„Демир Капија 2017“

Празничната посета на премиерот Никола Груевски на градилиштето на автопатот Демир Капија – Смоквица (Гевгелија), дел од Паневропскиот коридор 10, потсети колку малку се знае и дебатира за најголемото јавно вложување во последните години. Зошто дебата, па станува збор за јавно вложување во сообраќајна инфраструктура!? Затоа што за секое јавно вложување, а посебно големо јавно вложување како автопатот Демир Капија – Смоквица, мора да има дебата за цената, изведбата и за оправданоста. И додека за „Скопје 2014“ се дебатира веќе четири години и ги знаеме сите детали за цените, изведувачите, спориме за оправданоста, автопатот Демир Капија – Смоквица е речиси непознат, со исклучок на ретки анализи како таа во Буилд.мк.
Да почнеме од цената. Според различни извори, автопатот Демир Капија – Смоквица во должина од 28,2 км чини од 220 до 271 милион евра. Финансиската конструкција е затворена со 220 милиони евра кредити од ЕБОР и ЕИБ, 45 милиони евра грант од ЕУ (ИПА) и 6 милиони евра од буџетот. Цената од 220 милиони евра можно да е конечната на избраната понуда, но не можев да утврдам. Како и да е, цената е повисока од таа на „Скопје 2014“ и се финансира со јавен долг! Доволно аргументи за позначајна дебата.
За „Скопје 2014“ е познато кои се авторите, изведувачите, дури и кој колку пати патувал во Италија. За автопатот се избегнува спомнувањето на изведувачотАктор“, иако тоа е градежна фирма со репутација и меѓу 200 најголеми изведувачи во светот. Можеби не се спомнува бидејќи тоа е најголемата градежна фирма од Грција. Исто како „Терна“, градежната фирма што ја градеше обиколницата на Скопје. Немам против изведувач од Грција, но имам против кога условите за избор на изведувач се прават така што македонски градежни фирми не може да ги исполнат. Ама условите биле наметнати од кредиторите ЕБОР и ЕИБ. Кога ЕБОР и ЕИБ ќе дадат подарок пари, нека избираат услови, но кога даваат кредити, Македонија е таа што треба да избере услови. И така македонски фирми ќе градат автопатишта во странство, а нашиот ќе го гради странска фирма.

Read more

Ахмети – предлог за капитулација, лоша анализа или кампања?

Иницијативата на Али Ахмети, претседателот на ДУИ, за добрососедските односи и спорот за името, доби нови димензии со неговата посета на Грција, која дојде по одредено летно затишје. Сега е појасно е дека неговата јулска иницијатива за „отворање на дијалог за спорот за името“, не е само ад-хок акција, туку се повеќе планирани чекори, подржани од повеќе чинители.

Прво, добро е да се расчисти една дилема: дали Али Ахмети има  право на такви чекори како посетата на Грција, односно дали тој води паралелна надворешна политика. Одговорот е едноставен, да, Али Ахмети има право да има сопствени надворешнополитички средби. Како што тоа го прават ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со надворешнополитички средби, кои ги имаат во рамките на соодветните европски партиски сојузи или на билатерално ниво. Секако, правото на надворешнополитички средби не ја исклучува политичката одговорноста и посебно одговорноста за заштита на националните интереси.

Од иницијативата на Али Ахмети досега можевме да разбереме две работи: кој е последниот предлог на Метју Нимиц, како и дека според него сега постојат услови за разрешување на спорот за името. Што би рекле кумановци „к’д ако не с’к“.

ahmeti-predlog-za-kapitulatsija-losha-analiza-ili-kampan-aЗа комплетирање на сознанијата за последниот предлог на Метју Нимиц, покрај директната изјава на Али Ахмети дека предлогот е „Горна Република Македонија“, треба внимателно да се анализира изјавата дека проблем претставува противењето на ВМРО-ДПМНЕ да се промени уставот. Со интерпретација на оваа изјава може да се заклучи дека опсегот на употреба на договореното име опишан како “најширока можна употреба“ не исклучува и промена на Уставот, односно прифаќање на грчката позиција за сложено име за севкупно употреба или “ерга омнес“. Во досегашната комуникација нема детали како ќе се регулира државјанството и што не е  најважното прашање, какво што е прашањето како ќе се дефинира јазикот. Можно е во предлогот да не е предвидено решавање на оваа прашање, но мора да се земе предвид ставот на Грција за решение што нема да го засегне грчкиот карактер на Македонија. Така што нема да биде изненадување барање за т.н. додефинирање на јазикот со придавки, додавки, загради, на пример како  славомакедонски или македонски (јазикот според уставот на Горна Република Македонија) итн. Додефинирање на јазикот бара и Бугарија со предлог тоа да биде македонски (според Уставот на Република Македонија). И долга борба за правото на употреба на придавката „македонски“.

