Во релативна сенка на постизборните настани се одвиваат настани кои се од значење за добрососедството. Позитивен настан на неделата е заедничкото македонско-бугарско чествување на Св. Кирил и Методиј на 11 мај, во Софија, во организација на соодветните академии, БАН и МАНУ. Заедничкото чествување на историски личности е едно од контроверзните подрачја во односите меѓу Македонија и Бугарија, како и во разговорите за договорот за добрососедство. Овој чекор доаѓа по подолг период, од првиот таков чекор – заедничкото чествување на Св. Кирил и Методиј од Љубчо Георгиевски и Иван Костов, тогашните премиери на Македонија и Бугарија, во 1999 година, година кога ја потпишаа и Декларацијата за добрососедство. Во меѓупериодот, во 2006 година, тогашниот премиер Бучковски иницира заедничко чествување на историски настани и личности, но без конкретизација.
Покрај тоа што е позитивен настан самиот по себе, секако добредојдени се и позитивните реакции и во јавноста и медиумите. Само за потсетување склучувањето на Декларацијата за добрососедство во 1999 година, кај нас, а и меѓу некои во Бугарија беше третирана како предавство. Сега, 15 години по декларацијата, можеме да оцениме дека таа имаше позитивен ефект на развојот на македонско-бугарските односи, а не ја загрози Македонија. Едно од најкритикуваните решенија беше дефинирање на „македонскиот јазик според Уставот на Република Македонија“ со реципрочна формулација „бугарски јазик според Уставот на Република Бугарија“. Тоа овозможи склучување на бројни билатерални спогодби, а не нанесе, барем според моите сознанија, штета на македонскиот јазик. Од таа гледна точка треба да гледаме и на заедничкото чествување на историски настани и личности. Некои критики, кај нас дома, велат дека со заедничкото чествување, го признаваме бугарскиот карактер на тие настани и личности. Но ако погледнеме од друга страна, дали и со заедничкото чествување и бугарската страна не го признава македонскиот карактер на истите настани и личности?
Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, со јасната поддршка на граѓаните, сега имаат можност за пробив во добрососедските односи. Примерот на заедничкото чествување на личности од христијанството од раниот среден век, како Св. Кирил и Методиј, мора да го следи и политиката, како неопходен чекор за создавање на услови за склучување на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. А тоа е исклучително важен чекор. Со тој чекор ќе се зајакне оптимизмот дека може да решаваат предизвиците во меѓусоседските односи, што ќе е добра основа за влегување на завршница на спорот за името, а истовремено и ќе се неутрализира можноста за оска Атина-Софија.
Во насока на развојот за добрососедство, претседателот Ѓорге Иванов, треба да направи и друг значаен чекор – помилувањето на Зоран Вранишковски алијас Владиката Јован (расчинет владика).
Веднаш да расчистам дека сум уверен дека Зоран Вранишковски не ѝ сака добро на Македонија. Имаше негативна улога во поттикнувањето на меѓуверска омраза во 2001 година. Зоран Вранишковски системски гради улога на жртва, жртва на верски и политички прогон, што понатаму треба да предизвика проблеми на Македонија. Се обидува да регистрира верска заедница, чиј назив не ги исполнува условите на законот, со цел да регистрацијата биде одбиена. Поднесува претставка до Уставниот суд за заштита на слободата на уверување и заштита од дискриминација по верска основа, која Уставниот суд во 2011 година ја отфрла, бидејќи е поднесена надвор од пропишаните рокови, нешто што адвокатите кои го застапуваат секако го знаат. Но со пресуди и одбивања, од судови на сите нивоа, од основен до врховен и уставен, Зоран Вранишковски може да гради перцепција на жртва. Секако на тоа, несмасно и наивно или не, се фатија одредени државни институции, што го зајакнува впечатокот на постоење на политички, а не криминален проблем. Затоа и сега Зоран Вранишковски нема намера да побара помилување, бидејќи тој има намера да продолжи да создава проблеми.
И тој не создава проблеми само во односите со Српската православна црква, што колку и да го негира Србија, еден ден може да станат и проблеми меѓу двете држави. Создава проблеми во односите со православните цркви, но реагира и Светскиот совет на црквите, сојуз на православните и протестантските цркви. Потивко или погласно негодуваат и одредени странски и меѓународни организации за заштита на верските слободи и права.
