Неписмени и за сексуалноста!

Во контекст на „Луд, збунет и (не)нормален“ или пак „Луд, полуд, најлуд, [стави име]“, кога е „Јасно дека ништо не е јасно“, понатамошна политичка анализа има сè помалку смисла. Два настани од минатите десетина дена заслужуваат да се коментира сосема друга тема: сеопфатно сексуално образование. Двата настани, навидум неповрзани се убиство на дете при пораѓање на граничниот премин Табановце за кој медиумите известуваа минатата седмица, и оваа седмица одржаниот јавен час на УКИМ за сеопфатното сексуално образование во организација на граѓанската организација ХЕРА.

nepismeni-i-za-seksualnosta-2Минатата седмица низа нашите медиуми се реда наслови: „Студентка се породила на екскурзија и бебето го фрлила во корпа за отпадоци“, „Апсолвентка се породила на Табановце, го фрлила бебето и продолжила со екскурзија“, „Студентка од Скопје го фрлила бебето – потоа се забавувала во автобусот“,„Чистачка го пронашла бебето во канта за ѓубре“… Медиумите пожедни за скандали  ги китеа насловите со „детали за чедоморството“, „детали за хоророт“, „хорор на Табановце“… Наслови и текстови полни со осуда, та дури и името и сликата на 23 годишната девојка беа објавени во некои медиуми. Можеби сум пропуштил, но само една национална телевизија објави прилог во кој психолози повикуваат да не се жигосува мајката.

Првиот заклучок од настанот е начинот на известување: генерално сензационалистички и непрофесионално. Впечатливо е дека, општо земено, во известувањето не постоеше разлика меѓу провладините и проопозициските медиуми, односно десничарски и левичарски медиуми. Нормално би било да се очекува левичарските медиуми да имаат либерален агол на известување, со повеќе разбирање на ситуацијата во која се случило убиството на бебето.

Read more

Јасно е дека ништо не е јасно!

Да се прави политичка анализа во Македонија, станува сè повеќе невозможно. Покрај кусогледоста на теснопартиските интереси, што ги стави во залог фундаментални начела како владеење на правото и макроекономска стабилност, како и евроатланските интеграции, се чини сè повеќе доминираат и тесногрупни и лични интереси на малкумина во врвовите на политичкиот естаблишмент. И тие врвови стануваат сè повеќе ирационални во потезите што ги влечат. Затоа и дел од моите последни коментари се насловени „Луд, збунет и (не)нормален“ и „Луд, полуд, најлуд, [стави име]“. Во такви услови рационална и логичка анализа не доведува до соодветни заклучоци.

Затоа во моментов сите политички анализи завршуваат со заклучок за можни сценарија кои вклучуваат десетици сценарија од одржување на избори на 5 јуни, без политички натпревар, од неучество само на СДСМ до неучество на повеќето главни политички партии, преку одлагање на изборите за [стави датум] од септември или декември 2016 година или 2017 година, до повторно воспоставување на политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Кога толку многу сценарија се актуелни, јасно е дека ништо не е јасно!

jasno-e-deka-nishto-ne-e-jasno-1Од сите сценарија единствено што може да се реализира без акција, а кое најверојатно најмногу ќе ја продлабочи политичката криза, е одржување на избори на 5 јуни. За тоа треба во моментов кога ќе го читате овој напис, политички партии да достават листи на кандидати. Како листите на кандидати мора да бидат подржани со согласност на кандидатите заверени на нотар, најверојатно тоа е активност која е веќе преземена, а на 11 мај, партиите ќе проценат дали ќе ги поднесат или не. Според одредени инсајдерски информации сите партии ги имаат подготвено кандидатските листи, за секој случај. За многумина од ВМРО-ДПМНЕ одржувањето на избори на 5 јуни, и по цена на непризнавање на легитимноста на изборите е единствено можно решение.

Read more

Луд, полуд, најлуд, [стави име]!

Пред еден месец напишав коментар што го насловив „Луд, збунет и (не)нормален“, што е врв на неубави зборови што можам да ги употребам во напис. И од тогаш станува само полудо, позбунето и поненормално. Спиралата на ескалација на лудост ја донесе на повисоко ниво, никој друг туку Ѓорѓе Иванов, претседателот на Републиката, со својата одлука за прекин на кривичните постапки за над педесетина лица. По тоа ми се чини настана општ натпревар, кој ќе постигне највисоко ниво во скалата луд, полуд, најлуд, [стави име]!

lud-polud-najlud-stavi-imeДо тука стигнавме преку употреба на договорот од Пржино, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, на политичките или правните делови од договорот, кои ценеа дека им одговараат. ВМРО-ДПМНЕ го стави акцентот на политичката  разврска – избори, а СДСМ го стави акцентот на правната разврска – специјалното јавно обвинителство (СЈО). Едните, ВМРО-ДПМНЕ, сметаат на предноста во јавната поддршка, другите, СДСМ, на можните обвиненија. А не може да има само едно од нив, мора да се случи и политичка и правна разврска. Најдоброто  можно сценарио за Македонија, изборите би се одржале што поскоро, со прочистен избирачки список, правна разврска (обвинителска одлука) би имал најмалку еден случај поврзан со наводни изборни злоупотреби, а во првите 100 дена на новата Влада би се постигнал договор со Грција за мерките за градење на доверба, се уште е можно. Но во моментот се придвижуваме кон најлошото можно решение за земјава, да со меѓусебно блокирање се одлага и политичката и правната разврска. ВМРО-ДПМНЕ мора да му даде поддршка на СЈО, како што СДСМ мора да излезе на избори, без разлика што може да не им се допаѓа исходот.

На Претседателот на Републиката, во натпреварот во лудост, се приклучија делови од опозицијата, со поттикнување на стравот од неликвидност на земјава. Опозициски претставници и проопозициски медиуми се натпреваруваа во предизвикувањето недоверба во ликвидноста на државата (буџетот), во банките, во стабилноста на денарот. Банките, како ниедна друга институција се базирани на доверба, бидејќи им ги доверуваме нашите пари на чување. Удирањето по довербата во банките, за постигнување на партиска цел, по долгогодишното макотрпно градење на доверба во нив, не е само неодговорно, туку лудо. Како што Ѓорѓе Иванов со аболицијата удри врз владеење на правото, така шпекулациите на некои опозиционери се удар врз макроекономската стабилност. Како што аболицијата предизвика револт кај многумина, така и шпекулациите предизвикаа реакции кај многумина. И тука не пишувам за тие што реагираат по службена должност како Димитар Богов, гувернерот на Народна банка, туку многу други како независниот тинк танк „Фајнанс тинк“ или Зоран Јовановски, поранешен потпретседател на СДСМ кој ќе напише: „Само неодговорен медиум може да долева масло на огнот кога има вештачки креирана нервоза кај граѓаните во однос на курсот на денарот и депозитите во банките.“ Сепак довербата во банките во Македонија не е разнишана. Та македонските банки имаа многу посилен стрес-тест кога во 1999 и 2001 година, издржаа високи нивоа на нестабилност во услови на голема бегалска криза или на насилен конфликт.

Read more