Read more

Зошто ни треба шумарот?

„Фала ти, ама, да бидам искрен, не го прочитав (м.з. извештајот на комисијата за 24 декември). Мене друго ме интересира: има ли некој проблем што ние сами со разговор, без посредници, можеме да го решиме? Никогаш досега тоа не се случило. Што докажува тоа? Дваесет и две години, сè некој друг ни ги решава проблемите што сами си ги создаваме. И тогаш, кукаме, плачеме, меѓусебно се плукаме кај странциве, за тие да ни го решат проблемот. Што ти кажува тоа?“ Ова беше одговорот на пријател со кого го споделив Извештајот за испитување на настаните во Собранието на 24.12.2012 година. На новите медиуми, коментари како „очигледно (м.з. извештајот) пишуван на англиски јазик, потоа преведуван на македонски“  или „напишан во Брисел, потоа прилагодуван“. Дали овие тврдења се точни? Ако, да зошто е тоа така?

zoshto-ni-treba-shumarotЗа извештајот за испитување на настаните во Собранието на 24.12.2012 година не треба да се анализираат формулациите, суптилни, вешти, типични за англоамериканската или европската политика, за да се види вмешаноста на странците или поточно Европската Унија, и на политичко и на стручно ниво. Тоа не е тајна, напишано е во самиот извештај. Извештајот во воведот ја наведува основата за работата на комисијата, т.н. Мартовски договор на политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ЕУ. Според формулацијата комесарот Штефан Филе не бил само медијатор во мартовскиот договор, туку ЕУ е страна во договорот. Во воведот се изразува благодарноста на Даниел Тарчус и Петер Ванхут, набљудувачи-експерти од ЕУ кои помогнале во анализата и споредбените искуства. На деветтата работна средба биле нотирани препораките на ЕУ и бил предложен првиот нацрт. Во извештајот има целосен опис за политичкото и стручното учество на ЕУ. На крај потврдено и со прес-изјавата на комесарот Штефан Филе на денот на потпишувањето.

Read more

еМагазин: Секоја мака на почеток, носи повеќе добивка потоа

full1Сашо Клековски, аналитичар, пораснал во скопската населба Автокоманда, во мал стан во кој што живееле две генерации.

„Во тој период Автокоманда беше маало на Егејци. Сите мои комшии беа Егејци. Растев дома, бидејќи не сакав во градинка. Тоа беше моето прво одбивање на авторитет. Во градинка одбив да јадам салама и добив ќотек од воспитувачката…“, раскажува Клековски, кој и самиот има потекло од Егејска Македонија, по татко му, кој е родум од леринско.

Неговата мајка Убавка, работела во „Комерцијална банка“, а татко му Панде во „Електро Скопје“ (ЕСМ).

„Од денешна перспектива се восхитувам како моите родители и покрај многубројните обврски успееа добро да ме воспитат и насочат.“

Дедо му Тасе (од страната на татко му) бил парализиран и се движел со количка.

„Уште од мал станав осетлив за ранливите групи. И покрај тоа што беше во количка, дедо ми излегуваше надвор и си ги извршуваше сите обврски. И баба ми Роса и дедо ми беа големи борци и се грижеа нивните две деца да можат да се образуваат. Од тоа сфатив дека единствено со вложување во образование можеш да оствариш одржлива социјална промена“.

Баба му Анѓа и дедо му Апостол, од страната на мајка му живееле во Гостивар.

„Тие имаа мала фарма со кокошки, мисирки и куче. Одењето кај нив ми беше интересна можност да запознаам и друг начин на живеење. Сите овие искувства од детството, постојаното среќавање со различноста придонесоа да го осознаам повеќекратниот плурализам во едноумието…“.