Зоран Вранишковски е проблем кога е затворен, слободен тој не е проблем. И ова прашање не е прашање за Синодот на Македонската православна црква. Ова е прашање на претседателот Ѓорге Иванов и правосудството. Правниот инструмент треба да го одредат правните експерти, та дури пристигнуваат честитките за изборот, претседателот Ѓорге Иванов да го помилува Зоран Вранишковски. И со тоа да се направи уште еден чекор напред во добрососедството.
Кон кого предизвикал омраза во 2001 година Архиепископот на ПОА? Кон самиот себе си? Кон верниците на ПОА?
Повелете, еве го резултатот од таа омраза кон самиот себе си:
http://freearchbishop.com/?p=31
Ова што го гледате не линкот го направи група сендвич верници предводени од свештеник на МПЦ.
А, ова останатото што го пишувате, дека Архиепископот на ПОА прави се за да се најде во затвор или се’ за да не му успее, се граничи со најчудесните граници на една извитоперена фантазмагорија.
Здраво Зоран,
Во 2001 година Зоран Вранишковски алијас Владика Јован поттикнувал меѓуверска омраза меѓу христијаните и муслиманите, меѓу етничките Македонци и етничките Албанци, во Прилеп, непосредно по погребот на погинатите војници на Карпалак.
Поздрав
Сашо Клековски
Мирјана Најчевска: Ова се вика тортура.
Ако се имаат предвид последните изјави дадени од некои челници на МПЦ (http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=ABE4B8A9A731F3428580FA499344FA47), Вранишковски се третира како објект корисен во процесот на преговори меѓу две цркви, а не како човек.
Не би навлегувала во проблемот на нехристијанското однесување на оние кои би требало да го проповедаат и промовираат христијанскиот систем на вредности, меѓутоа мене лично ме згрозува неправното постапување на јавниот обвинител и судијата кои по службена должност мора да реагираат на очигледен случај на тортура. Таквиот обвинител и судија и сите останати обвинители и судии кои молчешкум го профаќаат ова, едноставно ја срамотат правосудната фела.
https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10202584501228587
Клековски,
Би било убаво од твоја страна да го поткрепиш ова твое тврдење со некој документ или линк. Вака е многу тенденциозно…
Поздрав
Сашо, не измислувај митови. Кога се случи Карпалак, во 2001 година, немаше такво нешто. Со твдењето дека Вранишковски поттикнувал верска омраза само се обидуваш да го дефокусираш вниманието од фактот дека човекот одлежа безмалку 4 години затвор, и 3 пати му беше изрекувана пресуда, што го нема никаде на светот. „Нишката „(не)спогодба“ се случи во летото 2002 година кога Јован богослужеше како митрополит велешки и повардарски при МПЦ.
Од текстот „Секуларност да, по мера на општеството“: „…Потребно е да се справиме со перцепираната предност на побројните цркви и верски заедници во прашањата како правната регистрација, државното финансирање и денационализацијата или учеството во јавниот живот, вклучувајќи и осветување на јавни објекти. Како земја со традиционални-религиски вредности, каде четири од пет граѓани (80%) се сметаат за религиозни, Македонија, треба да практикува „активна соработка“ и поголема интеграција на верските заедници…“
http://www.megjutoa.mk/2012/06/sekularnost-da-po-mera-na-opshtestvoto/
Кршењето на човековите права не е нешто што може да се скрие. Не се пика под тепих. Секогаш е видливо:
http://24vesti.mk/makedonija-go-gubi-sporot-so-vranishkovski-vo-strazbur-kje-treba-da-ja-registrira-poa
Интересна претпоставка, г. Клековски.
Но секако, би било добро да го поткрепите со факти вашето тврдење односно 2001.
Ова го велам, бидејќи самата пресуда за предизвикување омраза кон Архиепископот Јован, беше некоја година потоа, сосема за друг случај, на сосема друга локација. За тоа колку е апсурдна оваа пресуда, зборува коментарот на г. Бојаровски.
Поздрав!
Здраво Владимир,
Мојот исказ за улогата на Зоран Вранишковски во 2001 година во Прилеп, по погибијата на бранителите на Карпалак, ја засновам на разговори со сведоци од настаните.
За жал како и многу други работи во 2001 година, не се истражувани, документирани, расветлени …
Поздрав
Сашо Клековски
Г. Клековски, незнам колку сте запознат, но граѓанското име на Архиепископот Јован, кого вие го именувате со Зоран Вранишковски, според лични документи издадени од МВР на Република Македонија е Јован Вранишковски.
