Две илјади и шеснаесета: предизвик на статус квото

По 2015 година како година на опасно живеење или година што треба да ја оставиме зад нас што побргу, 2016 година можеше да биде година на ескалација или на разврска. Тоа што се случи е предизвик на статус квото во трите важни подрачја што нè засегаат нас: политиката во ЕУ, Запад – ислам и Запад – Русија. Всушност тоа што се случи е повеќе од предизвик, тоа е тежок потрес на статус квото, кој во овој момент не јасно дали ќе води кон подобро или е вовед во разурнувачка ерупција! Иако знаците постоеја ретко кој, можеше да предвиди дека ќе случат брегзит – моментот, крајот на турскиот демократски експеримент и руската одлучност.

Јакнење на десните популисти и екстремната десница, и во поретки случаи на екстремната левица на југот на Европа, беше предвидлив тренд. Јасен беше и огромниот предизвик за ЕУ со референдумот во Велика Британија „Да се биде во ЕУ или не“ или ризикот од брегзит, со што првпат наместо за ЕУ-проширување, започнува ЕУ-намалување. Но, оптимистичката пристрасност доведе во  ситуација „Од играчка, плачка“. Брегзит не само што има и ќе има огромен импакт на самата Британија, ќе има импакт на евроатланскиот свет и со тоа глобален импакт.

Read more

Граѓаните одлучија: егзит за Груевски и Заев [2]

Предизборно, по барање на неделникот „Фокус“, и мојата прогноза беше дека резултатите нема да бидат во рамките на максималните очекувања и на ВМРО-ДПМНЕ (63 пратеници) и на СДСМ (+1 пратеник), а шансите за победа на ВМРО-ДПМНЕ се поголеми отколку тие на СДСМ. За иднината на лидерствата на двете партии значајни се резултатите во ИЕ 4 и 1. Мојата анализа беше дека резултатот може да го помести „брегзит“ тип на гласање меѓу гласачите етнички Албанци кон СДСМ и Беса. За постизборните настани и за Македонија да продолжи кон излезот од политичката криза, сметав дека ќе мора да го спроведе Договорот од Пржино докрај, што покрај политичка разврска (избори), вклучува и правна разврска (СЈО). Сметав дека новата Влада ќе мора да работи на намалување на поларизацијата во општеството и воспоставување на политички дијалог, пред се меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Без овие приоритети македонските евроатлантски интеграции се во ќорсокак, Македонија е во ќорсокак.

ВМРО-ДПМНЕ, иако е победник на изборите, доживеа пораз. Клучната добивка за ВМРО-ДПМНЕ е всушност потврдување на резултатите од 2014 година со што се покажува дека немало фантомски гласачи во 2014 година. Овој резултат е постигнат во контекст на бомбите, на Шарена револуција, на преодна Влада и други мерки од пржинскиот договор, но сепак е пораз бидејќи декларираната цел беше 63 пратеници, а постигнати се 51 пратеник, пред се поради незадоволството на независните гласачи и гласачите етнички Албанци. Се чини Никола Груевски го помина врвот на популарноста и натаму таа ќе се движи надолу. Не е проблемот во способноста на ВМРО-ДПМНЕ да мобилизира половина милион гласачи, колку што Никола Груевски мобилизира гласови против. Затоа време е за егзит на Никола Груевски. Тој со повлекување од мандатар на новата Влада, ќе придонесе за намалување на поларизацијата во земјата, што ќе биде и државнички и добро за партијата. Државнички, бидејќи со тоа ќе овозможи формирање на Влада, која може да се зафати со итните реформски приоритети и откочување на евроатлантските интеграции на Македонија. Ќе биде добро и за партијата, бидејќи без мобилизацијата против Груевски, прогнозите за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори се многу подобри.

Read more

Граѓаните одлучија: егзит за Груевски и Заев

Предизборно, по барање на неделникот „Фокус“ дадов мое видување на исходот на изборите, што беше објавено бројот од 2 декември 2016 година. За мене најважниот резултат на изборите на 11 декември е поразениот да честита на победникот, со што би се прифатиле изборите како фер и демократски. Мојата прогноза беше дека резултатите нема да бидат … Read more