Read more

Локални или национални херои?

„Центар немал право да гради споменици и мостови“, „централната власт без законска оправданост префрлила 58 милиони евра“ беа насловите по објавувањето на „Прв извештај за вклученоста на Центар во ‘Скопје 2014’“ од авторите Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, избрани со решение на градоначалникот Андреј Жерновски.

Изlokalni-ili-natsionalni-heroiвештајот е анализа на правната рамка, на постапките за подигање на спомениците и на постапките за јавни набавки. Во него се заклучува: (1) „Центар немал надлежност за ваков тип на објекти“, како што и (2) „немала надлежност за објекти на реката Вардар“, (3) „градоначалникот на је контролирал законитоста на прописите донесени од советот“, (4) „сериозно нарушено функционирање на правната држава“, (5) „средства за оваа намена од централниот буџет на сметката на Центар нема законска оправданост“, (6) „реализација се одвивала на начин кој создава простор за нерегуларности и злоупотреба на буџетските средства“, (7) „во многу значајни фази од постапката реализацијата била оставена без јасно видлива и ефективна контрола“.

Четири од заклучоците, тоа првиот, третиот, четвртиот и петтиот, се засноваат на Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата (ЗМССО). И сите четири се засноваат на ограничена анализа на законот, без анализа на споредбени случаи и без да се  има во предвид одлуката на Уставниот суд.

Според извештајот, а врз основа на членовите 2,3,4 и 5 од ЗМССО, Центар подигнал меморијални споменици – монументални дела (чл. 3), а не спомен обележја – скулптури, фонтани (чл.4). Првите меморијалните споменици се надлежност на Собранието, а вторите, спомен-обележјата се надлежност на локалната самоуправа (чл. 5). Авторите се повикуваат на одредувањето дека меморијален споменик се подига за „настани и личности од исклучително значење“, а спомен-одбележја за „локално значење“. Но при тоа никаде не наведуваат дека и меморијални споменици и спомен-обележја се подигаат за настани и личности од членот 2 во кој член е уредено за кои настани и личности може да се подигне споменик. Од тука произлегува дека и меморијалните споменици и спомен-одбележјата може да бидат за исти настани и личности, можат да бидат скулптури и фонтани, а разликата меѓу меморијалните споменици и спомен-одбележјата се сведува на нивната монументалност. А што е монументално, а што не, е многу субјективно прашање. Тоа го прави законот фактички неприменлив во разграничување на меморијалните споменици и спомен-одбележјата и на надлежностите на Собранието и на локалната самоуправа. А Собранието реагирало, но на друга, етничка основа, но закажаната седница на Комитетот за односи меѓу заедниците во 2010 година никогаш не е одржана.

Read more

Рамковниот – баран и оспоруван

Ова година август како да не е месец за одмори! Али Ахмети го отвори месецот со иницијативата за спорот за името, која падна во „сенка“ на сечата на дрвата пред хотел Бристол – Скопје. Неделава почна со првичните наоди од комисијата на општина Центар за ревизија на проектот „Скопје 2014“. Сите овие настани заслужуваат анализа и коментар, но можеби понатаму, сега за нешто друго. Неделава помина и 13 август – дванаесетгодишнината од потпишувањето на рамковниот договор. Помина без ниедна насловна страница на главните дневни весници на македонски јазик, со кратки агенциски вести и ретки пошироки коментари. Тоа е така зошто рамковниот договор не функционира или зошто функционира, или е нешто трето во прашање?

Не ретко рамковниот договор е оспоруван, дека не е решение, дека лошо се спроведува… Некои од критиките на Охридскиот рамковен договор или се неоправдани, или не нудат алтернатива. Често во расправите се убедувам со соговорниците дека квалитетот може да се мери исклучиво преку споредба меѓу најмалку два модели, решенија… бидејќи критики на еден модел, да кажеш дека нешто не чини, без понуда на подобра алтернатива се беспредметни.

ramkovniot-baran-i-osporuvanСекоја оценка на рамковниот договор мора да се заснова на оценување на постигнувањето на целите (интеграција на Македонија во евроатлантската заедница, развој на демократијата, граѓанското општество и мултукултурното општество), принципите (конструктивно разрешување на проблеми, територијален интегритет и унитарност, локална самоуправа, мултиетничкиот карактер одразен во јавниот живот, развојност во согласност со меѓународните стандарди) и очекуваните резултати (прекин на непријателства; развој на децентрализирана власт; недискриминација и правична застапеност; заштита од мајоризација; идентитет, култура, јазик, образование).

