispolnuvam kriteriumite za da se zdobijam so taa prestizna titula ,kon koja i ne teznejam, no na suptillen nacin moze da im se pomogne na takvite deca i majki kako nas, koi megu drugoto nikako ne mozat da go vidat krajot na sudsiot spor za ostvaruvanje na zadolzitelna izdrska od drugiot roditel koj e nedostapen za efikasnoto sudstvo, so nepostoecka adresa za ministerstvoto za vnatresni, a ne postoi ni za centarot za socijalni grizi.Imam custvo deka ziveam vo NJUJORK a ne vo Skopje kade sekojdnevno go sretnuvam samo jas, aorganite ne mozat da go pronajdat .Za zal temata ja utnav ,no ne sum na ispit, ine mi e vazno dali voopsto ke me otcenuvate, I , dali poloziv….JAS, I ONAKA PADNAV NA ISPITOT “HARMONICNO SEMEJSTVO IMORALNI VREDNOSTI VO BRAKOT , I VO ZIVOTOT VOOPSTO” …no dali moze ,pred da mi kupat kristalni lusteri za vo centarot na Skopje, da mi ja pustat strujata doma sto nes sum vo sostojba da ja platam??? Znam deka EVN e privatna firma, ama i parite od mojata privatna firma sto vladata gi zema od mene se od moite deset prsti izraboteni.I sakam da odat tamu kade sto e najvazno…..Dali po ovoj moj nestrucen komentar, barem nekoj ke rece:Stop za nepotrebni reklamiranja na raboti koi ne postojat. ……………………. Ili ako ne sum zemala plavi kartoni decata besplatno da mi gi lecat…Setiki punktiranje na rbeten mozok za somnez od meningit trba da e besplatno zosto ako nemam pari da go platam sum potencijalna opasnost za site drugi decinja….AMA TOA KE GO RESI NOVIOT SO VISOKA INTELIGENCIJA STO KE GO ZAPOSLAT VO MINISTERSTVOTO ZA ZDRAVSTVO…..barem se nadevam…..

    Одговори
  2. Za ova prasanje vo princip zboruvaat mazi, koi od seto ova nemaat nikakvi iskustva, osven odenje vo bolnica po bebeto.Ne sakam da se prisetam na vremeto na patoloska bremenost i prvite meseci po poroduvanje, svedeni na prosjacki stap site majki koi cekaa nadomestok porodilen.

    Одговори
  3. Interesni temi izbirate .Vo vasite napisi se dobivaat mnogu iformacii. Mene licno mnogu pogolemo zadovolstvo ke mi pretstavuva koga site nasi analiticari bi se potrudile poveke sao nasiot problem ( od bilo koja tema koja sto ja obrabotuva ) i bi predlagale resenija. Konkretniot slucaj ne e moja specijalnost no sepak imam zelba da go iskazam svoeto mislenje. Problemot e mnogu od poodamna , samo sto sega ni se vrati bumerangot sto vo Makedonija odamna e frlen da leta. Udarot e direktno vo glava. Poloso zdravje . Vo socijalizmot se soocuvavme so nedostatok na gradinki.Kolku samo se izmacivme, vrski fakavme , sinot da go smestime vo gradinka. Pokasno problem bese so skolite sto imaat celodnevna nastava,sto istotaka bese mnogu vazno.A so tranzicijata i propasta na mnogu firmi problemot stana uste polos. Zatoa sosema ja razbiram Rada i nejziniot komentar.Denovive morav a ja posetam mojata bivsa firma MZT . Katastrofa.Podobro da udrel cunami.Na lokacija Madjari imavme okolu 5.000 vraboteni. Sega??? Katastrofa .Na vlezot ima golema reklama ” BUREK ” .Do nea skromno stoi tablata na koja sto pisuva koga e formirana firmata MZT.Sega se raduvame na investicija koja ke donese vrabotuvanje od 150-200 luge.Kako nevrabotenite mladi , vo polna zivotna sila da se resat i da rodat 2-3 decinja ? Kako da sedat tuka i da se molat na boga za zaposluvanje?Kako do poveke deca a nemaat stan?Kolku takvi firmi kako MZT otidoa vo nepovrat?Vakvi prasanja gi ima edena cella duzina.E kako ponatamu .Sega ni treba aktiviranje na celiot intelektualen kapacitet na nasite intelektualci za da se pravi dolgorocna strategija za resavanje na problemot.Za zal jas mislam, problemot ke stane uste polos . Eve jas sakam preku vas ( ako vi se bendisa ) da se prosiri slednata idea : Izgradba na evtini stanovi so pomala kvadratura no so sosema razlicen raspored vnatre od stanovite koi kaj nas masovno se gradat.Mojata ideja e stanovite da imaat minimum dve – tri spalni sobi (neka se i malecki ), za smetka na golemite dnevni sobi,golemi trpezarii i kujni.Kaj nas stan od 70 m2 ima edna spalna ???So takvi stanovi natalitetot nema da se zgolemi .Na prv pogled ova e banalno, no razmislete i stavete se vo kozata na familiite sto ziveat vo vakvi stanovi.Decata vo spalna a roditelite sekoja vecer gi otvaraat krevetite na sklopuvanje a trpezariite vistinski se iskoristuvaat mozebi 5-6 pati vo godinata . Zasega tolku .Se nadevam deka kako narod ke pomineme i ova a zalno e tie sto doprinesoa za nasata opsta katastrofa , seuste ni se nudat kako opcija za nasa idnina .Pozdrav i mnogu uspeh.

    Одговори

Напиши одговор на RADA PETRUSEVA Откажи одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.