Три предлози за туристички раст

Деновиве бевме сведоци на предлогот на туристичките работници да се продолжи летниот одмор за учениците од 31 август на 15 септември, а со тоа да се продолжи туристичката сезона. Минатото лето, поттикнат од расправата на новите медиуми за наводната неуспешност на сезоната во Охрид, во три продолженија, под насловот „Мојот прекрасен Охрид!“ (1), (2) и (3), ги изнесов моите мислења за туризмот во Охрид. Сега овој предлог ме поттикна да го посветам овој коментар на три предлози за побрз раст на туризмот. А тој ни е потребен за искористување на неискористени капацитети за раст и отворање нови работни места и поместување на Македонија од дното на глобалната светска туристичка карта – во 2011 година Македонија е на околу 140 место во економијата на патувања и туризмот.

tri-predlozi-za-turistichki-rastИ моите предлози за побрз раст на туризмот овој пат нема да бидат туристички. Тие се опфатени во Националната стратегија за развој на туризмот на Македонија. Опс! Стратегијата која можев да ја најдам на Интернет е за периодот 2009 – 2013 година. За 2014-2018 година не можев да пронајдам стратегиски документ. Ако Македонија нема стратегија за периодот 2014-2018 година, што не можам со сигурност да го тврдам, тоа многу би говорело за пристапот на власта кон туризмот, како и за капацитетите на Министерството за економија, надлежно за туризмот. Барајќи ја стратегијата, пронајдов еден документ со многу долг наслов „Техничка помош за ревизија и имплементација на Националната стратегија за развој на туризмот на Република Македонија 2009 – 2013 година“. Документот е изработен од француски и домашни консултанти и експерти, во 2011 година, и, според мене, претставува многу добар стратегиски водич. Тоа е една исклучително критичка ревизија на Националната стратегија, во која се тврди дека на Националната стратегија ѝ недостига визија, или пак дека клучниот сегмент, домашните туристи,воопшто не се опфатени.

Read more

Пржинскиот рамковен договор

Кога минатата недела го пишував коментарот #ThisIsACoup за договорот од Брисел (за грчкиот долг), ја начнав темата за зазорот кон Германија. Но немав претстава дека ќе се развие во толку силна анти-германска реакција ширум Европа. Но за тоа повеќе во некоја друга летна жешка седмица. Сега од трите важни договори од минатата седмица, се враќам на нашиот политички договор.

Договорот постигнат меѓу партиите на „големата четворка“ – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, на 2 јуни и дополнет со протоколот од 15 јули, во јавноста е рефериран како политички договор или договорот постигнат во Пржино (ете и Пржино ќе стане историско место!). Некои политичари велат дека договорот е рамка, која треба да се надградува во понатамошните преговори.

przhinskiot-ramkoven-dogovorЈас на договорот реферирам како на Пржинскиот рамковен договор, со јасна алузија на Охридскиот рамковен договор. Охридскиот рамковен договор е договор за споделување на моќта, кој има елементи како заштита на малцински права (по нашки права на заедниците), децентрализација и одлучување со двојно мнозинство. Голема коалиција (меѓу партии за кои гласаат етнички Македонци и етнички Албанци) не е дел од Охридскиот рамковен договор, но е непишано правило уште од првата влада на независна Македонија. Охридскиот рамковен договор е резултат на тоа што во етнички и верски поделена Македонија, одредени заедници не гледаа начин да излезат од спиралата на маргинализација од мнозинството, освен на добијат трајни механизми кои ги заштитуваат нивните права. przhinskiot-ramkoven-dogovor-2Охридскиот рамковен договор е резултат на нашата тогашна неспособност низ политички дијалог да најдеме решенија за предизвиците. Тука не би навлегувал во расправа дека конфликтот во 2001 година всушност го прекина политичкиот дијалог меѓу тогаш владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДПА што водеше кон решенија на одредени прашања на етничките Албанци.

Read more

#ThisIsACoup

Откако пишувам коментари и мислења за Нова Македонија, го открив предизвикот за седмичното пишување: одредување на тема, анализа, став. Во разговор со колумнист кој пишува секој ден му изразив почит како има инспирација за секојдневно пишување. Добив одговор што не го очекував, дека е полесно да пишуваш дневно, отколку седмично. Кога пишуваш дневно се водиш од моменталната инспирација, а за седмично мора со одредена дистанца да донесеш одлука за кој од настаните и процесите од седмицата ќе пишуваш.

Ова седмица е една од тие седмици кога има толку настани, што тешко се донесува одлука. Седмица која ја означија три договори: договорот со Иран за нуклеарната енергија, договорот со Грција за трет пакет на помош и договорот на „големата четворка“ за излез од политичката криза во Македонија. Иако глобално важен, Иран е далеку од нашиот интерес, а за домашниот договор мора малку да слегнат првите впечатоци.

thisisacoupОвој коментар ќе биде за Грција. И тоа не поради ситно ситење на маките на нашиот сосед. Напротив на нашиот соседи му посакувам враќање на патот на просперитет по повеќегодишно страдање. И не поради исклучувањето на вината на Грција и Грците за дупката во која паднаа. Грција не може да се амнестира. Но овој коментар ќе биде повеќе за европските реперкусии од тоа што беше договорено во Брисел.

