Три удари врз Уставот

Во многу краток период, во нецел месец, се случија три удари на Уставот на Македонија: на заштита на уставноста и законитоста, на одвоеноста на црквата од државата и на гаранцијата и заштита на приватноста.

tri-udari-vrz-ustavotВо Македонија уставноста и законитоста ја заштитува Уставниот суд. Уставниот суд последните 7-8 години е предмет на оспорување за наводни партиски влијанија во одлучувањето, само што со тек на времето се сменија страните што обвинуваат. Кога на почетокот на власта на премиерот Никола Груевски, Уставниот суд ги оспори идеолошките проекти на ВМРО-ДПМНЕ како веропоука во јавното образование, следа жестоки напади од ВМРО-ДПМНЕ врз тогашниот состав на Уставниот суд за партиски влијанија од СДСМ. Сега, по повод на прифаќањето на иницијативата против измените на Законот за помилувања, следеа протести од повеќе групи за партиски влијанија од ВМРО-ДПМНЕ. Уставниот суд, во сè поголемата поларизација на општеството, од партиите се гледа како можност на долгорочно влијание на идеолошкиот правец на земјата, пред сè заради долгиот, деветгодишен, мандат на судиите во Уставниот суд. И ВМРО-ДПМНЕ беше доволно долго на власт, да влијае на изборот на судиите во Уставниот суд. Би можело да се заклучи дека тоа се очекувани протести од про или контрагрупите, незадоволни од одредени одлуки на судот.

Но случајот со Законот за помилување не спаѓа во групата на очекувани незадоволство од про и контра групите, поради постоењето на показатели дека Уставниот суд не постапува како заштитник на уставноста и законитоста. И тука не е спорно дали навистина измените на законот за помилување се навистина противуставни, како што тогаш во 2009 година тврделе пратениците на СДСМ. Околностите, односно временското совпаѓање, како и наводите за крајно невообичаената експедитивност укажуваат на теснопартиски влијанија, а не на судиска увереност.

Измените за Законот за помилување, кои ја укинуваат можноста за помилување на лица осудени за изборни нерегуларности се донесени во 2009 година. Стамен Филипов, кој е поднесувач на големо мнозинство на претставки пред Уставниот суд, не согледал неуставност во наведениот закон, тоа не го согледал никој сите овие години од донесувањето во 2009-та, и одеднаш се појавува претставка. И на тоа се надоврзува крајно невообичаената експедитивност.  За закон за кој никој не покажал интерес толку години, експресно се прифаќа иницијативата, а според Стамен Филипов очекуваниот рок за таква одлука е околу шест месеци. На тоа се надоврзува и наводната неуредност на рефератот за претставката. Премногу случајности секогаш упатуваат на постоење на специјален интерес, а во овој случај единствениот очигледен е теснопартискиот интерес на власта за контрамерки на специјалното јавно обвинителство и покренување на случајот за изборни нерегуларности.

Read more

Дијалог или ценкање во арапски стил?

Датумот кога меѓународната заедница требаше да се изјасни дали се создадени услови за одржување на парламентарните избори на 24 април 2016 година, доживеа неколку одложувања во обид на пронаоѓање на можни решенија за ситуацијата. Претставниците на САД и ЕУ објавија дека не се постигнати сите услови за одржување на изборите, што беше очекувано, земајќи ги во предвид почетните доцнења во спроведувањето на договорот во Пржино. Во коментарот од минатата седмица напишав „ Доколку СДСМ ги поттикне своите претставници во ДИК и МВР да се забрза пречистувањето на избирачкиот список и доколку ВМРО-ДПМНЕ поддржи компромис за медиумите, изборите на 24 април 2016 година стануваат реалност. Во спротивно станува извесно нивно одлагање за 29 мај или 5 јуни 2016 година“.

dijalog-ili-tsenkane-vo-arapski-stil-1И покрај извесноста на одложувањето за изборите, земјата влезе во драматична завршница на 23 февруари, последниот ден пред распуштањето на Собранието, во кој рок можеше да се постигне договор за можните решенија. Како што напишаа на социјалните медиуми „македонската политика исто како македонскиот ракомет, мора да има драма во последните моменти, во завршницата“.

