Меѓупартиските преговори не водат до излез од кризата, но во моментов нема друг пат, што општетвото го става во circulus vitiosus, ситуација во која решението на проблемот, создава нови проблеми кои ќе придонесат да биде сè потешко да се реши почетниот проблем. Тоа можеше да се заклучи од дебатата на Младинскиот образовен форум минатата недела, кога на темата „Меѓупартиските преговори (не) водат до излез од кризата“ дебатираа „за“ тимот: Бујар Османи, Фросина Ременски и Петрит Сараќини и „негацискиот“ тим: Лилјана Поповска, Гордан Калајџиев и Миша Поповиќ.
Дали договорот меѓу четирите партии со посредство на меѓународната заедница беше единственото решение за излез од оваа криза?
Аргументите „за“ се засноваат на гледањето „тие што ја направија кризата, тие треба да ја решат“. Политичката криза е настаната со непризнавање на резултатите на парламентарните избори во 2014 година од страна на СДСМ, продлабочена со аферата со прислушување, и мора да се реши низ договор на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Земјата не можеше да продолжи без опозиција во Парламентот, ниту пак беа можни нови избори на кои СДСМ нема да учествува. И секако индициите од аферата со прислушување мора да имаат правна разврска. Соодветно мораше да има договор и тој договор мораше да има мерки и за политичка разврска (избори) и за правна разврска (специјално јавно обвинителство). Договорот од Пржино е можност за обнова на политичкиот дијалог, кој беше целосно прекинат и да се запре поларизацијата и започне процес на премостување на поделбите.
Замешувањето на Турција во сириската граѓанска војна е мешавина на историско наследство на распадот на Отоманската империја, и Ердогановиот сон за нејзини обновување. И повратно, Ердогановата поддршка на сунитските бунтовници во Сирија влијае на борбата за моќ во самата Турција. Во Турција има верско малцинство на 




