Недела на гордоста

Неделата на гордоста, посветена на ЛГБТИ-лица (лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, интер-секс) или родовата и сексуална разноличност,  почна со правдање на организаторите дека нема воопшто да организираат парада позната како „геј прајд“. Немаше и „контра геј прајд“ закажан на фејсбук од непознати лица. А имало немил настан, кога е каменуван ЛГБТ-центарот во Старата чаршија во Скопје, за време на настан за отворање на неделата на гордоста.

nedela-na-gordostaГеј-парада немаше во Скопје, бидејќи организаторите процениле дека нема да има доволно учесници. Сакам да верувам дека тоа не е од страв од насилство – Боки 13 секој ден демонстрира родова и сексуална разноличност, па верувам дека е безбеден и покрај целиот говор на омраза против него. Верувам дека тоа е страв од неприфаќањето и стигматизираноста на сексуалната разноличност. Во земја што е конзервативна и каде е висока нетолеранцијата, хомосексуалците се непосакувани соседи за 78 отсто од граѓаните, најнепосакувани веднаш по лицата зависници од дрога и алкохол или тие со ХИВ-инфекција. Девет од десет граѓани на Македонија не ја оправдуваат хомосексуалност. И таквиот став не е цврсто поврзан со религиозноста, етничката или партиската припадност. На скалата од 1-целосно неоправдано до 10-целосно оправдано, оправданоста на хомосексуалноста е 2,1, а по групи таа кај етничките Македонци е 2,3; кај етничките Албанци е 1,5;  кај нерелигиозните лица е 2,8; кај религиозните 2,0; а кај симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ е иста.

Read more

Дијалог за спорот за името

Изминатите денови невообичаен и голем одѕив беше предизвикан од изјавата на Фил Рикер, заменик-помошник на државниот секретар на САД, за спорот за името. Изјавата содржеше две пораки, дека е потребен (јавен) дијалог и дека треба да го следиме примерот на Србија и на Косово. Но таквото чувство за невообичаеност кај мене делумно траеше до проверката на моите претходно објавени коментари. И минатиот јуни имав коментар „За кого работи времето“, на тема на спорот за името. Всушност нема ништо невообичаено пред или по датум за одлука за македонските евроатлантски интеграции да се зголеми нивото на дебата за спорот за името. И покрај тоа што повеќето работи се напишани, сепак неколку аспекти заслужуваат внимание.

dijalog-za-sporot-za-imeto-1Невообичаен беше повикот за (јавен) дијалог за спорот за името. Си велам мора да е грешка, од два аспекти. Првиот аспект, дијалог имало и има. Та да го земам во обѕир мојот придонес. Додека ја водев мојата поранешна организација МЦМС, се објави декларација „И Македонија и НАТО“, и се направија две истражувања на јавното мислење во 2010 и 2011 година. Во врска со спорот на името сум настапил во повеќе ТВ-емисии, а во последната година на моето пишување за „Нова Македонија“ сум напишал десетина коментари посветени на евроатлантските интеграции, добрососедството и спорот за името: почнувајќи „Од нас зависи“, „За кого работи времето“, „(Анти) Американизам“ преку „Најдолгиот пат“ до „И роднини и душмани“. Вториот аспект, разговорите во ОН за спорот за името се во затворен формат. Како што биле и сите клучни договори во светот, регионот, па и кај нас. Не се сеќавам да се водеше јавна дебата за Охридскиот рамковен договор, пред неговото склучување. И по последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, следеа вообичаени изјави дека двете страни се обврзале да не објавуваат детали од предлогот во интерес на преговарачкиот процес! Тогаш зошто Фил Рикер ни порача дека дијалогот е најважен за спорот за името? И за каков дијалог да стане збор кога не е познат предлогот што е на преговарачката маса? Да водиме дијалог (сослушување на аргументите), врз основа на медиумски шпекулации за тоа што е предлогот?

