Чекајќи ги булдужерите

Не толку долго по посетата на Јоханес Хандл, специјалниот претставник на Германија, и Викторија Нуланд, помошник-државната секретарка на САД, и нејзината најава за скорешен договор, „големата четворка“ постигна договор. Иако во јавноста за говори за нов договор или Пржино 2, сепак станува збор само за анекс кој предвидува како ќе се спроведи договорот од Пржино.

chekajki-gi-bulduzheriteКако и самиот договор од Пржино и овој анекс-договор е заснован на баланс на политичката разврска (избори) и правната разврска (СЈО). Двете страни, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во оснава ги употребуваа политичките или  правните делови од договорот, кои ценеа дека им одговараат. ВМРО-ДПМНЕ го стави акцентот на политичката разврска, а СДСМ го стави акцентот на правната разврска. Едните, ВМРО-ДПМНЕ, сметаат на предноста во јавната поддршка, другите, СДСМ, на можните обвиненија. А не може да има само едно од нив, мора да се случи и политичка и правна разврска. Оттука единствен начин за излез од политичката криза е ВМРО-ДПМНЕ да му даде поддршка на СЈО, како што СДСМ мора да излезе на избори, без разлика што може да не им се допаѓа исходот. Последниот договор ги содржи тие елементи. ВМРО-ДПМНЕ даде гаранции дека во случај Уставниот суд да го проблематизира СЈО во рок од пет дена ќе се донесат соодветни закони за продолжување на работата на СЈО. СДСМ даде гаранции дека ќе потврди постоењето на услови за избори, најмногу преку легитимизација на избирачкиот список. Во однос на медиумите постигнат е компромис главно за операционализација на одредбите за медиуми во Изборниот закон, а другите реформи се остават за постизборниот период.

Read more

Крај на турскиот демократски експеримент?

Обидот за воен удар во Турција, го привлече фокусот на македонската јавност, не поради љубовта кон конспирации, туку поради тоа што се случува во Турција, директно или индиректно,  ќе влијае на Македонија.

kraj-na-turskiot-demokratski-eksperiment-1Збор-два за воениот удар. Несомнено, станува збор за обид за воен удар, во кој е вклучена една третина од високите офицери на армијата, која изведе координиран напад на повеќе точки во двата клучни града Истанбул и Анкара, но кој пропаднал поради три работи: прво, неуспехот да се зароби Ердоган, како и премиерот и министерот за внатрешни работи, второ, неуспехот да се заземе  претседателската палата, и трето, незаземањето на приватните телевизии и неблокирањето на интернетот. Но најважната причина за неуспехот е отсуство на јавна поддршка, не само во народот, туку и во бизнисот и елитата. Воениот урар го осудија сите опозициски партии, вклучувајќи кемалистичката Републиканска народна партија (ЦХП) и  курдската Демократска партија на народите (ХДП).

Од друга страна, тоа што ударот не е изрежиран, не  значи дека ситуацијата не злоупотребена („дар од бога“) од страна на Ердоган за конечна пресметка со движењто „Хизмет“ на проповедникот Фетулах Ѓулен. Прогонот на досега 50.000 војници, полицајци, наставници, судии е неселективна и непропрционална мерка, тоа е погром на неистомислениците. Од друга страна, за нас како мала земја со неразбирање на големите бројки, само за потсетување дека Турција има околу 3 милиони јавни работници, од кои над 300.000 во образование и над 180.000 полицајци.

Уште долго ќе се расправа за ударот и последователниот прогон, но сега за два аспекти важни за нас во Македонија: геостратегиската ориентација на Турција и натамошниот авторитарен тренд во Турција.

Read more

Од играчка плачка!

od-igrachka-plachkaНа прашањето „Да се биде во ЕУ или не?“, Британците на 23 јуни 2016 година, го дадоа својот одговор. И дадоа одговор кој го изненади, го шокира светот: да не се биде во ЕУ. Кога пред две седмици пишував: како Најџел Фараж, прогласува победа на референдумот; Дејвид Камерун поднесува оставка од  премиерската функција; Доналд Трумп ја поздравува историската одлука на Велика Британија за излегување од ЕУ; Марин Ле Пен  и евроскептиците во сите ЕУ-членки го прославуваат резултатот на референдумот како сопствена победа; а прикриено се радуваат и поддржувачите на појака интеграција на ЕУ, кои во членството на Велика Британија гледаат пречка во создавањето на европска федерална држава; британската фунта губи од својата вредност … не можев да поверувам дека кошмарот ќе стане реалност.

Не може да поверува и самиот Најџел Фараж, кој на денот на  референдумот дава изјави со кои се правда можниот неуспех. Не може да поверуваат ни британските обложувачници, кои понекогаш имаат подобри прогнозери од анкетите,  кои се до полноќ на 23 јуни предвидуваат останување во ЕУ, и таа ноќ губат десетици милиони фунти. Никој, вклучувајќи и Камерун кој го распиша референдумот и кобниот Борис Џонсон, не може да поверуваат. Британците гласаа да излезат!

Како Британците се најдоа во оваа состојба? Доколку во 2014 година, на референдумот за независна Шкотска, лабуристите го спасија Кралството, сега на референдумот за излез на Британија од ЕУ, лабуристите ја предадоа идејата за обединета Европа. На конзервативната страна, иако не е јасно формулиран станува збор за англиски национализам, кој поради ксенофобија се противи на миграцијата. Но референдумот го одлучија лабуристичките гласачи, британската работничка класа, која смета дека мигрантите им ги одземат работните места, водат кон стагнација на платите, ги зголемуваат кириите за домување, и го продолжуваат редот за чекање во јавното здравство. Се случи да лабуристичките гласачки тврдини гласаат за излез, иако огромното мнозинство лабуристички пратеници го поддржуваа останувањето. И се случи иронија, лабуристи ќе го донесат на власт десното крило на конзервативците!

Read more