Бегство меѓу „се договориле“ и „неспособни се“

Со позајмен твит на симпатизер на власта ја насловувам колумната за бегството на Никола Груевски во Унгарија, кое одекна како ретко која вест, а многу добро ги опишува гледиштата на јавноста.
По неколкудневна потрага и исчекување, поранешниот премиер Никола Груевски објави на Фејсбук дека поради закани по неговиот живот, се наоѓа во Будимпешта и дека бара политички азил. Веста ги фрли во сенка сите други вести и ја преокупира целата јавност. Првите политички анализи говорат дека бегството ќе се одрази негативно по Никола Груевски и по ВМРО-ДПМНЕ, но и по власта. Дали е тоа така?

Read more

Прогресивна папазјанија, вторпат

Кога во април годинава се отвори дебатата за прогресивниот данок, како замена на рамниот персонален данок, ретко кој очекуваше дека даночните измени ќе бидат актуелни во истата година. Најверојатно бидејќи предлогот се чинеше недоволно обмислен, поткрепен, конфузен и наиде на голем отпор кај голем дел од бизнис-заедницата, но и од многу поддржувачи на СДСМ. Тогаш, како што пишував во „Прогресивна папазјанија 1 и 2“, беше потребна дебата од идеолошка до методолошка. Почетниот проблем за кој е наменета мерката прогресивен данок не е спорен, не е спорно дека во земјата има голема социјална нееднаквост и дека се потребни мерки за социјална правда. Спорни се дефинициите за богат, нееднаквоста во даночниот третман и намената на собраните средства.

Read more

Крајот на Меркел

Доколку изборите за ЕУ во 2014 година беа изненадувачки и предизвикаa „политички земјотрес“ поради напредокот на популистите и ненадејниот пораст на екстремната десница, како што анализирав во „Помалку Европа!“ (мај, 2014), оттогаш се наредија настани што укажуваат на јасен тренд на свртување надесно, како во Европа, така и глобално. Оттогаш се случи брегзит, како и победата на Трамп во САД, но следуваа победи на умерени партии во Холандија, Франција и во Германија, по што избрзано беше прогласена победа на партиите на естаблишментот против популистите. Во меѓувреме популистите се зацврстија во Централна Европа, претставувани од Орбан во Унгарија и Качински во Полска, брегзитот ја донесе Меј во В. Британија, а Италија заврте целосно антиестаблишмент олицетворено во Салвини.

Read more

Зошто не успеа референдумот?

Референдумот за конечниот договор со Грција заврши неуспешно, поради одзив од околу 37 проценти. Неуспешноста на референдумот не е само поради неисполнување на законскиот праг за успешност, одзив од 50 отсто или околу 900.000 гласачи. Неуспешноста е поради тоа што референдумот беше под очекувањата на тие што го распишаа и организираа, Владата и СДСМ. Од потпишувањето на конечниот договор со Грција, каде што референдумот може, но не мора да биде дел од постапката, како и одлуката на власта референдумот да биде консултативен, беше јасно дека Владата не очекува дека референдумот може да го постигне законскиот праг.

Read more

Неуспешна е консултацијата со граѓаните!

На 30 септември се одржа неуспешна консултација со граѓаните, референдумот за конечниот договор со Грција заврши неуспешно. Заврши неуспешно поради одзив од околу 37 проценти, кој можеби и ќе се спушти на 34 проценти ако се поништат резултатите во изборните единици каде што имаше полнење кутии. Неуспешноста на референдумот не е поради неисполнување на законскиот праг за успешност, одзив од 50 отсто или околу 900.000 гласачи. Неуспешноста е поради тоа што референдумот беше под очекувањата на тие што го распишаа и организираа, СДСМ и Владата.

Read more

Конечен договор без конечност (2)

Иако редовен коментатор и истражувач на спорот за името, првата анализа и коментар на конечниот договор со Грција ги започнав минатата седмица и ги продолжувам оваа седмица. Анализата ја засновам на тоа што повеќепати го имам истакнувано како можен компромис меѓу зачувувањето на идентитетот и стремежот за евроатлантските интеграции. Како што пишував, меѓу другото, и во „Ерга омнес, не, благодарам“ (1, 2) од мај оваа година, дека добар компромис би бил заснован на прифаќање на идентитетот од Грција (државјанство, јазик), ерга омнес решение во две фази, кое би стапило во сила во моментот на членство во ЕУ.

Read more

Конечен договор без конечност

По склучувањето на конечниот договор со Грција, повеќепати анализирав и коментирав за прашања поврзани со договорот, но досега го немав директно анализирано и коментирано самиот договор. Од друга страна, како редовен коментатор и истражувач на спорот за името, повеќепати имав истакнувано што би бил можен компромис меѓу зачувување на идентитетот и стремежот за евроатлантските интеграции.

Read more

И неодлучувањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот е одлука

Деновиве ќе помине рокот во кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави својот став за референдумот за спогодбата со Грција. Опозицијата и покрај критиките од сите страни за таквата позиција, за неискажување за референдумот, не го промени ставот, иако и неодлучувањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот е одлука. Зошто ВМРО-ДПМНЕ се одлучи за неодлучување и зошто, веројатно, крајната позиција ќе остане таква? Кои се аргументите за, против или #бојкотирам?

Read more

Категорични, а неинформирани

Крајот на јули, почетокот на август и деновиве се објавија најмалку четири анкети за спогодбата со Грција и тоа на МКД.мк спроведена од „Маркет висион“ (јули 2018), на МЦМС спроведена од „М-проспект“ (јули/август 2018), на ИПИС (август 2018), како и на ИРИ (јули 2018). Иако спроведени со разлика од неколку недели, како и со различно формулирани прашања, четирите анкети создаваат основа за почетна анализа.

Read more

За европски вредности референдум а ла Ердоган

Минатата седмица коментирав „Референдумот во хаос“, а по последните информации за можна масовна владина кампања за референдумот, тој почнува да личи а ла Ердоган. Доколку е така, за што може да се аргументира, се јавува клучното прашање дали до европски вредности може да се стигне со референдум а ла Ердоган, при што самата спогодба со Грција, ја исклучувам од анализата.

Read more