Read more

И Македонија и евроатлантски интеграции!

Пред некое време надворешен соработник на „Дневник“ ме праша дали сите надворешни соработници на „Нова Македонија“ се против промена на името. Не сум ги погледнал работите од тој агол, но за мене лично можев да одговорам, да, јас сум против промена на името Република Македонија. Но од друга страна се залагам за евроатлантските интеграции на Македонија. Дали овие два стремежи може да коегзистираат во сегашниов контекст?

Првиот став, против промена на името, е одраз на моето право на  самоидентификација и културен идентитет. Таквиот мој став е вкоренет во традицијата, да запаметиме кои сме и од каде доаѓаме. Кога говорам за традицијата, говорам за опстојувањето, за „предците, за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија“. И жртвите, барем за мене, не се апстрактни и далечни. Тие се конкретни и блиски.  Семејството на мајка ми, Апостоловски од село Леуново, мавровскиот крај, изгубиле сè кога целото село и нивната куќа  се запалени во 1943 година. Семејството на татко ми, Клековски, од село Прекопана, до планинскиот врв Вич, леринскиот крај, изгубиле сè кога целото село и нивната куќа  се запалени во 1947 година. Ја жртвувале својата благосостојба за нивниот избор – слободна Македонија! Да го заборавам тоа е како да плукнам на гробовите на моите предци! И ова повикување на традицијата не е само вмровско – и двете семејства, како и селата, биле партизански, биле слободарски. Така ме учеа и југословенските комунисти, најдобро илустрирано со слоганот „Боље гроб, него роб“, од протестите против пактот со нацистите во 1941 година.

i-makedonija-i-evroatlantski-integratsiiНо ставот против промена на името, не е вкоренет само во традицијата. Тој е заснован и на неприкосновеното право за самоидентификација. Тоа право модерните држави го гарантираат за малцинствата, па како може да се оспори на цел народ. Но како постојано ме потсетува еден пријател, слободата не се добива, за нејзе треба да се избориш. Мора да го изодиме „најдолгиот пат“ на градење на независна нација. Мора да истраеме, да опстоиме! Како што опстоивме кога беше донесена Лисабонската декларација во 1992 година. Или кога во 2004 година Советот на Европа се обиде да ни го смени идентитетот, на што сите заедно одговоривме „Кажи Македонија – Не ме фиромирај!“.

Read more

Раскол и единство

Расколот и единството се постојана тема, а повремено влегуваат во средиштето на расправата, како сега по повикот на премиерот Никола Груевски, искажан во последното интервју, за единство по прашање на спорот за името. Критиката на разбирањето на единствотото од страна на премиерот е претставена од еден од најпознатите колумнисти и уредници, кој пишува дека „неединството во Македонија ги надмина рамките на политичка борба меѓу партиите“ и дека „неединството стана начин на живеење меѓу луѓето“ илустрирајќи ги поделбите на наши и ваши, патриоти и предавници, лустрирани и нелустрирани, геј и антигеј, за споменици или против споменици, за црква или против црква итн. Завршува со „а порано си бевме само Македонци и Албанци“.

raskol-i-edinstvoТука главно прашање е како го доживуваме единството и расколот (расцеп, јаз, поделба, cleavage). Поаѓајќи од културата на апсолутни вистини, каде само еден став, уверување, верување е вистински, се чини дека единството се меша со едноумие.

Минатата година, во интервју за „Актив“, дадов одговор кој беше веднаш нападнат. Одговорив дека „протести и контра-протести се нормална работа“. Тоа го илустрирав со два примери: ако во Дрезден има пронаци-протести, задолжително ќе има антинаци-контрапротести. Ако во Вашингтон има антиабортус-протести, задолжително ќе има проабортус-контрапротести. Понатаму истакнувам „тоа е демократијата – плурализам на идеи и организации за исти прашања“ и „сигурно не е демократија да имаме една идеја, една партија, еден синдикат, една организација (на студенти, жени…) како во социјализмот“. А во тој натпревар „граѓаните се тие кои ќе дадат легитимитет на едни или други“. Секако тој натревар мора да се одвива во рамка на ненасилство, слобода и еднаквост.