Следствено на тоа, е крајно некоректно да се обраќате кон личноста со друго име освен тоа по кое што сам се претставува и по кое го препознаваат по личните документи.
Се надевам дека ќе се корегирате себе си.
Односно вашиот коментар, не би навлегувал колку е нерелевантно тоа тврдење базирано на рекла-казала, особено кога го користите како главен аргумент за распалување на омраза.
Поздрав.
Почитуван Барлаковски,
Не бев свесен дека Зоран Вранишковски го променил името во Јован Вранишковски.
Кога јас го запознав 2000/2001 година световното име му беше Зоран.
Забележав дека во одлуката на Уставен суд е именуван како Јован Вранишковски, но на срспка викепедија е наведено дека световно име му е Зоран, па така го користев. Благодарам што ми свртевте внимание во иднина ќе го именувам Јован.
Инаку за 2001 година, не коментирам на рекла-казала.
Поздрав
Сашо Клековски
Г- дине Сашо Клековски, толку многу ниски удари, во толку мал текст, оддамна не сум прочитал. Воопшто не беше за очекување дека по една деценија од почетокот на организираниот прогон против Архиепископот Јован, кога веќе паднаа завесите на лукавството на МПЦ, бивајќи прочитана од сите, дека ќе може некој, уште повеќе еден истакнат работник во граѓанскиот сектор како што сте вие да пишува нешто вакво. Навистина запрепастувачки. Не останува ништо друго, освен да се запрашам, за чии политички интереси го одработувате ова?
И сакам да започнам најпрво од вас. Знаејќи дека целиот ваш работен век го поминавте под директно менторство и во организација финансирана од странски црковно-протестантски активист, ме интересира дали на оваа тема пристапувате како православен христијан, како аналитичар од друга вероисповед или како атеист и поборник за граѓански права?
Да продолжам. Елементарна некултура е ѝ навреда е некого да не го ословувате со сопствено име, па дури и титулата ако ја има. Во случајов, г. Јован по своето монашење, во личните документи издадени од надлежните органи на РМ, го има сменето своето име ѝ тој оддамна е Јован, односно за целото православие денес е Архиепископ Јован. Тогаш зошто го навредувате пишувајќи го Зоран или лицемерно кажувате дека не сте знаеле, кога и малите даца веќе го знаат тоа?
Се прашувате ли истотака, како може да биде расчинет Архиепископот Јован , кога, еве ви слика: (https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1465625856988227&set=pcb.1465626653654814&type=1), тој сослужува на Литургија со Вселенскиот Патријарх? Кога ќе ми покажете ваква слика од Стојан Вељановски, алијас владика Стефан, јас лично би ве наградил. А бидејќи велите бил расчинет владика, запомнете го овој податок, расколничката МПЦ никогаш не спроведе канонско судење, т.е постапка за негово расчинување, туку беше еднострано осуден, без да му се даде право на одбрана. Ваква одлука би паднала на секој суд, па и пред повисок црковен суд. Но ова ви го кажувам само за да го дополнам вашето незнаење, бидејќи и така судот од расколници е небитен за соборното православие, за што е доказ и споменатата слика.
Понатаму, зошто тврдите дека Архиепископ Јован не и мисли добро на Македонија? Затоа што остана доследен на верата и не попушти, ниту побегна некаде кога почна прогонот против него и затоа што по секоја цена сака да го извади верниот народ од деценискиот раскол, за кој е спремен и со затвор да го брани? Г- дине Клековски се лажете. На Македонија не ѝ мисли добро пред сѐ МПЦ која упорно ги држи своите верници надвор од спасителното, соборното православие и ги остава да бидат за подсмев меѓу останатите православни. Не ѝ мислите добро ниту вие, ниту сличните на вас, наизглед демократи, а всушност тоталитаристи, конформисти, спремни во дадениот момент секогаш да спроведат нечие барање, макар и глупости пишувале.
Понатаму, нафрлувате некои произволни, неточни податоци, настани, а сѐ со цел колку повеќе да кажете, без да навлезете суштински во ништо од напишаното. Ја споменувате 2001 год., уште да кажавте дека Архиепископот Јован е виновен и за војната што ни се случи тогаш?