Зошто одложувањето на изборите беше извесно? Одржување на избори во најбрз можен термин со кредибилен избирачки список и израмнет терен не е само најдоброто решение туку и единствено што Македонија ќе ја води кон излез од политичка криза. Кои беа другите опции? Покрај одлагањето на изборите, опција беше одржување изборите во веќе закажаниот термин на 24 април 2016 година, како и суспензија на договорот од Пржино во однос на политичката разврска. Одржување на изборите на 24 април 2016 година, со став на меѓународната заедница дека не се исполнети докрај условите, како и став на СДСМ дека да учествуваат на изборите, не беше можно, бидејќи со бојкот на СДСМ и меѓународно непризнание тие избори нема да беа излез од политичка криза туку ќе водеа во уште подлабока политичка криза, губење на препораката за членство во ЕУ и меѓународна изолација. Суспензија на договорот од Пржино во однос на политичката разврска, би значело оставка на (техничка) Влада за спроведување на зиборите, со избор на политичка влада најверојатно повторно од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Изборите би се одржале во редовниот термин во 2018 година или пак заедно со локалните избори во 2017 годима, кога согласно законот повторно би се избрала (техничка) Влада за спроведување на изборите. Тоа би значело дека СДСМ го признава легитимитетот на Владата на ВМРО-ДПННЕ и ДУИ, што би било политичко самоубиство. Непризнавањето на легитимитетот на Владата, пак неминовно води кон обновување на политичката криза, која може да се реши само со предвремени избори. За извесноста на одложувањето на изборите говори и тоа што сите пратеници од сите политички партии беа во Собранието, по крајот на нивното работно време.

Read more

ВМРО-ДПМНЕ да му даде поддршка на СЈО, СДСМ да излезе на избори

Се приближува 20 февруари, датумот кога меѓународната заедница ќе се изјасни дали се создадени услови за одржување на парламентарните избори закажани за 24 април 2016 година. Всушност тоа ќе биде една оценка на спроведувањето на договореното од Пржино.

Исполнувањето на договорот од Пржино е одраз на јазот и спротивставеноста на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во теснопартиска смисла што им одговара, а што не им одговара. Двете страни, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во основа ги употребуваа политичките или правните делови од договорот, кои ценеа дека им одговараат. ВМРО-ДПМНЕ го стави акцентот на политичката разврска – избори на 24 април 2016 година, а СДСМ го стави акцентот на правната разврска – специјалното јавно обвинителство (СЈО). Едните, ВМРО-ДПМНЕ, сметаат на предноста во јавната поддршка, другите, СДСМ, на можните обвиненија. А не може да има само едно од нив, мора да се случи и политичка и правна разврска.

Политичката состојба оваа година се чини бавно, но сепак нè води во напредок на исполнување на договорот од Пржино и тоа полека нè оддалечува од најлошото можно решение за земјава, а тоа да со меѓусебно блокирање на власта и опозицијата се одлага и политичката и правната разврска. Полека се поместуваме во насока кон најдоброто сценарио за земјата, во кое изборите би се одржале во предвидениот термин на 24 април 2016 година, со прочистен избирачки список, правна разврска (обвинителска одлука) би имал најмалку еден случај поврзан со наводни изборни злоупотреби, а во првите 100 дена на новата Влада би се постигнал договор со Грција за мерките за градење на доверба.

vmro-dpmne-da-mu-dade-poddrshka-na-sjo-sdsm-da-izleze-na-izboriЗа одржување на избори на 24 април 2016, од договорените мерки за  израмнет терен за избори, пред се преку раздвојување на партијата од државата и балансираност на медиумите, потребен е пречистен избирачки список и постигнување на договор за медиумите. Според последните медиумски извештаи, ДИК ги има собрано базите на податоци на граѓани од околу десетина различни институции како МВР, Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско осигурување, Министерството за труд и социјална политика и други. Завршена е и првата фаза на усогласување на базите на податоци, што значи дека веќе е можно вкрстувањето на податоците, што би водело кон откривање на грешки и нелогичности во избирачкиот список, кои би се провериле на терен. Колку што следам за избори на 24 април, избирачкиот список треба да биде составен до 5 март, за потоа да биде достапен на граѓаните за проверка од нивна страна. Тој рок е постиглив, ако се сака и достапни се потребните ресурси.

