Ривалство на два, четири или пет орли

Фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија, што на 14 октомври на стадионот на Партизан во Белград беше прекинат по инцидентите со дронот што носеше карта на голема Албанија, ја доби својата фудбалска разрешница. УЕФА донесе одлука дека Србија службено го добива мечот со 3-0, истовремено Србија е казнета со три поена, како и со два натпревара без публика, а и двете федерации добија и високи парични казни.

И додека фудбалските одлуки се донесени, политичките последици од инцидентите сè уште траат. И тие, политичките последици, ги прават инцидентите на фудбалскиот натпревар, поинакви од другите инциденти. Не се невообиачаени инциденти на спортски натпревари предизвикани од екстремни навивачки групи: шовинистички скандирања и навредливи слогани, палења на знамиња на ривалските нации… И тоа не само тука на Балканот – секој натпревар меѓу Англија и Шкотска носи ризик од инциденти. И затоа УЕФА води кампања против расизмот на фудбалските натпревари. Како што не се невообичаени инцидентите, од друга страна е вообичаено инцидентите да се ограничат на навивачките групи, да се изолираат и безбедносно и политички. По палењето на македонското знаме во Косово, тој настан го осудија и политичарите од Македонија, но и од Косово.

И во тоа е разликата со овој случај, по прекинот на натпреварот, политичарите и во Албанија и во Србија, не го изолираа инцидентот, напротив тие ја ескалираа работата. На српската страна тоа го направи Ивица Дачиќ, потпретседател на Владата и министер за надворешни работи, со изјавите за политичка позадина на инцидентот со дронот и директното обвинување на братот на Еди Рама, премиерот на Албанија. Обвинување кое остана само на спинување, без постапка или докажување.  На албанска страна тоа го направија од Еди Рама, преку повеќе министри до пратеници кои ги дочекаа репрезентативците на Албанија, како херои. Вџашувачки беше меѓусебното „тролање“ и „хејтање“ на Еди Рама и Томислав Николиќ, претседателот на Србија, на Твитер, и во медиумите.

rivalstvo-na-dva-chetiri-ili-pet-orliПрвата политичка последица или жртва на инцидентите е историската посета на Еди Рама на Белград. Посетата е одложена од октомври за 10 ноември. Но создадениот ривалски амбиент во почеток ги ограничува можните резултати. Ривалството на врвот, поттикна тензии и во општеството. Настрадаа повеќе дуќани во Србија, пред сè во Војводина, во сопственост на етнички Албанци, но и на Горани. Чувството на загрозеност, на закана од голема Албанија е подигнато кај сите соседи на Албанија. Албанците од сите земји колку и да гледаа на инцидентот како на одбрана на знамето, што е свето нешто во повеќето нации, за соседите изгледаше дека се брани картата на голема Албанија. Која е пораката на Албанците, за нас во Македонија посебно на етничките Албанци тука кај нас? Дали сметаат дека славењето на инцидент е начин на градење заедничка држава или, пак, на добрососедство? И да, градењето на добрососедство не е предизвик само за Македонија и Грција, тоа е предизвик и за Албанија и Косово и Србија.

Read more

ЕУ – само стап без морков не дава резултати

И бидна, по вообичаената врева што претходи, ЕУ го објави извештајот за напредок, со кој по шести пат се препорачува започнување на пристапните преговори. Една од подобрите анализи на извештајот што ја прочитав е анализата на Институтот за европска политика. Институтот својата анализа ја ословува „препорака со чекор назад“ и смета дека тоа е најкритичкиот извештај досега. Според институтот тоа се гледа во ставовите на Европската eu-samo-stap-bez-morkov-ne-dava-rezultatiкомисија дека политичките критериуми и натаму се исполнети во доволна мера, но дека жали за чекорите назад во изминатата година и дека неуспехот на Владата да покаже доволни резултати за клучни прашања им наштети на одржливоста на реформите, со евидентно уназадување во одделни области. ЕУ  се концентрира на четири точки: партизација на државните институции, контролата врз медиумите, меѓу-етничките односи и неразрешениот спор со името. На позитивната страна се нотирани реформите во јавната администрација и активната меѓународна и регионална полициска соработка. Во политичките критериуми доминира барањето за обновување на политичкиот дијалог за што одговорноста ја лоцира и кај Владата и кај опозицијата. Во економските критериуми институтот се прашува зошто на Македонија и натаму не ѝ се доделува статус функционална пазарна економија, и покрај констатираниот континуиран напредок, дали е тоа дека комисијата реално согледува одредени недостатоци или пак не може да се постигне политички договор околу таа оценка. Институтот заклучува дека е јасно предупредувањето дека препораката нема да се одржи доколку нема напредок во клучните области, и се прашува „дали заигрува стапот?“, односно дали Владата ризикува повлекување на препораката и гасење на перспективите за членство во ЕУ? Но и самиот Институт се запрашува, дали „стапот“ ќе даде резултати во отсуство на „морковот“, односно непостоење на перспективи за отворање на преговорите и членство во ЕУ.

Read more

Октомвриски патардии

Барајќи соодветен наслов за мојот коментар, се сетив на патардии, стар ретко употребуван збор со значење – врева, бркотница… Октомвриски патардии е добар опис на состојбата пред објавувањето на Прогрес-извештајот на ЕУ, или како што службено се нарекува Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија. Патардии од изјави на политички лидери, медиуми, политички коментатори и аналитичари, од добро информирани диполоматски извори, прес-служби на Европската комисија…

oktomvriski-patardiiПрогрес- извештајот во македонското општество доби статус на матура во животот на пубертетлии, стана ритуал на премин. Сите засегнати страни секоја година во октомври се во исчекување – дали напредувавме изминатиот период, дали нашата транзиција ќе влезе во завршница, дали ќе бидеме прифатени како полноправна членка на ЕУ-семејството. Но претераното значење што му се дава на Прогрес-извештајот, како и изјави од типот „за наредните чекори ќе се консултираме со меѓународната заедница“ или пак „така сакаат граѓаните и странците“, укажуваат на една општествена незрелост, општествена неподготвеност за независност, не како конечна цел, туку како чекор кон следниот премин во меѓузависност. Но за ова општествена состојба  во која Брисел се доживува како нов Белград, во посебна прилика.

Една од одликите на општествена незрелост е недоволниот дијалог – општествен, социјален, граѓански, политички. Иако во фокусот на јавноста е политичкиот дијалог, неопходно е да се повторува дека отсуството на дијалог е подлабок општествен проблем и отсуството на политички дијалог е само врвот на санта мраз. Местото за политички дијалог е Собранието на Македонија. Подолг период Собранието – институцискиот дом на политичкиот дијалог беше заменуван со „средби на четворката“ – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, а како општествените предизвици преминаа од полето на меѓуетничките односи, во полето на внатреетничките односи тие средби беа заменети со средби на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Read more