Очајни домаќинки!

СДСМ ја објави својата шеста бомба, а јас го пишувам својот четврт коментар посветен на „бомбите“. Во декември минатата година започнав со „Каков бомбаш, таква бомба“, со анализа кои информации може да ја дестабилизираат власта, потоа во февруари на двапати во „Укажувач или соработник на странски служби?“ и во „No more secrets!?“ пишував на наративите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, за растечката поларизација и потребата од чекори за деескалација.

По шестата бомба стануваат појасни работите и можат да се проценуваат наративите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во основа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фокусираат на тоа што перципираат дека е силна страна на нивниот наратив: СДСМ на содржината на прислушуваните разговори, ВМРО-ДПМНЕ на начинот на стекнување на истите. Има знаци дека и двата наративи не се најверодостојни во однос на дел од првичните тврдења.

ochajni-domakinkiИнформации објавени од СДСМ, или доставени на прислушуваните новинари може да помогнат да се проценат одредени работи. Прво за опфатот на прислушувањето. Јасно е дека бројката презентирана од СДСМ за над 20.000 илјади прислушувани е преценета. Досега објавените разговори се од неколку министри, најверојатно има стотина прислушувани новинари, како и фактот дека разговорите се аналитички обработувани говори во прилог дека бројката на прислушувани е далеку помала. Второ јасно е дека покрај филтерот што да се објави од страна на Зоран Заев, имало и претходен филтер. Доколку Зоран Заев има 1.500 разговори од Ставрески од неколку години, тоа е веројатно обем на разговори по телефон што Ставрески го прави за еден до два месеци. Значи некој од неколкугодишно прислушување избрал кои разговори ќе му ги предаде на Заев. Од друга страна прислушувањето на новинари, тематското прислушување (разговори поврзани со 24 декември), како и аналитичката обработка на прислушуваните разговори укажува на потпис на владината Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК). Сè потешко ќе биде ВМРО-ДПМНЕ и власта да ја убеди јавноста во наративот за странска разузнавачка служба, доколку не се објават убедливи докази. Да, еден од обвинетите се спогодил со обвинителството и го признал делото, но еден човек не може да сработи анализа на стотина прислушувани новинари, за тоа е потребен поголема мрежа на аналитичари.

Read more

Промена на режим во три чекори

Во атмосфера на растечка партиска поларизација меѓу власта и опозицијата, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, често се говори за промена на владата. Промена на владата е прашање за кое ако се гледа површината е едно од ретките прашања за кое навидум постои согласност меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Навидум, бидејќи кога говорат за промена на владата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ мислат на многу различни работи. За ВМРО-ДПМНЕ тоа е реалност кое се случува во моментот. Според нив, односно според операцијата „Пуч“, СДСМ и странска разузнавачка служба соработуваат во наводен заговор, чија цел е разнишување на институциите и слабеење на земјата во контекст на спорот за името. За СДСМ тоа е посакувана состојба во иднина. Според нив, односно според изјави на водечки опозиционери, без вклучување на меѓународната заедница, не е можно решение на политичката криза, кое според нив би завршило со избори и промена на власта. Оттука има уште една точка во која ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се согласуваат: улогата на странски држави или меѓународната заедница. И, секако според едните во дестабилизација, а според другите во стабилизација на Македонија. Како и да е, се чини и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ придаваат големо значење на улогата на странски држави и меѓународната заедница.

Улогата на меѓународната заедница во промена на режим (влада) е омилена тема во конспирациските разговори. Таа улога е видлива, транспарентна во промена на диктаторски режими, како тие во Ирак или Либија. Од друга страна улогата во промена на влади избрани на (горе-долу) демократски избори е предмет на континуирани полемики. Колкава е улогата на меѓународната заедница во мајданските настани и промена на власта во Украина, или пак во протестите кои ја потресоа Турција е полемика која никогаш нема да заврши. Љубителите на конспирации ќе тврдат дека сето тоа е заговор на Западот, други пак ќе тврдат дека е одраз на слободарските и демократските стремежи на граѓаните. Иако тие две работи не неминовно се исклучуваат.

promena-na-rezhim-vo-tri-chekoriМногу ретко, обично од одредена временска дистанца, се добива пристап до релевантни информации за вистината или барем за фрагменти за вистината. На пример, што се случуваше во Србија при промената на власта на Слобадан Милошевиќ, можеше да се прочита десетина години по падот на Милошевиќ, на 5 октомври 2000 година.