Read more

Недела на гордоста

Неделата на гордоста, посветена на ЛГБТИ-лица (лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, интер-секс) или родовата и сексуална разноличност,  почна со правдање на организаторите дека нема воопшто да организираат парада позната како „геј прајд“. Немаше и „контра геј прајд“ закажан на фејсбук од непознати лица. А имало немил настан, кога е каменуван ЛГБТ-центарот во Старата чаршија во Скопје, за време на настан за отворање на неделата на гордоста.

nedela-na-gordostaГеј-парада немаше во Скопје, бидејќи организаторите процениле дека нема да има доволно учесници. Сакам да верувам дека тоа не е од страв од насилство – Боки 13 секој ден демонстрира родова и сексуална разноличност, па верувам дека е безбеден и покрај целиот говор на омраза против него. Верувам дека тоа е страв од неприфаќањето и стигматизираноста на сексуалната разноличност. Во земја што е конзервативна и каде е висока нетолеранцијата, хомосексуалците се непосакувани соседи за 78 отсто од граѓаните, најнепосакувани веднаш по лицата зависници од дрога и алкохол или тие со ХИВ-инфекција. Девет од десет граѓани на Македонија не ја оправдуваат хомосексуалност. И таквиот став не е цврсто поврзан со религиозноста, етничката или партиската припадност. На скалата од 1-целосно неоправдано до 10-целосно оправдано, оправданоста на хомосексуалноста е 2,1, а по групи таа кај етничките Македонци е 2,3; кај етничките Албанци е 1,5;  кај нерелигиозните лица е 2,8; кај религиозните 2,0; а кај симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ е иста.

Read more

Дијалог за спорот за името

Изминатите денови невообичаен и голем одѕив беше предизвикан од изјавата на Фил Рикер, заменик-помошник на државниот секретар на САД, за спорот за името. Изјавата содржеше две пораки, дека е потребен (јавен) дијалог и дека треба да го следиме примерот на Србија и на Косово. Но таквото чувство за невообичаеност кај мене делумно траеше до проверката на моите претходно објавени коментари. И минатиот јуни имав коментар „За кого работи времето“, на тема на спорот за името. Всушност нема ништо невообичаено пред или по датум за одлука за македонските евроатлантски интеграции да се зголеми нивото на дебата за спорот за името. И покрај тоа што повеќето работи се напишани, сепак неколку аспекти заслужуваат внимание.

dijalog-za-sporot-za-imeto-1Невообичаен беше повикот за (јавен) дијалог за спорот за името. Си велам мора да е грешка, од два аспекти. Првиот аспект, дијалог имало и има. Та да го земам во обѕир мојот придонес. Додека ја водев мојата поранешна организација МЦМС, се објави декларација „И Македонија и НАТО“, и се направија две истражувања на јавното мислење во 2010 и 2011 година. Во врска со спорот на името сум настапил во повеќе ТВ-емисии, а во последната година на моето пишување за „Нова Македонија“ сум напишал десетина коментари посветени на евроатлантските интеграции, добрососедството и спорот за името: почнувајќи „Од нас зависи“, „За кого работи времето“, „(Анти) Американизам“ преку „Најдолгиот пат“ до „И роднини и душмани“. Вториот аспект, разговорите во ОН за спорот за името се во затворен формат. Како што биле и сите клучни договори во светот, регионот, па и кај нас. Не се сеќавам да се водеше јавна дебата за Охридскиот рамковен договор, пред неговото склучување. И по последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, следеа вообичаени изјави дека двете страни се обврзале да не објавуваат детали од предлогот во интерес на преговарачкиот процес! Тогаш зошто Фил Рикер ни порача дека дијалогот е најважен за спорот за името? И за каков дијалог да стане збор кога не е познат предлогот што е на преговарачката маса? Да водиме дијалог (сослушување на аргументите), врз основа на медиумски шпекулации за тоа што е предлогот?

Read more