Да се биде во ЕУ или не?

Вечерва, 23 јуни 2016 година, Најџел Фараж, лидерот на Партијата за независност на Велика Британија, прогласува победа на референдумот за иднината на Велика Британија во da-se-bide-vo-eu-ili-neЕвропската Унија (ЕУ). Борис Џонсон, поранешниот конзервативен градоначалник на Лондон, го повикува Дејвид Камерун да поднесе оставка од премиерската функција. Доналд Трумп ја поздравува историската одлука на Велика Британија за излегување од ЕУ. Марин Ле Пен  одржува прес-конференција и повикува на референдум за излегување на Франција од ЕУ. Евроскептиците во Холандија, Данска, Финска, го прославуваат резултатот на референдумот како сопствена победа. Прикриено се радуваат и поддржувачите на појака интеграција на ЕУ, кои во членството на Велика Британија гледаат англо-американски заговор и пречка во создавањето на европска федерална држава. Британската фунта губи 20 проценти од својата вредност, паѓа вредноста на еврото… Во Брисел главоболки, во Москва Владимир Путин отвора шампањ за прослава.  Една година подоцна на самитот на Г-7 учествуваат Доналд Трумп, Борис Џонсон, Марин Ле Пен, Бепе Грило…

Денес, на 23 јуни 2016 г. Британците ќе мора да одговорат на хамлетовското прашање „Да се биде во ЕУ или не?“. Колку да изгледа лошо опцијата за останување во бирократската, пререгулирана ЕУ, и другата перспектива за излегување не изгледа дека е добра. Во изборот на навидум две не толку добри опции, се надевам дека Британците ќе ја изберат опцијата за останување.

Како Британците се најдоа во оваа состојба? Тие не се изјаснуваат првпат на референдум за своето членство во ЕУ. Британија се приклучува на ЕУ 15 години, по првата шесторка, во 1973 година и веќе во 1975 година се одржува референдум, на кој 67 проценти Британци се изјаснуваат за ЕУ. Тогашниот референдум го организира лабуристичката влада, која се поделува, а конзервативците се на ЕУ страната. Во сегашниот референдум, конзервативците се поделени, а лабуристите, главно, се за останување во ЕУ.

Read more

Да се има доверба или не?

Објавувањето на анкети, а особено од странски реномирани организации како ИРИ секогаш го привлекуваат вниманието на медиумите и на јавноста. И додека вообичаено фокусот на медиумите и на јавноста е на партиските рејтинзи и рејтинзите на партиските лидери, објавувањето на последната анкета на ИРИ предизвика внимание и на јавното мислење за институциите, односно довербата во нив. Во насловите во медиумите доминираа тие за раст на политичката нестабилност и општиот пад на доверба во институциите, а покрај тоа дел од медиумите ја акцентираа поддршката на СЈО и довербата во претседателот на државата.

da-se-ima-doverba-ili-neПолитичката стабилност е најкревка во последните десет години. По врвот на перцепцијата на стабилност (56 проценти) во 2009 година, сега сме на самото дно, при што само 5 проценти граѓани сметаат дека е состојбата стабилна, 55 проценти сметаат дека е несигурна, а 38 проценти дека е нестабилна. Со тоа е поврзана перцепцијата дека Македонија се движи во погрешна насока од високи 58 проценти, највисоки во последните десет години. Вака високи ниво на перцепција на несигурност и на нестабилност, и чувство на движење во лоша насока, се катастрофални за политиката, општеството и економијата, и се неодржливи на средни патеки. Разврската на политичката криза е есенцијална за намалување на перцепцијата на несигурноста и нестабилноста. Од тој аспект битно е како влијае можното одлагање на изборите за редовниот термин во 2018 година. Ако тоа одлагање на изборите не е дел на решението на политичката криза и ако останат чувствата на несигурност и нестабилност сигурно ќе се случат негативни трендови во сите полиња, вклучувајќи ја и економијата.

Чувството на несигурност и нестабилност е потхранувано од сегашната политичка криза, но за забележување е дека таа е само втора на листата на најсериозни проблеми на Македонија. Сигурно најсериозен проблем како во сите претходни истражувања е невработеноста (вкупно 44 проценти како прв и втор најсериозен проблем). Доколку се додадат другите слични предизвици како сиромаштија, ниски плати и сл.  економската благосостојба е најсерозниот проблем за граѓаните. Значајно за анализа на сегашната состојба дека корупцијата (9 проценти), криминалот (8 проценти) и владеење на правото (3 проценти) се на 6-то, 7-мо и 12-то место на најсериозни проблеми, што значи дека тие се перципираат како многу помали проблеми отколку невработеноста и сиромаштијата.