Па, околу регистрацијата. Дали сте чуле дека ПОА досега има поднесено три различни барања за регистрација, со три различни имиња, во три различни временски периоди и секој пат била одбивана? И зошто некој би уживал да аплицира за нешто, за што ќе биде одбиен? Но, почекајте ја сега одлуката од Стразбур па видете дали Архиепископот Јован нема да ја реализира на дело.
Понатаму за неговото мачеништво. Нели приметувате дека во вашиот текст, самиот се доведувате во една апсурдна ситуација, негирајќи ја повредата на неговите човекови права и верски слободи, а притоа наведувајќи бројни странски институции и цркви кој сепак го констатирале тоа? Дали сите од надвор, нешто гледаат во овој случај, само вие немате доблест тоа да го признаете? Дали како граѓански активист, ја погледнавте изјавата на еден друг граѓански активист, г-ѓа Мирјана Најчевска која кажа дека во случајот со Архиепископот Јован се работи за тортура. Да, ќе ви повторам, за ТОРТУРА која се спроведува врз него. Покрај бројните организации кои и вие ги споменавте, години претходно Amnesty International го прогласи Архиепископот Јован за „затвореник на совеста“, а Бугарскиот апелационен суд за „политички затвореник“. Значи сите други го гледаат Архиепископот Јован како страдалник, само вие велите дека тој човек „системски гради улога на жртва“. А притоа сигурен сум, свесни сте, дека г. Јован беше насилно истеран од своето последно место на живеење како Митрополит од Велес, седум пати затваран, четири пати осуден и две години ги помина во прогонство. Тогаш има ли потреба да ве коментирам за тоа што сте го напишале за дискриминацијата? Не е ли срамно, да се држите до некои смешни рокови во законот кои наводно г. Јован ги пропуштил, кога целото негово патешествие овие 12 години е дискриминација, и тоа не една, туку безброј големи дискриминации.
Уште еднаш со чудење завршувам, вие ли г- дине Клековски, како човек од граѓанскиот сектор, кој меѓу другото, години наназад „работеше“ да помогне на (извадок од мисијата на МЦМС): „маргинизираните групи“, кој се залагаше за „еднакви можности – за сите луѓе и за пристап до придобивките од политичките, економските и социјалните процеси“, кој се залагаше за „толеранција и за спремност да се препознаат и почитуваат верувањата и однесувањата на другите“ , кој се залагаше за „ненасилство, за мир, за хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално“, вие ли г- дине Клековски го констатирате сево ова?
Најмал мој збор би бил, тоа е бесрамност!
Počituvan g.Klekovski, Bi sakal da Vi ukažam na semantičkiot propust vo upotrebata na zborot sistemski, namesto sistematski ili planski, što poveće korespondira so kontekstot na iskazot. Voedno, Vi ukažuvam deka slična kvalifikacija vo negativna politička konotacija, slobodno može da mu se pripiše i na istoriskoto dejstvuvanje na Isusa Hrista. Vašata nepotkrepena kvalifikacija, pak, deka Arhiepiskopot ne i saka dobro na Makedonija, jasno pokažuva deka Vie, vo negovoto dejstvuvanje, ne možete da prepoznaete vnatrešno-politička motivacija I sledovatelno, od politikantski diskurs, izveduvate deduktiven zaklučok od takov vid. Zatoa, mislam deka od hristijanska gledna točka, Arhiepiskopot treba da Vi zablagodari na tekstot.
Za site nesrekno zaljubeni vo ovој covek a posebno do ateistkana Najcevska i do grlo zaljubeniov Vladimir,preporaka da go procitaat Denesen Vesnik i kolumnata na Marjan Nikolovski i … tolku,se nadevam ke bidat blagodarni ( uffff so koja li gorcina vo ustata ) …
„…со чудење завршувам, вие ли г- дине Клековски, како човек од граѓанскиот сектор, кој меѓу другото, години наназад „работеше“ да помогне на (извадок од мисијата на МЦМС): „маргинизираните групи“, кој се залагаше за „еднакви можности – за сите луѓе и за пристап до придобивките од политичките, економските и социјалните процеси“, кој се залагаше за „толеранција и за спремност да се препознаат и почитуваат верувањата и однесувањата на другите“ , кој се залагаше за „ненасилство, за мир, за хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално“, вие ли г- дине Клековски го констатирате сево ова?
Најмал мој збор би бил, тоа е бесрамност!
https://www.facebook.com/soborno.pravoslavie/posts/1476051002612379