Мојот денешен коментар е преобјавување на коменатарот „Судови на кои има треба едукација“ од 24.10.2013. Преобјавувањето е актуелно поради последните судски одлуки за случајот Кежаровски, а целта и поентите на коментарот се потврдени од временска дистанца.
Поентите се: Кривично дело најверојатно не постои, бидејќи не постои загрозување на заштитениот сведок – сведокот е жив и здрав, и дава изјави по медиуми. И да постои кривично дело тоа го сторило службеното лице што ги имало информациите за идентитетот на заштитениот сведок. И на крај и да е виновен Кежаровски не може да е повиновен од новинари кои оддале идентитет на сведоци на судење на воени злосторници.