Бомбите, пучот и меѓународната заедница [2]

Во актуелната политичка криза, и во наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „Пуч“ и во наративот на СДСМ за „Бомбите“ вклучени се странски држави или меѓународната заедница. Секако во едниот наратив во дестабилизација на земјава, а во вториот наратив за стабилизација. Актуелната политичка криза се одвива во контекст на зголемен ривалитет меѓу Западот и Русија, при што директно Германија се вклучи во пополнувањето на геостратегискиот вакуум поради одолжените ЕУ-интеграции на Западен Балкан и го презеде водството во одржување на животот на ЕУ-агендата.

ВМРО-ДПМНЕ со наративот за странско учество во дестабилизација на Македонија на одреден начин се обидува да ја задржи меѓународната заедница на страна, а СДСМ бара вклучување на ЕУ во решавање на кризата. ЕУ досега се држи донекаде настрана, за да ја тестира зрелоста на државата, институциите и општеството, но и немешање без, од сите страни, јасно изразено барање за ЕУ вклучување.

bombite-puchot-i-megunarodnata-zaednitsa-2За многу краток период се наредија изјави и настани, како, изјавата на премиерот Груевски за поширока стратегија во која Зоран Заев е пион, најавените мерки за градење на доверба меѓу Македонија и Грција,  посетата на премерот Груевски на НАТО, отстапувањето на Зоран Заев, исклучиво од политичка разврска, со вклучување на непристрасна истрага за прислушувањето, резолуцијата за вклучување на Федерика Могерини, ЕУ комесар во медијација меѓу двете партии, подоцна појаснето дека вклучувањето е во спорот за името, како и шпекулациите за средба на премиерите на Македонија и Германија… Сето ова зборува за висок интензитет на случувања, кои не се јасни докрај и транспарентни за јавноста.

Read more

Бомбите, пучот и меѓународната заедница

Во актуелната политичка криза, и во наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „Пуч“ и во наративот на СДСМ за „Бомбите“, како што пишував во „Промена на режим во три чекори“, има една точка во која ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ навидум се согласуваат: улогата на странски држави или меѓународната заедница. Исто така се чини и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ придаваат големо значење на улогата на странски држави и меѓународната заедница. Секако во едниот наратив во дестабилизација на земјава, а во вториот наратив за стабилизација.

Пред да продолжам, мал осврт за геостратегискиот контекст. Статус квото за блокадата на евроатлантските интеграции на Македонија, од страна на Грција, во релацијата Македонија, Грција и меѓународната заедница (читај Запад), се смени кај меѓународната заедница. Како што пишував во „Спасиба Путин“, односот на Русија во поранешните советски простори, но и глобално (Сирија) го врати интересот за евроатлантските интеграции на Балканот и на Македонија. За да не бидам разбран погрешно со претходното „Спасиба Путин“, имам пишувано за пет причини поради кои Македонија треба да ја поддржува Украина.

Не дека балканските земји имаат желба за вртење кон Москва, туку дел од нив се ранливи (политички, економски, енергетски) и подложни на дестабилизација. И не дека Москва сериозно смета на балканските земји, туку е одлична можност ривалството со НАТО да се држи што подалеку од Русија и поранешните советски простори. И тоа богами Москва со режимот на Милошевиќ го правеше успешно десетина години.

bombite-puchot-i-megunarodnata-zaednitsaИ Македонија се наоѓа не по свој желба и избор, кои се јасно евроатлантски, во простор на геостратегиски натпревар на Западот и Москва. На тоа нè потсети реакцијата од руското МНР за „пучот“, прво огласување на Москва за состојбите во Македонија по 2001 година. Или, пак, изјавата на американскиот секретар Кери за Македонија како земја на линијата на судир меѓу Запад и Русија, што беше ублажена последователно. Но и без таа изјава во САД и минатата година ја продолжија „вонредната состојба“ (National Emergency) за Западен Балкан. Тоа што САД сè уште го третираат така регионот мора постојано да нè потсетува на регионалната геостратегија. Инаку, тој акт на Вашингтон ја создава и правната основа за „црните листи“, во случајот на Македонија на тие што го подриваат Охридскиот рамковен договор и меѓуетничките односи. Германија со минатогодишната средба во Берлин, согледувајќи го геостратегискиот вакуум поради одолжените ЕУ-интеграции на Западен Балкан, го презеде водството во одржување на животот на ЕУ-агендата.

Read more

Очајни домаќинки!

СДСМ ја објави својата шеста бомба, а јас го пишувам својот четврт коментар посветен на „бомбите“. Во декември минатата година започнав со „Каков бомбаш, таква бомба“, со анализа кои информации може да ја дестабилизираат власта, потоа во февруари на двапати во „Укажувач или соработник на странски служби?“ и во „No more secrets!?“ пишував на наративите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, за растечката поларизација и потребата од чекори за деескалација.

По шестата бомба стануваат појасни работите и можат да се проценуваат наративите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во основа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фокусираат на тоа што перципираат дека е силна страна на нивниот наратив: СДСМ на содржината на прислушуваните разговори, ВМРО-ДПМНЕ на начинот на стекнување на истите. Има знаци дека и двата наративи не се најверодостојни во однос на дел од првичните тврдења.

ochajni-domakinkiИнформации објавени од СДСМ, или доставени на прислушуваните новинари може да помогнат да се проценат одредени работи. Прво за опфатот на прислушувањето. Јасно е дека бројката презентирана од СДСМ за над 20.000 илјади прислушувани е преценета. Досега објавените разговори се од неколку министри, најверојатно има стотина прислушувани новинари, како и фактот дека разговорите се аналитички обработувани говори во прилог дека бројката на прислушувани е далеку помала. Второ јасно е дека покрај филтерот што да се објави од страна на Зоран Заев, имало и претходен филтер. Доколку Зоран Заев има 1.500 разговори од Ставрески од неколку години, тоа е веројатно обем на разговори по телефон што Ставрески го прави за еден до два месеци. Значи некој од неколкугодишно прислушување избрал кои разговори ќе му ги предаде на Заев. Од друга страна прислушувањето на новинари, тематското прислушување (разговори поврзани со 24 декември), како и аналитичката обработка на прислушуваните разговори укажува на потпис на владината Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК). Сè потешко ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и власта да ја убеди јавноста во наративот за странска разузнавачка служба, доколку не се објават убедливи докази. Да, еден од обвинетите се спогодил со обвинителството и го признал делото, но еден човек не може да сработи анализа на стотина прислушувани новинари, за тоа е потребен поголема мрежа на аналитичари.

Read more