По 2015 година како година на опасно живеење или година што треба да ја оставиме зад нас што побргу, 2016 година можеше да биде година на ескалација или на разврска. Тоа што се случи е предизвик на статус квото во трите важни подрачја што нè засегаат нас: политиката во ЕУ, Запад – ислам и Запад – Русија. Всушност тоа што се случи е повеќе од предизвик, тоа е тежок потрес на статус квото, кој во овој момент не јасно дали ќе води кон подобро или е вовед во разурнувачка ерупција! Иако знаците постоеја ретко кој, можеше да предвиди дека ќе случат брегзит – моментот, крајот на турскиот демократски експеримент и руската одлучност.
Јакнење на десните популисти и екстремната десница, и во поретки случаи на екстремната левица на југот на Европа, беше предвидлив тренд. Јасен беше и огромниот предизвик за ЕУ со референдумот во Велика Британија „Да се биде во ЕУ или не“ или ризикот од брегзит, со што првпат наместо за ЕУ-проширување, започнува ЕУ-намалување. Но, оптимистичката пристрасност доведе во ситуација „Од играчка, плачка“. Брегзит не само што има и ќе има огромен импакт на самата Британија, ќе има импакт на евроатланскиот свет и со тоа глобален импакт.