Read more

Меѓуетнички коалиции – ем им иска, ем не им стиска

meguetnichki-koalitsii-em-im-iska-em-ne-im-stiskaСредбата на Зоран Заев, лидер на СДСМ и на Гзим Острени, лидер на новата партија Унитети, без разлика што била темата за разговор, веројатно ги постигна планираните ефекти: дебата за можноста за предизборна меѓуетничка коалиција. Средбата е остварена како пилот-средба или проба како ќе реагира јавноста на идејата за предизборна меѓуетничка коалиција. По средбата следеа повеќе новинарски написи и анализи за можноста на изборна соработка на СДСМ со новите партии кои се обраќаат на гласачите етнички Албанци, како Беса, Унитети, или движењето за реформи на ДПА.

Позицијата на Зоран Заев и СДСМ е донекаде јасна. Незадоволството од власта, особено од премиерот Никола Груевски, меѓу гласачите етнички Албанци е огромно. Многумина од најгласните, најжолчните критичари на власта се аналитичари и политички коментатори – етнички Албанци. И многумина критиката не ја прават од позиции на албански национализам, туку од граѓанска перспектива. Предизвикот е како СДСМ да стекне предност од големото мнозинство незадоволни етнички Албанци. Дали етничките Албанци би гласале за СДСМ? Зоран Заев направи неколку чекори за придобивање на овие гласачи, на пример со ставовите за употреба на албанскиот јазик, но често и ретерираше од сопствените ставови. Ниту раководството на СДСМ, ниту претходните програми на СДСМ немаат мултикултурен карактер. Присуството на етнички Албанци во врвот на раководството и на пратеничките листи е помалку од симболично. Тешко е да се очекува дека таков СДСМ би бил атрактивен за просечен гласач етнички Албанец.

Како СДСМ да се направи поатрактивен за просечен гласач етнички Албанец? Подобрување на претставеноста во раководството и програмата е секако патот на средни и долги патеки. Сега и веднаш, СДСМ има потреба од коалициски партнер(и) кои можат да ги привлечат гласачите етнички Албанци. ДУИ и ДПА, двете партии од големата четворка, не се идеалниот партнер. Ем незадоволството е насочено и кон нив, ем покажуваат значајна лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ е упатен во барањето на сојузници во новите политички партии Беса, Унитети и Движење за реформа на ДПА. Осебено ако овие три партии останат фрагментирани, необединети во коалиција, постои голем ризик на загуба на многу гласачи поради тоа што изборниот систем ги фаворизира партиите од големата четворка: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Read more

Што е додадена вредност на додадените министри?

Пред околу 3 месеци, Собранието ги избра техничките министри по предлог на СДСМ и тоа Оливер Спасовски во МВР  Фросина Ременски во МТСП, како и дополнителни заменици во министерствата за финансии, за земјоделство, за администрација… Во меѓувреме, околу две недели трае и мандатот Владата чиј мандат е организација на изборите, кое долгото име на техничка влада, што треба да биде избегнато бидејќи како такво беше барање на СДСМ.

shto-e-dodadena-vrednost-na-dodadenite-ministriОценката на делувањето на министрите и замениците од СДСМ, е  возможна само ако се воспостави јасен критериум за нивната улога и место во Владата. И тука започнува збрката, што е всушност мандатот, работата на овие министри и заменици? Збрка од разлики во именувањата до разлики во разбирањата на содржината. Збрката започна со преводите на договорот од Пржино. Поголем дел од медиумите објави превод на договорот во кој се вели дека „новата влада ќе има мандат до  предвремените парламентарни избори“, а всушност треба „владината програма ќе се ограничи на организирањето на изборите“. Исто така во договорот мандатот на минстерот за вантрешни работи е дефиниран како технички, а мандатот на замениците е „правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите“.