Read more

Студентите можат!

Автономната зона, студентскиот протест против состојбите и законите во високото образование, во организација на Студентскиот пленум влезе во втората недела и станува настан кој може да биде највлијателен во политичките процеси во земјава во еден подолг период.

studentite-mozhatСе чини и власта и опозицијата се затекнати од Студентскиот пленум и Автономната зона. По првичните обиди за делегитимизација на Студентски пленум од страна на провладини медиуми преку тврдењата дека  социјалдемократската младина (СДММ) стои зад сето тоа, Министерството за образование ретерира и го прифаќа Студентскиот пленум како легитимен претставник на студентите. Присуството на понекој од СДММ или пак граѓански организации блиски до опозицијата, или пак тоа што во активностите се вклучени професори блиски до СДСМ не може да ја оспорат автономноста на студентите. И на другата страна повеќемина кои го омаловажуваа народот, ги омаловажуваа граѓаните, сега ги величат, сега ја препознаваат моќта на граѓаните.

Read more

No more secrets!?

Во минатонеделниот коментар ја опишав нашата реалност со „бомби“ и „пучеви“ како сценарио за филм од Б класа продукција. „Бомбата“ и „пучот“ ќе имаат судска и политичка разврска. Политичката разврска ќе зависи пред сè од изворот на прислушувањето, како и убедливоста на ривалските наративи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Кога го пишував тоа како недостатоци на наративот на ВМРО-ДПМНЕ ги оценив квалификацијата на делото (пуч), (не)одговорноста на (контра)разузнавачките служби и (не)постапувањето во однос на странските служби. Во наративот на СДСМ има недостатоци пред сè со наводниот мотив за „бомбата“. И додека не е најјасно какви ќе бидат штетите по ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, јасно е дека ќе има штети по политичкиот дијалог и Македонија.

no-more-secretsВо меѓувреме СДСМ, под слоганот „Вистината за Македонија“, започна со објавувањето на информациите кои ги поседува. Наводно 20.000 општествено влијателни лица се прислушувани во период од неколку години, за што СДСМ посочува на Сашо Мијалков и македонската државна безбедност.

Read more

Укажувач или соработник на странски служби?

Во свое обраќање до нацијата претседателот Обама, го обвинува републиканецот Меккејн, дека го уценувал со наводни документи за злоупотреби во финансирање на неговата кампања, обезбедени од севернокорејската разузнавачка служба. Меккејн одговара дека документите не се од севернокорејската разузнавачка служба, туку од патриоти од НЦА… Ова не може да биде реалност во САД, ова може да биде сценарио за филм од Б-класа. Ова сценарио за филм од Б-класа за жал стана реалност во Македонија. На „бомбата“ се надоврза „пуч“, а реакциите поларизирани, навивачки, секој за својата страна, за својата вистина.

ukazhuvach-ili-sorabotnik-na-stranski-sluzhbiНеколкумесечните изјави на Зоран Заев, лидерот на СДСМ, дека поседува информации т.н. „бомба“ која ќе ја принуди власта да се повлече, се разви во кривично обвинение против Зоран Заев и други вклучени лица. Иако е најавена судска разврска, таа не може да се случи без политичка разврска.

Се чини политичката разврска, која страна ќе стекне повеќе доверба од јавноста, од граѓаните, зависи пред сè од перцепциите за изворот на информациите кои Зоран Заев вели дека ќе ги објави и дека ќе ја срушат власта. Според власта изворот на информациите е странска разузнавачка служба, а според опозицијата тоа се патриоти од домашните безбедносни органи. Повеќемина сметаат дека собирање на информации од тој обем, стотици илјади разговори од илјадници различни личности, вклучувајќи шифрирани разговори на раководството на државата, не е можно без странска разузнавачка служба. Одговорот на прашањето кој е изворот ќе влијае на перцепциите на јавноста дали Зоран Заев е свиркач (whistleblower) – укажувач на криминални активности  или, пак, е соработник на странски разузнавачки служби. Тоа ќе го одреди правецот на политичката разврска. И неколку други перцепции ќе влијаат врз јавноста.

Read more

Грција кон радикални промени или ќе си легне на брашно?

