И роднини и добри соседи [2]

Минатиот коментар „И роднини и добри соседи [1]“ беше вовед за што можеме да направиме за македонско-бугарското добрососедство. Бев свесен за предизвикот на темата, но тој предизвик некако стана поголем, потежок за само една недела. Прво, минатата недела на мојот напис како читател реагираше Јордан Костадинов, претседател на ОМО „Илинден“, кој напиша дека „ не може да се зборува за пријателство со нашите соседи“, поради нивното непризнавање на македонската нација и „насилната асимилација под нивна окупација“. Потоа подготувајќи се, читав написи на веб страната на „Бугарскиот културен клуб“ – Скопје (БККС). Тоа е организација чија декларирана цел е „промоција и афирмација на ценостите на бугарската култура“ и зближување и меѓукултурна толеранција на Бугарија и Македонија. Написите содржат ставови полоши од комбинираните службени ставови на Софија и Атина. Ако БККС така го доживува „заемното почитување“ на кое се повикива во нивната програма, како ли изгледа „нетолеранција“. А БККС во април имале средба со Марин Рајков, новиот бугарски премиер со стари ставови.

i-rodnini-i-dobri-sosedi-2-2Тоа што некои Бугари го доживуваат како добрососедство и како заемно почитување, всушност е барање за македонско само-укинување или во подобар случај како што напишав минатата недела како „територијално и временско ограничено“ признавање на македонската нација само во Република Македонија и само по 1944 година (АСНОМ). За среќа, не сите Бугари размислуваат така. Уште еднаш ќе се повторам, да, можеме да бидеме лути, но мора да бараме решение. Решението мора да е засновано на опстојување на македонската нација, култура и јазик и истовремени чекори на градење на доверба.

Најмалку спорна одредба на идниот Договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, базиран на Декларацијата од 1999 година, се заеднички седници на нашите Влади, нешто што веќе е договорено со Србија. Исто така, не треба да е спорно обновувањето на бугарски воени гробишта кај нас, како што е направено со англиските, француските и други воени гробишта, потсетници на воениот пекол, или со српските воени гробишта во Зебрењак, Младо Нагоричане, Кумановско и одбележувањето на 100-годишнината на Кумановската битка.

Read more

И роднини и добри соседи [1]

Во мојот коментар од минатата недела „Добрососедство“ пишував за добрососедските проблеми, кои сите ги имаат, преку примерот на Унгарија и Словачка. Но кога се расправа за темата за добрососедството, покрај сите аргументи, дека нашите, македонски проблеми не се разликуваат од туѓите добрососедски проблеми, постои реакција дека не е исто, другите немаат соседи како нашите, кои не ги признаваат.

Сепак е исто, само не е споделено. Терминот „маѓаризација“ (унгаризација) се употребува за процес започнат во 19 век, во кој унгарскиот јазик, унгарските имиња на места (топоними) и унгарски имиња и презимиња се наметнуваат на Словаците, Хрватите, Србите, Романците, Русините, дури и на Германците и Евреите. Слично како и со „русификацијата“. Та дури и во сега мирољубивата Скандинавија, Норвежаните говорат за „400 години темнина“ за време на нивната унија со Данска. Тоа се последиците на создавање на држави – нации во 18 и 19 век.

И кога говориме за непризнавањето од соседите, да употребуваме факти. Два наши соседи, Србија и Албанија, признаваат македонско малцинство во своите држави. Ама, едните црквата не ја признавале, другите со БЈРМ комуницирале. Да, има проблеми, но нацијата ја признаваат и на нас е да работиме да ги надминеме проблемите. Од другите три соседи Косово, Бугарија и Грција, само Грција во целост ја оспорува Македонија, Македонците и македонскиот јазик.

Read more

Добрососедство

Локалните избори на 24 март беа и поминаа. Доволно време и внимание им беа посветени, па сега по изборната пауза време е да се вратиме во реалноста. А таму нè чека уште една шанса за напредок во ЕУ-интеграциите. Всушност шансата за напредок во ЕУ-интеграциите е пред целиот регион на Западен Балкан: Македонија и Србија, во зависност од пролетниот извештај на Европската комисија се пред одлука до јуни, во оваа претседателство, за започнување на преговорите со ЕУ; Косово за одлука за започнување на процесот на стабилизација и асоцијација… Албанија по донесувањето на клучните закони и изборите може да добие шанса за отворање на преговорите. Секако, секоја земја со својата тежина на исполнување на домашните задачи. Но имаме можност Македонија (и Србија) да ѝ се придружи на Црна Гора во преговорите за ЕУ-членство, можност за сите земји од Западен Балкан да направат чекор понатаму. Можноста не сакам да ја наречам историска, прво зашто кај нас секој чекор е историски и имаме хиперинфлација на значајност, второ и ако ја пропуштиме оваа, ќе има нова шанса. Но доколку не ја употребиме оваа можност, следната можеби ќе ја почекаме неколку години.

Тогаш, ајде да направиме сè што можеме и што зависи од нас да ја искористиме таа можност. Очекувањата од високиот пристапен дијалог и не се многу високи: владеење на правото, слобода на изразувањето, борба против корупцијата и добри меѓуетнички односи. Работи што не ни требаат за Брисел, туку за нас самите. Клучни се очекувањата во однос на добрососедството, чекори за решавање на спорот за името и чекори за постигнување на договор за добрососедство со Бугарија.

На почеток треба да си расчистиме дека добрососедството не е нова пречка на нашата интеграција, туку норма што сите членки на ЕУ ја исполниле. Во основа со тие договори се признаваат меѓусебните граници, страните се откажуваат од секакви територијални претензии и се уредуваат отворени прашања како националните малцинства.

Е да, ама другите немале вакви соседи како ние! Не е баш така. Ама сто стапа по туѓ грб не болат! Секако дека договорот меѓу Германија и Полска не бил ни малку лесен. Или, пак, договорите меѓу Унгарија и Романија и Словачка.

Read more

Признание, почитување!

Во 1998 година ми се случи едно од најпријатните изненадувања. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), кој тогаш го водев, доби награда за демократија и граѓанско општество, доделена од priznanie-pochituvanје-1ЕУ и САД, по повод на 40-та годишнина од Римскиот договор. Наградата беше потпишана од Вилијам (Бил) Клинтон, Тони Блер, како претседавач на ЕУ и Жак Сантер, претседател на Европската комисија, а ни ја предаде тогашниот британски амбасадор Марк Дикинсон. Тоа што ме изненади не беше паричниот износ на наградата, тоа што ме изненади беше признанието. Признанието тешко се вклопуваше во мојата, во нашата негативна култура, култура на непрепознавање, на непризнавање на успехот, на доброто. Култура во која секогаш кога говориме за некој или нешто, почнуваме со слабостите, а добрите страни не стигнуваат на ред. Тогаш ја разбрав моќта на признанието на добрите страни, наспроти нагласување на слабите страни. Тогаш разбрав дека покрај проблеми, потребни ни се и успеси, потребни ни се позитивни модели.

Толку бевме инспирирани сите во МЦМС да донесовме одлука за воспоставување на две македонски награди: за демократија и граѓанско општество, и за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн“. Низа на активисти и организации беа добитници на наградите во годините кои следеа. Последна година во која се доделија наградите беше 2005-та година. И тоа не беше свесна одлука за престанок на наградите, едноставно се случи. Дали како што ми вели еден од моите најдраги пријатели „на крај сето ова ќе го изеде ентропијата“, дали надвладеа непризнавањето?

Read more