Улогата на техничките министри и заменици е да го обезбедат СДСМ дека се спроведува раздвојување на партијата од државата, како дел од подготовка на избори кои ќе се одржат на израмнет терен. Позициите во министерствата се поврзани со изборите (МВР) или со социјални трансфери во Министерството за труд и социјална политика (МТСП); со земјоделски субвенции во Мининистерството за земјоделство, и со капитални вложувања во Министерството за финанси. Од тука е јасно дека станува за технички министри и заменици, а сега и техничка влада, чија задача е организација на изборите. Тоа не е политичка влада на голема коалиција, каква што беше владата во 2001 -2002 година.

Read more

Игра која е „кукавица“ – второ продолжение

Кога пред само една седмица пишував дека пред нас е 2016 година и таа може да биде година на ескалација или на разврска, не очекував дека во неколку дена дека ќе дојде до ваква ескалација на нашата политичка криза. По неуспехот на „големата четворка“ да постигне договор дека 24 април е дефинитивен датум за избори, поради забелешките на СДСМ за избирачките списоци и за медиумите, власта се одлучи да ги распише изборите за 24 април 2016 година, кои ќе треба да ги спроведе новата влада со мандат на организација на изборите.

Зголемување на поларизацијата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ негативно влијае и на правната и на политичката разврска. Како што пишував, мора да има и  политичка разврска и правна разврска, иако ВМРО-ДПМНЕ го стави акцентот на политичката разврска – избори на 24 април 2016 година, а СДСМ го стави акцентот на правната разврска – специјалното igra-koja-e-kukavitsa-vtoro-prodolzhenieјавно обвинителство. Едните, ВМРО-ДПМНЕ, сметаат на предноста во јавната поддршка, другите, СДСМ, на можните обвиненија. Решенијата се движат во распонот меѓу најлошото решение и најдоброто решение. Најлошото можно решение за земјава е да со меѓусебно блокирање се одлага и политичката и правната разврска. Тоа одлагање ќе ја засили перцепцијата на бесперспективност и ќе ја исцрпи земјата и политички и економски. Во најдоброто сценарио за земјата, изборите би се одржале во предвидениот термин на 24 април, со прочистен избирачки список, правна разврска (обвинителска одлука) би имал најмалку еден случај поврзан со наводни изборни злоупотреби, а во првите 100 дена на новата Влада би се постигнал договор со Грција за мерките за градење на доверба. Очекувано беше дека на 15 јануари, ќе се знае во која насока меѓу најдоброто и најлошото сценарио ќе се движи Македонија. Доколку не се избере нова Влада на 15 јануари, нема да има избори на 24 април, а можен компромис е одлагање на изборите за не подоцна од почетокот на јуни, бидејќи понатамошни одлагања веројатно би довеле до распаѓање на договорот од Пржино.

Read more

Во 2016 година – ескалација или разврска?

Доколку британскиот весник „Гардијан“ ја опиша 2015 година како година на опасно живеење, а јас ја коментирав како година што треба да ја оставиме зад нас што побргу, каква ќе биде 2016 година, година на ескалација или на разврска? На меѓународно ниво се чини дека трите важни подрачја за нас – политиката во ЕУ, Запад-ислам и Запад-Русија, кои на некој начин се испреплетуваат, во 2016 година дополнително ќе се заплеткаат. Политиката во ЕУ и понатаму ќе се поларизира, со јакнење на двата екстреми. Десните популисти и екстремната десница, кое ќе продолжат да ги нудат имигрантите и муслиманите, како жртвено јагне, наспроти подлабоките проблеми и предизвици на западните општества, ќе бидат во понатамошен раст. Моќта на десните популисти станува толку голема, како на пример во Полска, што се подготвени да ги загрозат основните ЕУ-вредности. Во сопствената немоќ, главните политички партии, посегнуваат кон популистички решенија. Веќе шест земји на ЕУ не се придржуваат кон Шенген договорот кој обезбедува основна слобода на движење меѓу земјите членки.

