Техничка влада како консензуален претседател

Претходниот четврток во „Не зависи само од Македонија, но зависи и од Македонија“, повторно се навратив на новиот фокус на ЕУ и НАТО на Балканот и Македонија, засилен и со балканската иницијатива на Германија и Ангела Меркел. Доделувањето на кандидатски статус на Албанија е вистински потег на ЕУ за враќање на кредибилитетот на ЕУ-интеграциите. Во однос на што Македонија треба да направи може да се анализира во потесна смисла, на спорот за името и во поширока смисла, во што клучни се добрососедството, за што пишував претходно, и политичкиот дијалог.

tehnichka-vlada-kako-konsenzualen-pretsedatelПолитичкиот дијалог, започнат од лидерите Никола Груевски и Зоран Заев, заврши со неуспешна прва средба, што не е неочекуван епилог, пред сè поради големите разлики во ставовите на двете страни, како и изградениот мачо-амбиент на непопустливост.

Разликите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во погледот на изборите се толку големи,  што беше јасно дека нема да бидат надминати или да бележат прогрес уште на првата средба. ВМРО-ДПМНЕ е самозадоволен дека изборниот процес е добар, на пример тоа подрачје е најдобро оценетото подрачје од страна на „Фридом хаус“, и обезбедува минимум во еднаков терен за натпревар. СДСМ одбегнува поглед навнатре, на отсуството на алтернативи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и отсуство на кадровски алтернативи, и целата вина за изборните порази ја лоцира надвор од себе. Креаторите на опозициското мислење создадоа став меѓу поддржувачите на опозицијата дека СДСМ не може да го победи на избори ВМРО-ДПМНЕ и дека единствениот пат СДСМ да дојде на власт е техничка влада.

И барањето за техничка влада на СДСМ е како барањето за консензуален претседател на ДУИ – сите зборуваат за тоа, а никој не знае што точно е барањето. Почетното барање на СДСМ е техничка влада. Во потесното разбирање тоа е влада на експерти кои би организирале нови предвремени избори. Но никој од СДСМ не објаснува дали техничката влада ќе ги организира редовните парламентарни избори во 2018 година или пак ќе се организираат предвремени избори, веднаш или по некој период. Потоа срамежливо се кажува дека тоа е Влада во која СДСМ би имал пет-шест министри. Во тој случај тоа не е техничка експертска влада, тоа е политичка влада. За техничка експертска влада, само да потсетам на тешкотиите на формирањето на Комисијата за 24 декември, бидејќи прво ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не можеа да се договорат за независноста на експертите, а потоа дел од експертите не прифаќаа да ја водат комисијата.

Read more

„Не зависи само од Македонија, но зависи и од Македонија“

Балканот и Македонија повторно се во фокус на вниманието на ЕУ и НАТО, пред сè, како што пишував во „Спасибо, Путин!“, поради вознемиреноста на Западот од Путин и Русија. Балканот, и покрај ветувањата за ЕУ-интеграција, напредува бавно, поради своите слабости, но и поради зголемениот отпор за ЕУ-проширување во клучни земји на ЕУ. Во таков момент клучно е вклучувањето на Германија и лично на Ангела Меркел, канцеларката на Германија. Германија на 28 август 2014 година ќе биде домаќин на премиерите од Западен Балкан, настан кој е битен чекор во уверување на клучните чинители во регионот дека Германија и Ангела Меркел се подготвени да го поттикнат процесот на ЕУ-интеграции на Балканот, во деликатен момент на пораст на евроскептицизмот и во ЕУ изразен со отпор кон ЕУ-проширувањето и на Балканот изразен во пад на довербата на јавноста во ЕУ. По очигледната компромитација на Грција како водечка сила за ЕУ-интеграција на Балканот, многу е важно дека во Берлин постои разбирањето дека кредибилитетот на ЕУ-интеграциите во Балканот може да го поврати само земја како Германија. И таа обнова на кредибилитетот не значи дека Балканот веднаш ќе биде интегриран, туку дека постои германска гаранција за процесот.

