Ќе го биде ли договорот?

Пред неколку дена новинарка на Радио Слободна Европа (РСЕ), ми постави прашања за моите очекувања од продолжението на разговорите за спроведување на пржинскиот рамковен договор. Морам да кажам дека се замислив бидејќи бев затечен дека всушност немам очекувања. Откако се објави написот, го прочитав и најдов потврда на ставот дека врз сите вклучени страни (партии) постои силен и внатрешен и надворешен притисок да постигнат согласност. Тоа го видов во исклучиво позитивните изјави од сите страни.

ke-go-bide-li-dogovorotДосегашните најави се дека се разговара за изборите, специјалниот јавен обвинител и слободата на медиумите. Но како што пишував минатата седмица, од кругови блиски на работните групи се најавува дека четврта тема ќе бидат меѓуетничките односи, нешто што барем во медиумите на македонски јазик воопшто не се спомнува.

Во изјавата за РСЕ реков дека изборот на специјалниот јавен обвинител,  кој треба да се случи веќе на 15 септември, е од клучно значење. Прво затоа што СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и ДУИ и ДПА ќе мора да се договорат за неколку седмици и декларативната конструктивност ќе треба да се демонстрира во практика. Доколку се договорат, тоа ќе му даде поттик на натамошниот политички дијалог, во спротивно, пржинскиот рамковен договор ќе се распадне. Од друга страна, квалитетот на законското решение, како и на личноста што ќе се избере за специјален јавен обвинител, ќе биде ран знак дали македонските политички елити се спремни на разбистрување. Како што пишував во „Документи, снимки… за не дај боже“, македонската политика мора да се ослободи од заложништвото на неказнивоста. Без правна разврска, брз разлика дали ќе заврши без или со обвинение, ќе расте поларизацијата во општеството, која неминовно ќе ја подрива довербата во институциите, во политичките партии, во медиумите… А без доверба во институциите, нема функционална држава. Затоа ни треба специјален јавен обвинител компетентен и независен. Има такви во Македонија. За жал, според многумина, најдобрите кандидати, најверојатно нема да бидат прифатливи ниту за ВМРО-ДПМНЕ, ниту за СДСМ, бидејќи и двете партии суштински се плашат од независен специјален јавен обвинител. Можеби ќе биде добро, замајќи во предвид осетливоста на оваа прашање, да се разгледа опцијата за избор на странец за специјален јавен обвинител.

Read more

Страв од договори

Кога пишувате за изданието што ќе излезе на 13 август, некако неминовно е да се осврнете на Охридскиот рамковен договор. Но кога повеќе години пишувате за тоа, постои ризик за повторување. Во мојот минатогодишен коментар „Духот на рамковниот договор“ ги синтетизирав моите клучни мислења за Охридскиот рамковен договор. На крајот на минатиот месец пишував и за „пржинскиот рамковен договор“. Гледајќи на двата договори, читајќи други анализи, коментари се добива впечаток на страв од договори.

Стравот од договори се согледува во критиката на две подрачја: дека со политичките договори се дерогираат Уставот и законите и дека со политичкиот дијалог во Клубот на пратеници се дерогира Собранието.

Дали со политичките договори се дерогира Уставот и законите? Одговорот е краток, не! Уставот и законите, како и институциите за нивна примена, се резултат на политички договор. Уставот е политички договор на граѓаните на Македонија, претставени од политичките партии, во каква држава сакаат да живеат и како ќе ја организираат државата да го постигнат тоа. И Уставот, и законите и институциите, се засноваат на согласноста на граѓаните, претставувани од политичките партии. Тоа што одреден политички договор ќе биде преточен во Уставот и законите, не значи дека не треба да се реферира на политичкиот договор, бидејќи договорот  содржи визија, долгорочни цели. На пример повикувањето на Охридскиот рамковен договор, или на неговиот „дух“ е всушност предизвикот на постојаната потрага за баланс, за мирни и хармонични односи меѓу граѓанското општество и мултикултурното општество.

Следниот  аргумент против политичките договори е дека дијалогот за нив не треба да се води во Клубот на пратеници, туку во Собранието. Да, за Уставот на независна Македонија, расправата се водеше во Уставната комисија, но сигурно далеку од очите имаше дијалог на лидерите на политичките партии. И оваа дилема за местото и улогата на Собранието  или Парламентот, не е само отсега и не е само наша. На пример, во Холандија се практикуваат детални предизборни коалициски договори. Пред неколку години еден таков предизборен коалициски договор (програма) беше на повеќе од 600 страници. Дебатата беше која е улогата на холандскиот парламент, ако политичките лидери склучиле толку детален предизборен договор што ја одредиле агендата на Парламентот за следните четири години. Да не говорам за Европската Унија каде е клучен договорот на политиките лидери. Ете, толку многу се напиша за случајот на Грција, каде премиерот се нафати да спроведува договор во кој не верува и кој граѓаните на Грција го отфрлија на референдум.

Read more

Три предлози за туристички пораст [2]

Претходната седмица, поттикнат од предлогот на туристичките работници да се продолжи летниот одмор за учениците од 31 август на 15 септември, а со тоа да се продолжи туристичката сезона, се осврнав на можностите за туристички пораст, на што се надоврзувам и во овој напис. Во меѓувреме Министерството за образование и наука (МОН), одговори на барањето на туристичките работници, дека барањето за продолжување на летниот одмор за учениците, на еден месец пред крајот на распустот, е со прекраток рок за да се анализираат ефектите врз учениците, од таков чекор. И со Влада која е акцијашки, предизборно расположена, МОН учтиво одговори дека барањето е несериозно. Што не значи дека не треба да се согледаат, како што пишував, искуствата од Холандија и Германија, за стратегиско планирање на школските одмори, меѓу другото и за развој на туризмот. Барањето е показател на состојбите во туризмот – краткорочно размислување и ад-хок мерки.

tri-predlozi-za-turistichki-porast-2А, како што пишував во претходниот коментар, веќе постојат сериозни стратегиски документи за развој на туризмот. Документот што особено ми остави впечаток предлага четири чекори: фокус на три географски пазари и туристичка понуда специфична за тие пазари; дефинирање на територијални производи за трите географски пазари; фокус на квалитетот на објектите и услугите; и подобрување на сезонската туристичка шема. Трите географски пазари кои се предлагаат се домашниот, регионалниот (Балкан плус Турција) и меѓународниот – Западна Европа и Северна Америка. За овие три пазари се предлагаат пет тематски групи, кои би се примениле на неколку пилот локации. Првата тематска група е езерски туризам, наменет пред сè за домашните туристи, и предлог локација…не е Охрид, туку е Дојран. Охрид е предлог локација за третата група – културен туризам. Втората тематска група е вински туризам, кој како у културниот туризам е пред сè наменет за странските туристи. Предлог локација е Тиквеш. Четвртата група е рурален туризам лоциран во Маврово и Река, а петтата група е планински и еко-туризам лоцирани на Шар Планина. Во документот се предложени и следни локации на кои би се примениле тематските групи. На пример руралниот туризам по Маврово-Река би се применил во Вевчани и Берово.

Read more