Скопје го презема туристичкиот примат?

Крајот на летото е можност за осврт на тековната туристичка сезона, иако за анализа се достапни податоци од првата половина на годината. Податоците покажуваат пораст и на бројот на туристи и на бројот на ноќевања од околу 8,5 проценти, што укажува на веројатно успешна туристичка година.

skopje-go-prezema-turistichkiot-primatПодатоците за првата половина од годината се разликуваат од податоците за последните години во забележаниот раст на бројот на домашни туристи и нивни ноќевања, за разлика од нивниот пад во претходните години. Во претходните години постои раст на бројот на туристи со не толку значаен раст на бројот на ноќевања. Во 2015 година бројот на туристи е за цели 50 проценти поголем од 2011 година, но зголемувањето на бројот на ноќевања е помало и изнесува 26 проценти. Ваквиот тренд е заснован на скратување на просечниот престој од околу 3.9 ноќевања на околу 2.9 ноќевања. Ова може да се должи на повеќе фактори. Прво во вкупниот број на туристи стагнира бројот на домашни туристи, кои имаат подолг просечен престој, а расте бројот на странски туристи кои имаат пократок просечен престој. Второ, доколку се погледне дека стагнира бројот на домашни туристи, но бројот на ноќевања на домашни туристи се намалува, тоа значи дека и просечниот престој на домашните туристи се скратува. Дали е тоа дел од новата култура на повеќе кратки одмори, или рефлексија на незадоволство од домашната понуда е прашање за понатамошна анализа.

Оваа година ќе се натфрли резултатот постигнат во 2015 година од околу 2.4 милиони ноќевања, но тоа сè уште е далеку од најдобрата туристичка сезона во 1987 година кога се остварени речиси 4 милиони ноќевања. Туристички капацитети постојат, за што говори дека некогаш сме остварувале речиси двапати повеќе ноќевања. Но за тоа говори и нискиот процент на искористеност на хотелските и слични капацитети (соби), која во 2015 година изнесува околу 37 проценти, што е далеку од оптимална искористеност. Колку тие капацитети одговараат на туристичките потреби е посебно прашање.

Read more

Ниту непогода не ги премостува партиските јазови

Поминуваат десетина дена од поројните поплави кои го зафатија Скопскиот регион, во кои чувствата на тага и болка ги заменува силната солидарност на граѓаните! И додека граѓанската солидарност дава надеж дека можеме и подобро, партиите и политичарите нè враќаат во суровата реалност на партиските јазови. Непогодата ја погоди Македонија во политичка криза, со политички дијалог меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што се одржува со меѓународна медијација. Непогодата беше можност да се покаже лидерство и да се обедини нацијата во несреќа. И се чини дека во таа насока беше една од првите изјави на Зоран Заев, лидер на СДСМ, во која повика да се остават поделбите на страна и повика на единство и сосредочување на помошта на жртвите. Но таа можност за премостување на партиските јазови, се наруши со отворањето на партиска сметка на ВМРО-ДПМНЕ  за собирање на хуманитарна помош, а ја затвори Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со изјавата дека големо мнозинство на волонтерите се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Несреќен обид со назначување на помошта да се одбегне на прашањето на одговорноста. Патем, отворање на партиска сметка за хуманитарна помош е невидено пошироко и е страшен пример на партизација на хуманитарната помош, која мора да се заснова на начелото на неутралност.

nitu-nepogoda-ne-gi-premostuva-partiskite-jazoviСо заклучоците на Собранието завршивме во жална ситуација дека ниту непогода не ги премостува партиските јазови. Одлучувањето на Собранието, при што власта ги отфрли предлог заклучоците на опозицијата, а опозицијата не гласаше за предлог заклучоците на власта, го засилува впечатокот за неспособноста на македонските политички елити за основен политички дијалог. При што, со исклучок на барањето за одговорност, тешко може да се утврди што е разликата меѓу предлозите на власта и опозицијата. На пример што е разликата меѓу авансна исплата на оштетата (предлог на власта) и итна хуманитарна помош од 1.500 евра (предлог на опозицијата), бидејќи и едниот и другиот предлог во суштина се итна парична помош. Или, пак, барањето пренамена на буџет наменет за возила и репрезентативни објекти (предлог на власта) и запирање на градбата на панорамско тркало (предлог на опозицијата).

Read more

Поплава од неодговорност!

На 6 август на Македонија ѝ се случија катастрофалните поплави кои најтешко ги погодија населбата Ченто и руралните населби Стајковци и Инџиково, како и неколку други рурални населби во непосредната близина. Катастрофални поплави кои однесоа десетици и десетици животи и нанесоа голема материјална штета. Сè уште свежите рани, чувствата на тага и болка се мешаат со емпатијата и солидарноста, но и чувството на револт и барањето на одговорност!

poplava-od-neodgovornostТочно е дека сега фокусот треба да биде на солидарноста и помошта на настраданите, и дека за одговорноста има време кога ќе се бара. Но и покрај потребата за фокус на солидарноста, потребата од барање на одговорност не смее да се одлага. Прва причина е тежината на катастрофата, втората причина е дека ова е втор последователен август, во кој се соочуваме со човечки жртви во поројни поплави, првпат август минатата 2015 година во Тетовско, и вторпат овој август во Скопско. Дигањето рамена, дека е ова природна катастрофа, бегањето од одговорноста, ќе го оневозможи институционалното учење од грешките и ќе остави широк простор за ризик од нови катастрофални поројни поплави. Еднаш човек се сопнува од камен, и втор пат од ист камен, ама третпат од ист камен да се сопнеме ќе биде крајно неодговорно.

Не сум експерт ниту по метеорологија, ниту по шумарство, ниту по урбанизам и градежништво, ниту по сообраќај, но имам одредено животно и работно искуство во вонредни состојби и ќе си дозволам да коментирам дека поплавата не само природна катастрофа, туку и поплава од неодговорност!

Прв впечаток е дека и во минатогодишните и сегашните поплави погодените подрачја се рурални и сиромашни населби. Дожд се истури и во урбаниот и побогатиот Карпош, но таму покрај поплавените гаражи и подруми, и по некое скршено дрво нема позначајни штети. Карпош можеби биле подомаќини и на време вложиле во атмосферска канализација. Но сепак, се чини дека структурните разлики меѓу урбаните и руралните населби се толку големи да ги прави вторите многу поранливи на природни непогоди. Долгогодишната негрижа за руралните подрачја, за просторното планирање, за дефорестацијата, за мерките за заштита од поројни поплави, е наша колективна, општествена одговорност.

Read more