Балкан е ова, бе!

За крај на годината, нема коментар за сумирање на годината, темата за денешниов коментар се наметна. Темата се наметна, а се мислев за насловот помеѓу овој и „ММЕ кој прв почна“, „Враќање во иднината“… Пред се, длабоко жалење за трите повредени пратеници и за 18 повредени граѓани на 24 декември. Насилство не може да се оправда ниту со една политичка цел. За среќа, Скопје 2012 не беше повторување на Тирана 2011 година, кога погинаа три луѓе. Затоа сега ќе ги коментирам случувањата во Собранието, а за пред Собранието, само еден коментар, дека во рамките на очекуваното, „нашите“ доброволно, спонтано се собраа, а „другите“-„туѓите“, беа дојдени по наредба, директива, по неколку примени смс.

balkan-e-ova-be-1Вистините за „нашите“ и „туѓите“ протестанти, секако водат до проекција на „наша“ и „туѓа“ вистина, водат до две вистини: една за „обид за државен удар“ и втората за “диктатура која си ги покажа рокчињата“. И едната и другата вистина, се повикуваат на факти, фотографии… На сликата кога обезбедувањето го
извлекува Трајко Вељановски, претседателот на Собранието и Горан Минчев, СДСМ, „триумфално“ седнува во претседателската фотелја, или кога обезбедувањето на сила ја одвлекува Радмила Шеќеринска, СДСМ, од собраниската сала. На сликата на тегнењето на Насер Селмани (ЗНМ) или пак на насрнувањето врз Александар Спасовски (Сител).

balkan-e-ova-be-2

„ММЕ кој прв почна“, затоа што секоја од страните, потсвесно ЗАСРАМЕНА од тоа што се случи, бара изговор, оправдание во нешто што другата страна претходно го направила. Радмила Шеќеринска е на сила отстранета од салата, зошто Горан Минчев на сила седна во спикерската фотелја. А тој пак го бранел Собранието, зошто Трајко Вељановски ја ставил точката за Буџетот за 2013 година на дневен ред на собраниската седница. А овој пак го направил тоа зошто опозицијата го блокирала буџетот. А таа пак идејата ја добила од ДУИ за блокадата со амандмани на Законот за бранители, и од ВМРО-ДПМНЕ блокадата на Буџетот за 2004 година итн. Кој и да почна, јасна е спиралата на ескалација на конфликтот, каде секој следен чекор се оправдува со претходниот чекор на партиските ривали.

Read more

И роднини и душмани

Да се опишат соседските односи на Балканот, може да се употребат описи од двата екстрема од сестрински до душмански. Или, како што вели главниот негативец во филмот „Трето полувреме” на Балканот народите се „или роднини или душмани”. По противењето на Бугарија на одредувањето ЕУ датум за пристапни преговори за Македонија, македонски весник објави насловна страна – „Пукај бе, братучед, пукај“. Можеби за некого тоа е фигуративно изразување на близината со Бугарија, но за мене, и верувам и за многумина од Македонија тоа има буквално значење. Јас имам братучеди од сите соседни нации.

i-rodnini-i-dushmani-1Комплексната историја на Македонија ги споила татко ми Панде, од село Прекопана, Вичо планина, Костурско, Грција, и мајка ми Убавка, од село Леуново, Мавровско. Селото на мајка ми е запалено од балисти во 1943 година, а на татко ми еднаш е запалено од Отоманци во 1902 година и од Грци во 1947 година, по што жителите се раселуваат. Тоа, како и другите услови, предизвикале семејствата да се растурат по целиот Балкан и подалеку. Така, денес, покрај Македонија, имам роднини-братучеди во Грција: Костур, Солун и Атина, во Бугарија: Габрово и Травна, во Србија: Белград и кум сум во јужна Србија итн… Најголем дел од најширокото семејство се чувствуваат Македонци, но има и такви кои се чувствуваат како Грци, Бугари или Срби. Веројатно имам роднини и Албанци. Пред 15-ина година бев во Вруток и секретарот на тогашната општина од ДПА, Куртеши, ми пријде и ми рече „земјак“. Да, Куртеши се од Леуново и според преданијата биле исламизирани Македонци. Од друга страна во Леуново се мешале со Шкретите, православна група која говорела албански јазик. Затоа тоа „пукај бе, братучед, пукај“ за мене има буквално значење и „и роднини и душмани“ ми е поадекватно од „или роднини или душмани“. И затоа за мене предизвик е постигнување на добрососедство, за да бидеме само роднини, а не и душмани.