ne-zavisi-samo-od-makedonija-no-zavisi-i-od-makedonijaВо рамките на балканската иницијатива на Германија, треба да се анализира и одговорот на Ангела Меркел, на прашање на прес конференцијата со српскиот премиер Александар Вучиќ, за спорот за името: „…ќе ме радува доколку наредниве месеци дојде до решение на проблемот со името“ и “Тоа не зависи само од Македонија, но зависи и од Македонија“. Ангела Меркел, како голем политичар со малку зборови упати многу силна порака. Јасно го изрази германскиот интерес, како претставник на Западот, за решение за спорот за името. Исто така јасно изрази дека тоа решение зависи и од Грција и од меѓународната заедница, но зависи и од Македонија. Земајќи го во обѕир зголемениот интерес на Германија, односно меѓународната заедница за решение, треба да се фокусираме на делот што зависи од Македонија. Притоа не смее да не обесхрабри евентуалното непримање на Македонија во НАТО во септември оваа година. Германија и меѓународната заедница ќе чекаат поволен момент за решение и во Грција, што земајќи ги во предвид состојбите таму, можеби нема да се случи до септември, но можеби ќе има нов развој потоа. Во тоа светло е и изјавата на досегашниот македонски преговарач за името и нов министер за одбрана Зоран Јолевски дека за приемот на Македонија во НАТО не е неопходен НАТО-самит, бидејќи  Македонија е веќе поканета, туку  тоа може да се случи на некоја средба на Северноатлантскиот совет. Тоа укажува дека можноста за решение за спорот за името не се затвора во септември, туку ќе постои и одреден период потоа.

Read more

Измислување русофилство

izmisluvane-rusofilstvo-1Во постизборниот период на панели, трибини, во написи, во различни форми, но со слична суштина, повторно се промовираа тези дека во Македонија постои поделеност околу стратегиската ориентација на земјата. Сумираниот наратив се движи од наводен судир во ВМРО-ДПМНЕ на американско крило и руско крило, до тоа дека во Владата учествуваа една партија што има евроатлантска ориентација и друга партија што има „азиска“ ориентација, а тој судир се одразува во намалување на јавната поддршка на евроатлантските интеграции.

Вакви или слични тези веќе ги коментирав во новогодишниот коментар „Македонија не е Украина“, и во интервјуто за „Република“ – „Македонија нема ниту да се украинизира, ниту да се османизира“. Но добро е да се повторат одредени работи.

Македонија има основен општествен договор за својата евроатлантска интеграција. Таа евроатлантска ориентација е заснована на длабоките политички, економски и културни  врски на Македонија со земјите на ЕУ и НАТО. Македонија е членка или кандидат во сите западни или европски институции, од Совет на Европа до Меѓународната организација на франкофонијата, каде Македонија е една од дванаесетте членки од Европа. Германија е водечки трговски партнер на Македонија, со ЕУ28 се остварува околу 70 отсто од трговската размена, додека Русија е на 12-то место на трговски партнери со скромни 1,9 отсто од трговската размена. Или, пак да ги погледнеме податоците за изучување на странски јазици во редовното основно образование како izmisluvane-rusofilstvo-2показател на културните врски: во 2011/12 година 198.856 ученици изучувале англиски јазик како прв јазик наспроти 81 ученик кои изучувале руски јазик како прв јазик, односно 98,7 отсто од учениците изучуваат англиски јазик како прв јазик. Од вкупниот број ученици кои изучуваат странски јазик, вклучувајќи и прв и втор јазик, 68,5 отсто изучуваат англиски јазик, 16,8 отсто француски јазик, 13,7 отсто германски јазик, и по 0,5 отсто руски и италијански јазик.

Read more

Германија денацифицирана

Европските избори ја отворија темата на порастот на екстремната десница, како што претходно пишував во „Помалку Европа“. Сликата сè уште не е јасна бидејќи станува збор за партии кои се идеолошки различни, без кохерентни цели. Евроскептичниот блок, Европа на слобода и демократија, предводен од британската Партија на независноста, доби околу 5 отсто од гласовите и го зголеми бројот на пратеници од 31 на 38 (од вкупно 751 пратеници). Пратениците што не се придружени на ниту една пратеничка група, освоија 5,5 отсто и го зголемија бројот на пратеници од 33 на 41. Тука водечка сила е францускиот Национален фронт со 24 пратеници. И блокот на новоизбрани партии, кои за првпат се избрани и се уште се немаат определено дали ќе се придружат на постојните пратенички група освои 8 отсто или 60 пратеници. Тука со 17 пратеници водечки е италијанскиот М5С – движењето 5 ѕвезди на комичарот Бепе Грило. Многу од партиите во оваа група воопшто не се ниту екстремна десница, ниту десница како М5С или германската Еколошка демократска партија ОДП. Најверојатно не може да се говори за повеќе 50-тина пратеници од екстремната десница, но и тука со големи варијации. Прво, групата на евроскептичниот блок Европа на слобода и демократија одбива соработка со францускиот Национален фронт, поради екстремизам и антисемитизам, а овие пак одбиваат соработка со унгарскиот Јобик, поради нивниот екстремизам. Најверојатно како прави неонацисти може да посочат германската Националдемократска партија (НПД), која освои 1 отсто гласови во Германија и доби 1 пратеник, и грчката Златна зора, која освои со 9,4 отсто отсто и доби 3 пратеници.

Read more