На прашањето „Да се биде во ЕУ или не?“, Британците на 23 јуни 2016 година, го дадоа својот одговор. И дадоа одговор кој го изненади, го шокира светот: да не се биде во ЕУ. Кога пред две седмици пишував: како Најџел Фараж, прогласува победа на референдумот; Дејвид Камерун поднесува оставка од премиерската функција; Доналд Трумп ја поздравува историската одлука на Велика Британија за излегување од ЕУ; Марин Ле Пен и евроскептиците во сите ЕУ-членки го прославуваат резултатот на референдумот како сопствена победа; а прикриено се радуваат и поддржувачите на појака интеграција на ЕУ, кои во членството на Велика Британија гледаат пречка во создавањето на европска федерална држава; британската фунта губи од својата вредност … не можев да поверувам дека кошмарот ќе стане реалност.
Не може да поверува и самиот Најџел Фараж, кој на денот на референдумот дава изјави со кои се правда можниот неуспех. Не може да поверуваат ни британските обложувачници, кои понекогаш имаат подобри прогнозери од анкетите, кои се до полноќ на 23 јуни предвидуваат останување во ЕУ, и таа ноќ губат десетици милиони фунти. Никој, вклучувајќи и Камерун кој го распиша референдумот и кобниот Борис Џонсон, не може да поверуваат. Британците гласаа да излезат!
Како Британците се најдоа во оваа состојба? Доколку во 2014 година, на референдумот за независна Шкотска, лабуристите го спасија Кралството, сега на референдумот за излез на Британија од ЕУ, лабуристите ја предадоа идејата за обединета Европа. На конзервативната страна, иако не е јасно формулиран станува збор за англиски национализам, кој поради ксенофобија се противи на миграцијата. Но референдумот го одлучија лабуристичките гласачи, британската работничка класа, која смета дека мигрантите им ги одземат работните места, водат кон стагнација на платите, ги зголемуваат кириите за домување, и го продолжуваат редот за чекање во јавното здравство. Се случи да лабуристичките гласачки тврдини гласаат за излез, иако огромното мнозинство лабуристички пратеници го поддржуваа останувањето. И се случи иронија, лабуристи ќе го донесат на власт десното крило на конзервативците!






До тука стигнавме преку употреба на договорот од Пржино, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, на политичките или правните делови од договорот, кои ценеа дека им одговараат. ВМРО-ДПМНЕ го стави акцентот на политичката разврска – избори, а СДСМ го стави акцентот на правната разврска – специјалното јавно обвинителство (СЈО). Едните, ВМРО-ДПМНЕ, сметаат на предноста во јавната поддршка, другите, СДСМ, на можните обвиненија. А не може да има само едно од нив, мора да се случи и политичка и правна разврска. Најдоброто можно сценарио за Македонија, изборите би се одржале што поскоро, со прочистен избирачки список, правна разврска (обвинителска одлука) би имал најмалку еден случај поврзан со наводни изборни злоупотреби, а во првите 100 дена на новата Влада би се постигнал договор со Грција за мерките за градење на доверба, се уште е можно. Но во моментот се придвижуваме кон најлошото можно решение за земјава, да со меѓусебно блокирање се одлага и политичката и правната разврска. ВМРО-ДПМНЕ мора да му даде поддршка на СЈО, како што СДСМ мора да излезе на избори, без разлика што може да не им се допаѓа исходот.
После мојот последен коментар „
нестабилност, ако смеам да речам на ненормалност, која отстапува од просечната, обичната, нормалната политичка состојба. Но оваа политичка криза трае скоро од декември 2012 година, последователниот мартовски договор, бојкотот на резултатите на последните парламентарни избори, „бомбите“, пржинскиот договор… Во претходниот период се редеа бојкоти од ДУИ (мајскиот договор 2008), од ДПА, серијата инциденти кои започнаа со македонската енциклопедија во 2009 година итн. Пред тој период беше конфликтот од 2001 година и последователните тешки години на спроведување на Охридскиот договор. Пред тоа беше косовската криза во 1999 година. Пред тоа имавме еднопартиски парламент во периодот 1994-1998 година итн. Всушност ретки беа периодите на стабилност како тој 1998-1999 година и 2006-2008 година. Во повеќе децениски период политичка криза, нестабилноста и ненормалноста е нашата просечна, вообичаена и нова нормална состојба!