Предвремените парламентарни избори во Грција предизвикаа некаде еуфорија, а некаде загриженост, но секаде беа на насловните страни. Победата на СИРИЗА и нејзиниот лидер Алексис Ципрас, не оставија рамнодушни политичари, новинари, коментатори… Зошто?

grtsija-kon-radikalni-promeni-ili-ke-si-legne-na-brashnoПрв и клучен фактор за тоа е фактот дека СИРИЗА и Алексис Ципрас го срушија двопартитниот систем на Нова Демократија и ПАСОК, кои владееја со Грција со децении. И тоа од позиција, до само пред десет години, на маргинална партија. Да, СИРИЗА, основана во 2004 година од Синаспизмос и други левичарски групи, освојува на парламентарните избори во таа година само 3,3 отсто гласови и шест пратеници. И во 2007 година СИРИЗА нема посебен успех и има само 5,05 отсто гласови. Таа година, со доаѓањето на Алексис Ципрас за лидер и со трансформацијата од коалиција во единствена партија во 2012 година, почнува растот на СИРИЗА, што во 2015 година ќе ги доведе до победа. Некои ќе речат тоа не е толку успех на СИРИЗА, колку што е катастрофа на главните политички партии, пред сè ПАСОК кој од главна партија пред дваесет години целосни се маргинализира.

СИРИЗА и Алексис Ципрас покажаа дека двопартитниот систем, кој функционира во голем дел од Европа, може да падне кога незадоволството на граѓаните е големо, а постои умешна политичка партија што нуди политичка алтернатива. Тука, во рушењето на двопартитноста е главниот предизвик, а не во тоа дали тоа дали ќе има „grexit“ – грчки излез од еврозоната или промена на геостратегиската позиција на Грција со излез од НАТО. Во цела Јужна Европа постои големо граѓанско незадоволство од мерките за штедење и демонтажа на социјалната држава. Нови движења на левицата како Подемос во Шпанија, или на десницата како Националниот фронт во Франција, може да ги срушат политичките естаблишменти што ги водат соодветните земји со децении.

Read more

Слобода за Кежо

Мојот денешен коментар е преобјавување на коменатарот „Судови на кои има треба едукација“ од 24.10.2013. Преобјавувањето е актуелно поради последните судски одлуки за случајот Кежаровски, а целта и поентите на коментарот се потврдени од временска дистанца. Поентите се: Кривично дело најверојатно не постои, бидејќи не постои загрозување на заштитениот сведок – сведокот е жив и … Read more

Сите се Шарли, а ние?

Минатата недела за очекувањата од 2015 година, за односите Запад-ислам, како еден од трите процеси кои го одредуваат нашиот меѓународен контекст, напишав дека имаат завршница site-se-sharli-a-nieво 2014 година или почеток во 2015 година што не ветува многу. Во моментите кога го пишував тоа, се случуваше најголемиот, најбруталниот терористички напад во Франција по 1961 година – се случуваше егзекуцијата на редакцијата на сатиричното списание „Шарли Ебдо“. Во моментите на шок, болка, инстинктивниот одговор на Франција, на Европа, на светот беше сочувство и солидарност. Над четириесетина лидери, над милион луѓе се собра во Париз, како и во многу други градови, вклучувајќи го и Скопје, под слоганот „Јас сум Шарли“. Собраните на Плоштадот на Републиката во Париз потсетија на значењето на малку подзаборавеното мото на Републиката „Liberté, égalité, fraternité“ (слобода, еднаквост, братство). Покажаното братство, посебно поради учеството и на лидери од земји со муслиманско или арапско потекло, како и на многу обични граѓани, како тие во Мадрид кои носеле пароли „Не во наше име“, ќе биде барем малку мелем на раната.

Демонстрираното братство во многу ќе помогне и во справувањето со одговорноста, клучен фактор во какво ќе биде влијанието на овој брутален терористички напад.

Во терористичкиот напад има многу елементи како: отстапување на стилот на нападот – професионална егзекуција наспроти стереотипот за бомбаши самоубијци, заборавена лична карта која овозможува идентификација, осомничени кои имаат алиби или кои се отсутни, ликвидирани осомничени, самоубиен инспектор, кои на љубителите на теориите на заговор, ќе има дадат материјал за многу шпекулации. Но да се вратиме во реалноста. Со месеци се говори за илјадниците наши сограѓани од Европа, од Франција, од Финска, од Македонија, кои се борат за Исламската држава на Ирак и Левантот (ИСИЛ, ИСИС) и ризикот од насилство кога тие луѓе ќе се вратат назад. Досега ИСИЛ покажа дека е способна за многу погрозоморни работи, за да бидеме изненадени од тоа што се случи. Зар мислевме дека ѕверствата од Ирак и Сирија нема да пристигнат во Европа?