Read more

Сами себе се заплетуваме, сами себе се расплетуваме

Во еден од претходните коментари „Јасно е дека ништо не е јасно!“ заклучувам дека правењето на политичка анализа во Македонија станува сè повеќе невозможно и затоа само пред неколку седмици анализите вклучуваа сценарија десетици сценарија од одржување на избори на 5 јуни, без  политички натпревар, од неучество само на СДСМ до неучество на повеќето главни политички партии, преку одлагање на изборите за [стави датум] од септември или декември 2016 година или 2017 година, до повторно воспоставување на политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Кога толку многу сценарија се актуелни, јасно е дека ништо не е јасно!

Состојбите се такви поради тоа што нашите политички партии не се организирани врз основа на општи интереси, туку се организирани како патрон – клиентелистички групи кои делуваат врз основа на нивниот теснопартиски интерес Сега веќе не е во прашање и теснопартиски интерес, туку внатрепартиски тесногрупен и личен интерес. Кога има општи интереси, вредности, начела, постои одредена конзистентност, односно предвидливост на политичките процеси. Кога постои тесногрупен и личен интерес, нема конзистентност, политичките процеси се непредвидливи. Друга можност е, пак, елементот на непредвидливост политичарите да го употребуваат за спинување на процесите, за да се доведе во забуна јавноста околу тоа што навистина се случува. Без разлика дали е отсуство на интереси, вредности, конзистентност, односно доминација на тесногрупни и лични интереси или пак спинување на настани, се наоѓаме во состојба на луд, збунет и (не)нормален.

sami-sebe-se-zapletuvame-sami-sebe-se-raspletuvameТаа состојба на луд, збунет и (не)нормален влезе во спирала на „Луд, полуд, најлуд, [стави име]!“ и кусогледоста на теснопартискиоте интереси, ги стави во залог фундаментални начела како владеење на правото и макроекономската стабилност, и стратегиски ориентации како евроатлантските интеграции.

Read more

Каква е оваа ситуација?!

Пред десетина дена Институтот за демократија (ИДСЦС) објави истражување на јавното мислење за актуелните политички случувања во Македонија насловено „Каква е оваа ситуација?!“. Институтот за демократија направи едно навремено и соодветно истражување на јавното мислење во период на продлабочена политичка криза, откажани избори и релативно конфузна состојба за што коментирав во неколку наврати. Истражувањето опфаќа  повеќе теми од ставови за аболицијата и за протестите, за вклученоста на меѓународната заедница и за довербата во правосудството и политичките лидери. Значајно е дека во истражувањето за да обезбеди репрезентативност според политички (партиски) преференци направено е пондерирање на резултатите според парламентарните избори. Оттука повеќе резултати на истражувањето заслужуваат осврт.

kakva-e-ovaa-situatsijaОткажувањето на изборите на 5 јуни, на кои ќе учествуваше само ВМРО- ДПМНЕ е одобрено од скоро двотретинско мнозинство на граѓани. По откажувањето на изборите, напуштена е Владата за организација на изборите, која вклучуваше и функционери на СДСМ, а воспоставена е политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, И додека за откажувањето на изборите има јасен став на граѓаните, мислењата се поделени каква Влада е потребна за излез од кризата. Скоро по една третина граѓани се за Влада составена на избори (36 проценти) и за Влада составена од непартиски експерти (39 проценти). Влада составена од власта и опозицијата има најмала поддршка од 16 проценти. Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ во големо мнозинство се за Влада составена на избори, додека симпатизерите на СДСМ, како и на ДУИ и донекаде на ДПА повеќе се за Влада на непартиски експерти. Тоа што е јасно дека Влада составена од власта и опозицијата не ужива поддршка во ниту една општествена група.

Голема е поддршката (61 процент) за вклучување на граѓанските движења и организации во преговорите. Ваквиот став го подржуваат симпатизерите на СДСМ и ДУИ/ДПА, но и на ВМРО-ДПМНЕ. Но тука е потребно внимание што сè вклучува перцепцијата на граѓански движења и организации, на пример дали го вклучува ГДОМ? И додека граѓаните поддржуваат вклучување на граѓанското општество во преговорите, мнозинството граѓани (52 проценти) не поддржуваат протести, наспроти 46 проценти кои поддржуваат. Од тие што поддржуваат протести, две третини ја поддржуваат Шарената револуција или скоро една третина од сите граѓани. За влијанието на протестите многу важно е да се разберат причините и мотивите зошто 52 проценти граѓани не поддржуваат протести.

Read more