Пред да продолжам понатаму, само еден мој коментар за Ципрас. Еден наводно екстремен левичар, прифати и потпиша договор што еден десничар како Самарас, ни во сон не би го прифатил. Неверојатно! И на врв на тоа, Ципрас изјавува дека не верува во договорот, но ќе го спроведе!? Зошто да спроведуваш нешто во што не веруваш? Тоа ли е екстремна левица? Или на крај сè е за власт?

За наслов го избрав хаштагот на Твитер  #ThisIsACoup или „ова е удар“ или по нашки „ова е пуч“. Овој хаштаг ја опишува горчината меѓу Грците. Но овој хаштаг ниту е грчки, ниту е одраз само на грчката горчина. Хаштагот прв го употребува Сандро, учител по физика од Барцелона кој ќе напише „Предлогот на еврогрупата е таен државен удар против грчкиот народ“ #ThisIsACoup. За само неколку часа тој хаштаг е употребен над 200.000 пати, станува втор глобален хаштаг и водечки хаштаг на твитер во Германија и Грција. Содржината на сите твитови, на сите пораки носи горчина и претставува сериозен зазор за Германија.

Read more

„Иде Дунав, ризик јак…“

Во јануари оваа година, по победата на Сириза на изборите во Грција, го напишав коментарот „Грција кон радикални промени или ќе си легне на брашно?“. Тогаш ѝ посакав успех на новата грчка влада, поради релативно позитивниот став кон Македонија, но и поради тоа што успехот на СИРИЗА во економијата и посебно во демократизацијата и секуларизацијата може да создаде поповолен амбиент за грчко-македонските односи.

Развојот на настаните во Грција, непостигнувањето на договор со кредиторите, како и одлуката да се одржи референдум за понудениот пакет на мерки ме асоцира на „Иде Дунав, нема спас, ризик јак, мила душа….И да погинеш колку можеш ќе се спасиш“ – легендарната изјава по поплави во Куманово. Асоцијацијата е неизбежна. Грчката влада на надојдената должничка криза, реагира повеќе инстинктивно, преземајќи огромен ризик со навлегувањето во непознати подрачја, со надеж дека ќе преживее.

ide-dunav-rizik-jakПред луѓето во Грција, на 5 јули, се поставува тешко прашање. Толку тешко прашање што ги подели и нобеловците Џозеф Стиглиц и Кристофер Писаридес, кои претходно имаа заедничка изјава за олеснување на грчкиот долг, а сега зазедоа спротивни страни. Кристофер Писаридес директно го поддржа изјаснувањето со „да“ како начин на продолжување на дијалогот со кредиторската „тројка“. Стиглиц, од друга страна имплицитно се определи за „не“. Стиглиц смета дека и двата избори се тешки и со големи ризици.  Изборот на „да“, според него, би значела депресија без крај, уништена земја со распродадени богатства, со емигрирани млади луѓе, која можеби откако ќе стане средно развиена по една или две децении би добила поддршка од Светската банка. Изборот на „не“ може да значи преземање на судбината во свои раце, можност за обликување на иднината, која не била толку просперитетна како минатото, но би била многу понадежна од неподносливата тортура на сегашноста.

Read more

Слободни партии за слободно општество (2)

Во претходниот коментар, ја коментирав употребата на меѓуетничките односи и заробувањето на политичките партии и политичкиот натпревар, како еден од клучните проблеми во државата. Длабочината на проблемот е и поради тоа што ваквата состојба ја употребуваат сите партии од „големата четворка“ – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Повеќе се фокусирав на заробувањето на политичките партии и политичкиот натпревар, што се одвива во три фази: елиминација на „заканата“ од непартиски политички чинители, елиминација на конкуренти надвор од големата четворка и на крај заробување на сопствените партии. И на крај, сите три фази на заробување на политичкиот натпревар, се цементира со „американизација“ на изборните кампањи во Македонија, односно со доминација на телевизискиот политичкиот маркетинг, како најскап можен маркетинг за кој се потребни големи кампањски буџети.

Прочистување на избирачки список е важна мерка, но повеќе во односите на големата четворка, во стилот на приказната за Мурто и Курто. За ослободување на партиите, не се доволни ниту 6 или 12 или 18 месеци, потребни се структурни реформи на средни и долги патеки. Тие треба да одговараат на анализа на проблемите.

Потребен е развој на непартиски политички ангажман, развој на граѓанското општество, развој на партиципативна демократија, развој на директната демократија (граѓански иницијативи, референдуми)… Движењето против полициска бруталност, но и еколошките иницијативи, дури и иницијативата „На точак“, го воспоставија основите на еден автохтон, вкоренет, граѓански непартиски политички ангажман. Овие иницијативи неформални во својот карактер делумно и како протест кон организираното граѓанско општество, го имаат пред себе предизвикот на одржливоста (институционализацијата).

Read more