Во контекст на „Луд, збунет и (не)нормален“ или пак „Луд, полуд, најлуд, [стави име]“, кога е „Јасно дека ништо не е јасно“, понатамошна политичка анализа има сè помалку смисла. Два настани од минатите десетина дена заслужуваат да се коментира сосема друга тема: сеопфатно сексуално образование. Двата настани, навидум неповрзани се убиство на дете при пораѓање на граничниот премин Табановце за кој медиумите известуваа минатата седмица, и оваа седмица одржаниот јавен час на УКИМ за сеопфатното сексуално образование во организација на граѓанската организација ХЕРА.
Минатата седмица низа нашите медиуми се реда наслови: „Студентка се породила на екскурзија и бебето го фрлила во корпа за отпадоци“, „Апсолвентка се породила на Табановце, го фрлила бебето и продолжила со екскурзија“, „Студентка од Скопје го фрлила бебето – потоа се забавувала во автобусот“,„Чистачка го пронашла бебето во канта за ѓубре“… Медиумите пожедни за скандали ги китеа насловите со „детали за чедоморството“, „детали за хоророт“, „хорор на Табановце“… Наслови и текстови полни со осуда, та дури и името и сликата на 23 годишната девојка беа објавени во некои медиуми. Можеби сум пропуштил, но само една национална телевизија објави прилог во кој психолози повикуваат да не се жигосува мајката.
Првиот заклучок од настанот е начинот на известување: генерално сензационалистички и непрофесионално. Впечатливо е дека, општо земено, во известувањето не постоеше разлика меѓу провладините и проопозициските медиуми, односно десничарски и левичарски медиуми. Нормално би било да се очекува левичарските медиуми да имаат либерален агол на известување, со повеќе разбирање на ситуацијата во која се случило убиството на бебето.

До тука стигнавме преку употреба на договорот од Пржино, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, на политичките или правните делови од договорот, кои ценеа дека им одговараат. ВМРО-ДПМНЕ го стави акцентот на политичката разврска – избори, а СДСМ го стави акцентот на правната разврска – специјалното јавно обвинителство (СЈО). Едните, ВМРО-ДПМНЕ, сметаат на предноста во јавната поддршка, другите, СДСМ, на можните обвиненија. А не може да има само едно од нив, мора да се случи и политичка и правна разврска. Најдоброто можно сценарио за Македонија, изборите би се одржале што поскоро, со прочистен избирачки список, правна разврска (обвинителска одлука) би имал најмалку еден случај поврзан со наводни изборни злоупотреби, а во првите 100 дена на новата Влада би се постигнал договор со Грција за мерките за градење на доверба, се уште е можно. Но во моментот се придвижуваме кон најлошото можно решение за земјава, да со меѓусебно блокирање се одлага и политичката и правната разврска. ВМРО-ДПМНЕ мора да му даде поддршка на СЈО, како што СДСМ мора да излезе на избори, без разлика што може да не им се допаѓа исходот.