Мојот прекрасен Охрид! [2]

Во коментарот кој претходеше на овој, поттикнат од расправата за (не)успешноста на туристичката сезона во Охрид, коментирав дека Охрид е неоспорно најврвната туристичка дестинација во Македонија, и не само во тука туку и на Балканот, а од друга страна Охрид, како и Македонија, е соочен со трендот на намалување на домашните туристи и раст на странските туристи. Порастот на странските туристи најверојатно се должи на владините мерки за подобрување на авиотранспортот и на субвенциите за странски туристи. Во недостаток на истражувања и анкети за причините за намалување на домашните, мојата претпоставка тоа е поради сегментацијата на интересот на туристи од Македонија.

mojot-prekrasen-ohrid-2Охрид треба да одлучи каква стратегија ќе развива: за пониско ниво на туристи (најниска цена), за повремени жители (станови), за лесна пристапност или за повисоко ниво на туристи?

Владините субвенции за странски туристи, можат да бидат дел само од стратегија на најниска цена и привлекување на гости на пониско ниво. Ваквата стратегија може да функционира само на средни патеки, повеќе како мерка за преживување, отколку како мерка за развој. Охрид како своја предност го има културното наследство и националниот парк.  Плажите на скоро 700 метри надморска височина можат да бидат дополнување на тоа што е предност на Охрид, а не основна понуда. Охрид не може да биде  конкурентен на масовниот олинклузив-туризам на Турција или Бугарија, или на апартманскиот туризам на Грција. И градбата на станови за повремени жители не би требало да биде пристапот за развој на туризмот во Охрид поради деградација на природата и ограниченото влијание на туристичките приходи.

Доколку Охрид не сака или не може да биде конкурентен во масовниот туризам, или пак во повремените жители, во која насока треба да се работи? Може да се размислува за два можни стратешки пристапа: лесна пристапност и  врвна туристичка понуда за повисоко ниво туристи. И двата пристапи имаат предност бидејќи не се засноваат на најниска цена, но бараат сеопфатен пристап.

Read more

Мојот прекрасен Охрид!

Само што започна летово, започнаа и летните расправии за успешноста на туристичката сезона во Охрид. Наводно туристичката сезона била пропадната, хотелите и сместувачките капацитети биле празни, и градските власти планирале мерки за спас на сезоната. Пишувам наводно, бидејќи успешноста може да се мери само доколку постојат јасни очекувања и планови (број на гости и ноќевања) и јасни извештаи, а не ми е познато да постојат јасни очекувања. Секако самото спомнување неуспешна туристичка сезона предизвика голем број на коментари, секако најголем дел засновани на ривалитетот на Охрид и Скопје. Критичките гласови беа за високи цени и неуслужливоста во Охрид. Секако, на таа тема сите сме експерти и сите имаме свои ставови, а моето лично искуство е дека Охрид не е поскап од Скопје или други споредбени туристички дестинации, а за услужливоста имам и добри и лоши лични искуства, како во повеќето дестинации каде што сум патувал. Но точно расправата за цените покажува колку спротивни очекувања имаме за туристичката стратегија на Охрид, каква стратегија сакаме,  масовен, културен, врвен или каков туризам ќе се развива?

Една дигресија, ми се чини дека од исти извори  на новите медиуми се критикуваат  и цените во Охрид и ниските плати во странските фирми во економските зони. Истовремено тие извори не го поставуваат прашањето дали пониски туристички цени во Охрид ќе значат и пониски плати за вработените во туризмот? И додека сите знаеме колку се платени работниците во странските фирми, дали знаеме колку се платени тие во туристичкиот сектор? Дали знаеме дека просечната плата на работниците во угостителството е околу 13.000 македонски денари, и тоа за работа која вклучува работа во смени, ноќна работа и работа во викенди и за празници.

mojot-prekrasen-ohrid-2Ќе споделам мои согледувања за туристичката стратегија на Охрид, иако оваа сезона можеби главниот проблем е виша сила – силното невреме цело лето не само во Охрид и Македонија, туку и во поширокиот регион. Кога е толку лошо времето не само во туристичките места, туку и во местата главни извори на туристи, како Скопје или нашите соседи Србија и Бугарија, за очекување е  дека ќе има и намален број на туристи.

Read more

Духот на рамковниот договор

Тринаесетти август е денот кога свечено се потсетуваме на (Охридскиот) рамковен договор. Во медиумите се објавуваат пригодни интервјуа и анализи,  се одржуваат трибина, со кои јавноста за момент ќе се потсети на договорот кој внесе најголема промена во политичкиот систем на Македонија.

Вообичаените прашања кои се обидуваме да ги одговориме дали Рамковниот договор е спроведен или не, дали ги подобри состојбите или не,  понекогаш некој ќе го спомне „духот“ на рамковниот договор. И најчесто одговорите одат од крајност во крајност во зависност од етничката или партиската припадност.

duhot-na-ramkovniot-dogovorВо дебатата за спроведеност доминираат правичната застапеност и јазикот, иако тие се само еден дел од резултатите кои требаа да се постигнат со рамковниот договор. Всушност тоа што треба да се постигне со рамковниот договор може да се групира во пет подрачја: прекин на непријателствата, вклучувајќи враќање на раселените лица и обнова, развој на децентрализирана власт, недискриминација и правична застапеност, заштита од мајоризација (двојното или „бадинтеровото“ мнозинство) и идентитет, култура, јазик и образование. Да спомнам неколку работи кои најчесто не се спомнуваат, а се значајни постигнувања. Заштитата од мајоризација, двојното или бадинтеровото мнозинство, беше најавувано како катастрофа за Македонија, а се спроведува без проблеми години наназад. Употребата на знамињата на етничките заедници, прашање за кое се проли крв во Гостивар во 1997 година е зад нас. Бројот на студенти од етничките заедници е повеќекратно зголемен. На пример бројот на студенти етнички Албанци е зголемен од 586 (2.2 отсто) во 1992/93 година на 9.926 (16.5 отсто) во 2008/9 година, на студенти етнички Роми од 13 на 229, на студенти етнички Турци од 172 на 995.

Read more