А бегалската криза не стивнува. На врвот во зимата, во јануари, низ Македонија дневно поминуваат 1.500 до 2.000 бегалци, што лесно може да значи нов еден милион бегалци во ЕУ. Решенијата во коренот на проблемот, во Сирија, Ирак и Авганистан, посебно во првите две, по продлабочувањето на тензиите меѓу Иран и Саудиска Арабија, не изгледа на дофат. Ниту Турција, која влегува во период на сопствена нестабилност, со обновување на турско-курдските судири и со соочување со тероризмот на ИСИС, не ветува премногу дека ќе го запре бегалскиот бран. Тогаш е многу веројатно дека македонско-грчката граница ќе треба да биде ставена во функција на справување со бегалците, нивна тријажа – распоредување во групи и пропуштање на бегалците со голема веројатност за одобрување на азил во ЕУ.

vo-2016-godina-eskalatsija-ili-razvrskaОгромен предизвик за ЕУ, оваа година ќе биде и референдумот во Велика Британија или ризикот од Брегзит. Првпат, наместо за ЕУ-проширување, се отвара ризик за излез на ЕУ-членка. И сето тоа во 2016 година може да се докомплицира со нова светска финансиска криза, која ќе започне или веќе е започната во Кина.

Read more

2015 – година што треба да ја оставиме зад нас

Година на опасно живеење, така ја опиша 2015 година британскиот весник „Гардијан“, од глобален агол, а од мој агол 2015 е година што треба да ја оставиме зад нас што побргу. Прегледот на темите за кои пишував во текот на ова година, укажува дека трендот од 2014 година како година на поларизација продолжи и понатаму.

Трите важни подрачја кои се важни за нас – политиката во ЕУ, Запад-ислам и Запад-Русија, и понатаму се движат во продлабочена криза и поларизација. Годината започна („Шарли Ебдо“) и заврши („Батаклан“) со терористички напади на исламисти во Париз. Безмилосноста на ИСИС што ја гледавме таму некаде далеку во Ирак и Сирија (Левантот), дојде во Европа. Дојдоа и околу еден милион бегалци, кои бегаат од истата таа безмилосност што веќе пристигна во Европа.

Невидениот бран на бегалци само ги продлабочи поделбите во Европската унија, кои започнаа претходно со должничката криза. На постојната поделба меѓу Северот и Југот на ЕУ, се додаде и поделбата меѓу Западот и Истокот. Расте популарноста на екстремните и радикални партии, на двете страни од спектарот. Екстремно десниот Националниот фронт, беше попречен во триумфална победа на регионалните избори во Франција најмногу со одлуката на левицата да ги повлече своите кандидати во вториот круг и на тој начин да ја поддржи умерената десница наспроти екстремната десница. Само што се надмина бездната на Грегзитот, се отвори новата бездна на Брегзит – референдумот на иднината на Велика Британија во ЕУ што ќе се одржи во 2016 година.

Западот и Русија, по воената интервенција на Русија во Сирија, можеби се приближија во ставовите во однос на Сирија, но останаа разликите во однос на Украина. Тие разлики се должат на различните перцепции и одговори на прашањето – дали проширување на евроатлантските сојузи е закана за Русија или не. Ривалитетот меѓу Западот и Русија се одрази на повеќето земји во Балканот. Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија, Албанија се во политички кризи, во некои од нив со јасни знаци на влијание на поларизацијата Запад-Русија.

Во рамките тие односи Запад-Русија, свесноста во Македонија дека евроатлантските интеграции се во ризик од назадување, како и промените во Грција со победата на Ципрас и СИРИЗА, и заминувањето на Самарас во политичка пензија, отвори надеж за постоење на момент за решение на спорот за името. Годинава беа направени првите чекори со разговорите меѓу Атина и Скопје за мерките за градење на доверба.

Read more

Меѓупартиските преговори (не) водат до излез од кризата

Меѓупартиските преговори не водат до излез од кризата, но во моментов нема друг пат, што општетвото го става во circulus vitiosus, ситуација во која решението на проблемот, создава нови проблеми кои ќе придонесат да биде сè потешко да се реши почетниот проблем. Тоа можеше да се заклучи од дебатата на Младинскиот образовен форум минатата недела, кога на темата „Меѓупартиските преговори (не) водат до излез од кризата“ дебатираа „за“ тимот: Бујар Османи, Фросина Ременски и Петрит Сараќини и „негацискиот“ тим: Лилјана Поповска, Гордан Калајџиев и Миша Поповиќ.

megupartiskite-pregovori-ne-vodat-do-izlez-od-krizataДали договорот меѓу четирите партии со посредство на меѓународната заедница беше единственото решение за излез од оваа криза?