Read more

2015 – година на дијалог или на заострување?

Доколку 2014 година може да се оцени како  година на поларизација, и во светот и дома, каква ќе биде 2015 година – година на дијалог или на заострување?

Во светот од, за нас, трите важни процеси кои се заострија во 2014 година: политиката во ЕУ, Запад-ислам и Запад-Русија, сите три има завршница во 2014 година или почеток во 2015 година што не ветува многу.

Политиката во ЕУ формулирана, од јакнење на радикалната десница и левица, како „помалку Европа“, веќе овој месец ќе биде пред нов предизвик со предвремените парламентарни избори во Грција. Сета политичка класа во ЕУ, многу внимателно ја одржуваше владата на конзервативниот Самарас, бидејќи тој се вклопуваше во големиот план за излез на ЕУ од економската криза. И сега кога е неминовно изборно соочување во Грција, ЕУ-политичката класа застана и ќе застане позади Самарас и Нова Демократија. Тоа се случува веќе со пишувањата на германскиот печат за „Grexit“ – излез на Грција од еврозоната, дека тоа веќе не е закана за ЕУ, или изјавите на францускиот претседател Оланд дека Грција мора да се придржува на договорените мерки за штедење. И конзервативната Меркел и социјалистот Оланд се на истата страна во одбрана на главните политички текови. Заканите со излегување од ЕУ се веќе видени во кампањата за заплашување на гласачите на референдумот за независност на Шкотска. Таа кампања има за главна цел да ги „скрати крилјата“ на некогаш радикалната Сириза, со максимална цел да обезбеди победа на Нова Демократија, а минимална да го намали маневарскиот простор на Ципрас дека постои било какво друго решение освен мерките на штедење. И со тоа да се превенира Аргентинско сценарио, и да се спречи помислата дека гласачите во Италија, Шпанија или било која друга земја имаат алтернатива надвор од етаблираните главни партии и политики.

Read more

2014 година на поларизација

Во последниот четврток во 2014 година, мојот последен 47. коментар во оваа година, е преглед на годината што изминува. Во оваа година коментирав за евергрин-теми како стратегиската ориентација на Македонија, за ЕУ, за регионот и добрососедството, за спорот за името. Коментирав и теми кои произлегоа во годината која изменува, надворешнополитички како војната во Украина и референдумот во Шкотска или, пак, изборите во Романија, внатрешнополитички како претседателските и парламентарните избори, помилувањето на Вранишковски. Повеќе коментари посветив на меѓупартискиот натпревар: за пописот, за екстерното (за власта), за казните (кои не се бауч), за „бомбата“. И  три коментари посветив на мојот прекрасен Охрид.

2014-godina-na-polarizatsijaПишувањето на неделни коментари, поставува неделна рамка, што е актуелно за претходната или тековната седмица. Затоа годишниот преглед овозможува поглед на поголемата слика. Кои беа процесите, надвор и дома, кои ја карактеризираа годината што поминува? Накратко, 2014 година е година на поларизација, и на меѓународно ниво и дома.

Три важни процеси на поларизација за нас, кои се продлабочија во 2014 година се: политиката во ЕУ, Запад-ислам и Запад-Русија, од кои првите два имаат негативни последици за нас.

Политиката во ЕУ, каде што глобалната конкурентност ја загрозува државата на благосостојба, е во големи искушенија. Главните политички партии добиваат свои екстремни алтернативи на десницата и левицата, кои ги напаѓаат основите на ЕУ-политиките. Од екстремната десница се напаѓа имиграциската политика и слободата на движење, а од екстремната левица еврото и политиката на фискална дисциплина (штедење). Пролетните избори, и покрај влезот на екстремни партии во ЕУ парламентот, не е толку проблем, колку што се реакциите на главните политички партии. Сето накратко ќе резултира со „помалку Европа“, помал ентузијазам за ЕУ проширувањето, што за нас значи одлагање на ЕУ перспективите.

Read more