Read more

(Де)вмроизација на СДСМ

Промената на раководството во една политичка партија по низа на изборни неуспеси е многу добра можност за преиспитување на партиската доктрина, стратегија и програма. Во јавната дебата, по промената во СДСМ, се појавуваат три правци: првиот правец кој бара да не се преиспитува наследството на претходното раководство (статус кво опција), вториот правец дека е потребна вмроизација на СДСМ, и третиот правец е дека е потребна либерализација на СДСМ. Првиот не заслужува внимание – ако се изгубени низа на избори, статус кво е невозможно, мора да има промени.

Најгласен застапник за вмроизација на СДСМ е Саше Ивановски, уредник на Мактел, кој заслужува внимание поради својата неортодоксност и покрај неговата површност и вулгарност. Се препорачува вртење на СДСМ кон конзерватизмот: национализам и социјална конзервативност, со малку егалитаризам. Оправдувањето е дека тоа е моделот со кој ВМРО-ДПМНЕ победува, кој граѓаните го препознаваат и кој може да донесе победа на избори на СДСМ. Вртење кон национализмот треба да се направи во однос на спорот за името и за меѓуетничките односи, како и раскинување на коалицијата со ВМРО-НП и Љубчо Георгиевски, доколку не го смени својот став за Бугарија. Вртењето кон социјалната HHконзервативност ќе се постигне со истакнување на семејните вредности, поддршка на црквата („да се слика како пали свеќи“) и да се дистанцира од либерални теми, како ЛБГТ-правата. За истакнување на егалитарноста потребно е да се истакне скромноста (а не брендирана облека) и поддршка на политиките за сиромашните класи како субвенциите во земјоделието. Единствено што отстапува од конзервативниот авторитарен модел (на строг родител) е препораката да се вратат исклучените членови и да се дозволи фракционерство. Иако и тоа не отстапување, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ по 2006 година ги врати назад сите отцепени партии со исклучок на ВМРО-НП и Достоинство.

Од друга страна во „Како да се ослободиме од монструмите“, Никола Гелевски, публицист, нуди странски искуства како либералите поефикасно да им се спротивстават на конзервативците. Клучна препорака е градење на сопствената етичка перспектива, бидејќи прогресивните политики следат од прогресивни вредности. Соодветно тоа би значело повеќе егалитарност и демократија, а помалку национализам и социјална конзервативност.

Read more

Демохристијани и социјалхристијани

Јавната расправа за (законот за) абортус, е темата на која повторно се судруваат две различни идеолошки гледишта. Претходните години тоа беа веропоуката во државните училишта во контекст на секуларна држава, а во последниот период и ЛБГТИ заедницата, односно сексуалната ориентација. За многумина, и последната расправа за абортусот е изненадување, бидејќи станува збор за стекнато право. Најверојатно изненадувањето е и demohristijani-i-sotsijalhristijani-1поради инерцијата на поранешниот еднопартиски систем и соодветно еден идеолошки поглед на општествените прашања. Но таа инерција на еден идеолошки поглед се обидува да ја прекине ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година наваму, кога ВМРО-ДПМНЕ настапи со повеќе идеологија, презентирана во „Доктрина – вредности на ВМРО-ДПМНЕ“, според која конзерватизмот и народните и демохристијански традиции се основниот стожер на партијата.

Крајно поедноставени двата идеолошки концепти на левицата и десницата може да се дефинираат како либерални или прогресивни и конзервативни или традиционални концепти. Либералниот концепт е идеалистички, насочен кон иднината, клучни вредности се еднаквоста и солидарноста, фокус е општеството. Конзервативниот концепт е прагматичен, насочен кон минатото, клучна вредност е слободата, фокус е индивидуата. Разликите во двата концепти се одразуваат во економијата и општеството. Во економијата десницата е насочена кон дерегулација и намалување на даноците. Но во услови на неолиберален капитализам и намалување на разликите во идеолошките пристапи во економијата, понагласени се разликите во ставовите за општеството. demohristijani-i-sotsijalhristijani-2Левицата се залага за заедница заснована на етика, инклузивна, мултикултурна  и која се развива. На другата страна заедницата е заснована на морал, ексклузивна, етаблирана, националистичка. Концептите се разликуваат во  однос на семејството, вредностите кои детето треба да ги научи дома, како и ставот кон религијата. Од тука на глобалната политичка сцена најчесто идеолошките разлики се видливи околу прашањата за абортус и истополови заедници.

Read more