Read more

Реална и достижна ЕУ перспектива?

Пред десетина дена на 4-от Форум на граѓанското општество на Западен Балкан во Загреб имав можност да ги проследам настапите на Штефан Филе, еврокомесар за проширување, и Едуард Кукан, европратеник и поранешен дипломат од кариера. Настапија во различни денови и со различни ставови. Филе ги обнови надежите за членство на Западен Балкан во ЕУ и воспостави одреден ранг каде по Хрватска, следеа Црна Гора, Македонија и Србија, а потоа Албанија, Косово и Босна и Херцеговина (БиХ). За Македонија, Филе ја нагласи платформата парафразирана како „и преговори и решавање на спорот на realna-i-dosti…eu-perspektivaимето“ или „преку преговори до добрососедски односи“. Филе разбуди надеж кај мене можеби зошто го кажа тоа што сакав да го слушнам и во што сум длабоко убеден – билатералниот спор на Македонија со Грција, како и другите проблеми најдобро и најбрзо може да се разрешат низ процесот на евроатлантски интеграции, а застојот во нив само ќе го продлабочи јазот. Утредента Едуард Кукан, настапи со „повик за будење“: предлогот на Филе „не успева да полета во Брисел“ (не добива поддршка), мисли дека спорот за името нема наскоро да се реши и во блокирањето на Македонија палката од Грција ја презема Бугарија.

Во изјавата за можноста за одредување на датум за преговори, минатата сабота за вестите на една телевизија, звучев преоптимистички, па појаснив дека шансите на Македонија се околу 30-40 проценти. Мојата изјава се засноваше на анализа на ЕУ-политиките на национално, регионално и европско ниво. Македонија стана кандидат во 2005 година, со одлука на највисоко ниво-на Европскиот Совет (премиерите на земјите членки). Како компромис меѓу различните интереси Македонија тогаш доби кандидатски статус без препорака за одредување на датум за преговори, што мислам дека се случи за првпат во ЕУ-проширувањето. Кандидатскиот статус имаше за цел да ја награди Македонија за спроведувањето на рамковниот договор и да ја стабилизира земјава по турбуленциите предизвикани со тогашната територијална реорганизација. Исто така тоа требаше да биде поттик на регионот во истрајувањето на патот кон ЕУ. Истовремено ЕУ го усогласуваше и сопствениот буџет за 2007-2013 година и обично тоа е време за договарање меѓу разните интереси во ЕУ.

Read more

Македонија виновна за војните во бивша СФРЈ

Еве, и јас се приклучувам во борбата за учинок со бомбастични наслови. По ослободителните пресуди на Анте Готовина  и Рамуш Харадинај, осамнаа наслови како „Само Тарчуловски останува да скапува во затвор“, што ме инспирира за насловот на овој коментар. Бидејќи ако само нашиот Јохан е во затвор, мора ние да сме виновни за војните во бивша СФРЈ.

Сепак, темата поради влијанието на меѓуетничките и меѓудржавните односи, како битни за стабилноста на Балканот, бара помалку сензационализам, повеќе претпазливост. Ослободување на виновниците е „убиство на правдата“, но зар, нема да биде убиство на правдата, ако се осудат невини луѓе? Или пак во формираните предрасуди за вината има место за претпоставеност на невиноста само на нашите, но не и за другите?  На пример помина незапазено информацијата дека Меѓународен суд за воени злосторства во поранешна Југославија (МСВЗПЈ)  има осудено 89 луѓе на 1,380 години, и тоа: Срби – 67 лица со 1.125 години затвор (околу 81 процент од вкупните казни),  Хрвати – 14 лица со 183 години, Бошњаци – пет лица со 41 година, Албанци – две лица со 19 години и Македонци – едно лице со 12 години. Тука не се вклучени постапките водени пред националните судови.

Значи не е точно дека нема осудени од сите страни, а дали тоа е праведно распоредено секогаш ќе биде различно перципирано од вклучените страни (држави, нации), бидејќи сите тие имаат различни перцепции за сопствената вина во минатите војни. Повеќето држави, вклучувајќи и Македонија, поаѓајќи од претпоставеност на невиноста на своите граѓани,  даваа поддршка на обвинетите и се радуваа на нивното ослободување. Како што сега Хрватите и Косоварите се радуваат, а Србите негодуваат, можам со леснотија да предвидам обратна ситуација, ако МСВЗПЈ го ослободи Воислав Шешељ.

Read more