Аргументите „за“ се засноваат на гледањето „тие што ја направија кризата, тие треба да ја решат“. Политичката криза е настаната со непризнавање на резултатите на парламентарните избори во 2014 година од страна на СДСМ, продлабочена со аферата со прислушување, и мора да се реши низ договор на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Земјата не можеше да продолжи без опозиција во Парламентот, ниту пак беа можни нови избори на кои СДСМ нема да учествува. И секако индициите од аферата со прислушување мора да имаат правна разврска. Соодветно мораше да има договор и тој договор мораше да има мерки и за политичка разврска (избори) и за правна разврска (специјално јавно обвинителство). Договорот од Пржино е можност за обнова на политичкиот дијалог, кој беше целосно прекинат и да се запре поларизацијата и започне процес на премостување на поделбите.

Read more

Турција – „автопат“ за џихадисти и бегалци [2]

Соборувањето на рускиот авион во Сирија и обвинувањата за улогата на Турција изречени од рускиот претседател Путин поттикнаа лавина на анализи и коментари, кој, кого и зошто подржува во конфликтот кој ја создаде Исламската држава на територијата на Сирија и Ирак. Во претходниот коментар напишав дека и пред Русија, доказите веќе ги има обезбедено Западот, како Институтот за изучување на човековите права на  Универзитетот „Колумбија“ кој составил „ИСИС-Турција листа“ на обвинувања, кои се кредибилни. Турција ако не со чинење, тогаш со не-чинење обезбедува „автопат“ за џихадистите. Турција нема да ја пресече поддршката за ИСИС поради своите национални интереси (ризик од независен Курдистан) или идеолошки (сунитски фундаментализам) или поради лукративни/коруптивни интереси. Но ако се декомпонираат турските национални интереси, па дури и идеолошките и коруптивните интереси, можеби трагите ќе водат кон борбата за моќ во самата Турција.

turtsija-avtopat-za-dhihadisti-i-begaltsiЗамешувањето на Турција во сириската граѓанска војна е мешавина на историско наследство на распадот на Отоманската империја, и Ердогановиот сон за нејзини обновување. И повратно, Ердогановата поддршка на сунитските бунтовници во Сирија влијае на борбата за моќ во самата Турција.  Во Турција има верско малцинство на алевити, околу 10 отсто, блиски до нам познатите Бекташи и до алавитите на кои припаѓа сирискиот претседател Асад. Но не е само Асад од ривалската група. Алевит е и Кемал Киличдароглу, претседателот на Народната републиканска партија (ЦХП) и лидер на турската опозиција и потпретседател на Социјалистичкта Интернационала. На изборите во јуни оваа година Ердогановата АКП го изгуби мнозинството поради про-курдската Демократска партија на народите (ХДП), која е лево ориентирана, посветена на грасрут-демократија, еднаквоста и посебно на правата на жените. Со едно крајно поедноставување може да се рече дека има пресликување на Ердогановите непријатели во Сирија и неговата опозиција во Турција – и едните и другите се секуларни, социјалисти и малциства (алавити, Курди). На некој начин Ердоган сирискиот конфликт го употребува и во домашната борба за моќ посебно меѓу јунските и повторените ноемвриски парламентарни избори. Меѓу јунските и ноемвриските избори во Турција, се обновија судирите со курдската ПКК-војска, а насилството ескалира во октомври со бомбашкиот напад во Анкара кој остави над 100-тина мртви. Според многумина посматрачи Турција е доведена до праг на граѓанска војна, отворај ги старите рани меѓу Турците и Курдите и Сунитите и Алевитите. Со (злоупотреба на) безбедносните закани, Ердогановата АКП победи на повторените избори во ноември 2015 година.

Read more