Претседателски кандидат

Оваа, 2014 година, без разлика дали ќе има предвремени парламентарни избори, може да биде запаметена како година на претседателски избори со значење. Претседателски избори со значење не поради историскиот период што нѐ очекува, бидејќи кај нас секој период е со историско значење, туку поради фактот дека успешни претседателски избори ќе имаме само со претседателски кандидати што можат да ја надминат поддршката од политичката партија што ги предлага, што можат да обезбедат поддршка и од други партии и независните гласачи.

Во целиот период по независноста, поради етничката поделба на гласачите во Македонија, победува претседателски кандидат што добил поддршка надвор од симпатизерите на политичката партија што го предлага. За претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во минатото таа поддршка ја обезбедувале ДПА и ПДП. Таа поддршка често беше поддршка на врвовите на тие политички партии, но не и нивните симпатизери, и најчесто постоеја обвинувања дека поддршката е со полнење на гласачките кутии. Тоа се промени во 2009 година, кога на тогашните претседателски избори отсуствуваше полнење кутии, но успехот на претседателските избори беше обезбеден со намалување на прагот на излезеност на гласачите на 40 отсто од претходните 50 отсто и со истовременото одвивање на локалните избори. Немаше полнење кутии, но поради намалениот праг на излезеност и истовременото одвивање на локалните избори не постоеше притисок кандидатите да бараат поддршка од други политички партии.

Read more

Отворање на комши-капиџиците

Изминатите недели беа објавени две истражувања, за првпат „Глобално водство, соседство и односи со Бугарија“  и по трети пат  „Спорот за името 2013“, во издание на МЦМС и ИДСЦС, а мое авторство. Двата извештаи ги третираат  односите на соседите со Македонија, за што се осврнав во „Србофилија?“, како  и два важни предизвици: договорот за добрососедство со Бугарија и спорот за името, вклучувајќи и од аспект на можни решенија.

Односите со Бугарија, според секој втор граѓанин се оптоварени со историјата и различното толкување на историјата, а секој десетти смета дека е проблем  теснопартиското дејствување на националните политичари. Граѓаните во Македонија ја чувствуваат Бугарија како пријателска или неутрална (53,4%),  голем е бројот на граѓани кои ја чувствуваат како непријателска (43,4%), а перцепцијата за пријателство со Бугарија, од 2008 г. кога изнесувало 74,7%,  има тренд на намалување. На добрата страна, огромно мнозинство граѓани сака подобрување на односите со Бугарија (87,8%), сметаат дека склучувањето на договорот за добрососедство е од  важност (85,4%) и очекуваат поддршка од Бугарија на патот во ЕУ (87,5%). Граѓаните се релативни оптимисти во односот на договорот за добрососедство и очекуваат договорот да се склучи за една година или не подоцна од две до пет години.

Read more

Ik ben Nederlands

Пред педесетина години, еден многу познат политичар рекол „Ich bein ein Berliner“ (Јас сум берлинец) во знак на солидарност со граѓаните на Берлин. Денешниот коментар го насловив „Ik ben Nederlands“ (Јас сум Холанѓанец) во знак на солидарност со Холандија.

Поводот е неодамнешното пишување на дневен весник, на насловната страна, со наслов „Холандската амбасада финансира опозиција и создавање парадржавни системи во Македонија“. Што пишува весникот? Холандската амбасада  објавила повик за поддршка на медиуми, со кој весникот обвинува дека ќе се финансира, со 80.000 Евра, отворање на нов дневен весник и четири портали блиски до опозицијата и дека тоа се врши на нетранспарентен начин. Тоа е само основа за градење на теза дека Холандија тоа не би го направила доколку не блиска со опозицијата и албанските партии во Македонија и дека со тоа намерата е да се работи  против актуелната владејачка гарнитура и против Република Македонија. За поткрепа на тезата весникот тврди дека Артан Груби и „Разбуди се“ се финансирани од холандската амбасада, исто како и ЛБГТ центарот и геј-парадите. И Холанѓаните никогаш не финансирале нешто општествено корисно како образование, претприемништво, земјоделие или култура.

ik-ben-nederlandsМногу ретко реагирам на пишување на весници, поаѓајќи од тоа дека секој има право на своја уредувачка политика. И нема потреба да бидам дрвен адвокат, Холанѓаните веднаш одговорија со факти на сите тврдења на весникот. Немаше да се солидаризирам доколку написот останеше изолиран. Но написот не остана на маргините, туку беше пренесен од новински агенции и неколку национални телевизии. Затоа имам потреба да се солидаризирам со Холандија и да им порачам, и јас сум Холанѓанец. Јас сум убеден дека Холандија била, е, и ќе биде наш пријател, и дека повеќето граѓани ја чувствуваат како таква – пријателска.

Read more

Србофилија?

Уште не стивнаа коментарите за украинизација и османизација на Македонија, кои, како што коментирав  во „Македонија не е Украина“ имаат иста функција на потикнување на страв,  се постави прашањето „до каде може да стаса оваа србофилија“? Поводот е изјавата за заеднички амбасади на земјите од регионот, а аргументацијата се споменикот на Цар Душан, изградбата на Офицерскиот дом, продажбата на земјата каде била куќата на Мајка Тереза, заедничката владина седница со Србија, заедничките полициски патроли и гранични центри со Србија. Србофилија имало и кај медиумите, граѓанското општество и интелектуалците. И така таа „владина србофилија дава свои резултати и кај македонските граѓани кои сметаат дека најдобриот сосед е Србија“.

Поради селективноста на аргументите, односно памфлетскиот карактер на тезите, можеби и не треба да се коментираат или може лесно да се побијат, но сепак темата заслужува повеќе дебата. Неколку примери за лесно побивање.  Како е србофилија продажбата на земјата каде била куќата на Мајка Тереза, ако истовремено е изградена Меморијална куќа на Мајка Тереза, воведена државна награда „Мајка Тереза“, преименуван е Клиничкиот центар (најголемата болница во земјата) и булеварот Водњанска во Скопје во Мајка Тереза!? Како е србофилија наводното игнорирање на ставовите на Српската православна црква (СПЦ) кон Македонската православна црква, кога е во затвор Зоран Вранишковски (според СПЦ нивни владика), а неговата црква е нерегистрирана? Или обратно, дали Албанија треба да ја чувтсвуваме непријателска само поради тоа што службено ја употребува привремената референца?

bugarijaТочно е дека граѓаните на Македонија, според неодамна објавеното истражување на МЦМС, за најпријателски сосед ја сметаат Србија. Исто така  граѓаните етнички Македонци и етнички Албанци имаат различни перцепции за најпријателски сосед, додека за едните тоа е Србија, за другите тоа е Албанија. Зошто граѓаните ја перцепираат Србија како најпријателски сосед? Перцепцијата за најпријателска земја, тесно е поврзана  со најдобрите лични искуство, како и најдоброто познавање на историјата и културата. Покрај културните врски, секако важни се и економските и политичките односи.

Read more