И роднини и добри соседи [2]

Минатиот коментар „И роднини и добри соседи [1]“ беше вовед за што можеме да направиме за македонско-бугарското добрососедство. Бев свесен за предизвикот на темата, но тој предизвик некако стана поголем, потежок за само една недела. Прво, минатата недела на мојот напис како читател реагираше Јордан Костадинов, претседател на ОМО „Илинден“, кој напиша дека „ не може да се зборува за пријателство со нашите соседи“, поради нивното непризнавање на македонската нација и „насилната асимилација под нивна окупација“. Потоа подготувајќи се, читав написи на веб страната на „Бугарскиот културен клуб“ – Скопје (БККС). Тоа е организација чија декларирана цел е „промоција и афирмација на ценостите на бугарската култура“ и зближување и меѓукултурна толеранција на Бугарија и Македонија. Написите содржат ставови полоши од комбинираните службени ставови на Софија и Атина. Ако БККС така го доживува „заемното почитување“ на кое се повикива во нивната програма, како ли изгледа „нетолеранција“. А БККС во април имале средба со Марин Рајков, новиот бугарски премиер со стари ставови.

i-rodnini-i-dobri-sosedi-2-2Тоа што некои Бугари го доживуваат како добрососедство и како заемно почитување, всушност е барање за македонско само-укинување или во подобар случај како што напишав минатата недела како „територијално и временско ограничено“ признавање на македонската нација само во Република Македонија и само по 1944 година (АСНОМ). За среќа, не сите Бугари размислуваат така. Уште еднаш ќе се повторам, да, можеме да бидеме лути, но мора да бараме решение. Решението мора да е засновано на опстојување на македонската нација, култура и јазик и истовремени чекори на градење на доверба.

Најмалку спорна одредба на идниот Договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, базиран на Декларацијата од 1999 година, се заеднички седници на нашите Влади, нешто што веќе е договорено со Србија. Исто така, не треба да е спорно обновувањето на бугарски воени гробишта кај нас, како што е направено со англиските, француските и други воени гробишта, потсетници на воениот пекол, или со српските воени гробишта во Зебрењак, Младо Нагоричане, Кумановско и одбележувањето на 100-годишнината на Кумановската битка.

Read more

И роднини и добри соседи [1]

Во мојот коментар од минатата недела „Добрососедство“ пишував за добрососедските проблеми, кои сите ги имаат, преку примерот на Унгарија и Словачка. Но кога се расправа за темата за добрососедството, покрај сите аргументи, дека нашите, македонски проблеми не се разликуваат од туѓите добрососедски проблеми, постои реакција дека не е исто, другите немаат соседи како нашите, кои не ги признаваат.

Сепак е исто, само не е споделено. Терминот „маѓаризација“ (унгаризација) се употребува за процес започнат во 19 век, во кој унгарскиот јазик, унгарските имиња на места (топоними) и унгарски имиња и презимиња се наметнуваат на Словаците, Хрватите, Србите, Романците, Русините, дури и на Германците и Евреите. Слично како и со „русификацијата“. Та дури и во сега мирољубивата Скандинавија, Норвежаните говорат за „400 години темнина“ за време на нивната унија со Данска. Тоа се последиците на создавање на држави – нации во 18 и 19 век.

И кога говориме за непризнавањето од соседите, да употребуваме факти. Два наши соседи, Србија и Албанија, признаваат македонско малцинство во своите држави. Ама, едните црквата не ја признавале, другите со БЈРМ комуницирале. Да, има проблеми, но нацијата ја признаваат и на нас е да работиме да ги надминеме проблемите. Од другите три соседи Косово, Бугарија и Грција, само Грција во целост ја оспорува Македонија, Македонците и македонскиот јазик.

Read more

Добрососедство

Локалните избори на 24 март беа и поминаа. Доволно време и внимание им беа посветени, па сега по изборната пауза време е да се вратиме во реалноста. А таму нè чека уште една шанса за напредок во ЕУ-интеграциите. Всушност шансата за напредок во ЕУ-интеграциите е пред целиот регион на Западен Балкан: Македонија и Србија, во зависност од пролетниот извештај на Европската комисија се пред одлука до јуни, во оваа претседателство, за започнување на преговорите со ЕУ; Косово за одлука за започнување на процесот на стабилизација и асоцијација… Албанија по донесувањето на клучните закони и изборите може да добие шанса за отворање на преговорите. Секако, секоја земја со својата тежина на исполнување на домашните задачи. Но имаме можност Македонија (и Србија) да ѝ се придружи на Црна Гора во преговорите за ЕУ-членство, можност за сите земји од Западен Балкан да направат чекор понатаму. Можноста не сакам да ја наречам историска, прво зашто кај нас секој чекор е историски и имаме хиперинфлација на значајност, второ и ако ја пропуштиме оваа, ќе има нова шанса. Но доколку не ја употребиме оваа можност, следната можеби ќе ја почекаме неколку години.

Тогаш, ајде да направиме сè што можеме и што зависи од нас да ја искористиме таа можност. Очекувањата од високиот пристапен дијалог и не се многу високи: владеење на правото, слобода на изразувањето, борба против корупцијата и добри меѓуетнички односи. Работи што не ни требаат за Брисел, туку за нас самите. Клучни се очекувањата во однос на добрососедството, чекори за решавање на спорот за името и чекори за постигнување на договор за добрососедство со Бугарија.

На почеток треба да си расчистиме дека добрососедството не е нова пречка на нашата интеграција, туку норма што сите членки на ЕУ ја исполниле. Во основа со тие договори се признаваат меѓусебните граници, страните се откажуваат од секакви територијални претензии и се уредуваат отворени прашања како националните малцинства.

Е да, ама другите немале вакви соседи како ние! Не е баш така. Ама сто стапа по туѓ грб не болат! Секако дека договорот меѓу Германија и Полска не бил ни малку лесен. Или, пак, договорите меѓу Унгарија и Романија и Словачка.

Read more

Признание, почитување!

Во 1998 година ми се случи едно од најпријатните изненадувања. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), кој тогаш го водев, доби награда за демократија и граѓанско општество, доделена од priznanie-pochituvanје-1ЕУ и САД, по повод на 40-та годишнина од Римскиот договор. Наградата беше потпишана од Вилијам (Бил) Клинтон, Тони Блер, како претседавач на ЕУ и Жак Сантер, претседател на Европската комисија, а ни ја предаде тогашниот британски амбасадор Марк Дикинсон. Тоа што ме изненади не беше паричниот износ на наградата, тоа што ме изненади беше признанието. Признанието тешко се вклопуваше во мојата, во нашата негативна култура, култура на непрепознавање, на непризнавање на успехот, на доброто. Култура во која секогаш кога говориме за некој или нешто, почнуваме со слабостите, а добрите страни не стигнуваат на ред. Тогаш ја разбрав моќта на признанието на добрите страни, наспроти нагласување на слабите страни. Тогаш разбрав дека покрај проблеми, потребни ни се и успеси, потребни ни се позитивни модели.

Толку бевме инспирирани сите во МЦМС да донесовме одлука за воспоставување на две македонски награди: за демократија и граѓанско општество, и за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн“. Низа на активисти и организации беа добитници на наградите во годините кои следеа. Последна година во која се доделија наградите беше 2005-та година. И тоа не беше свесна одлука за престанок на наградите, едноставно се случи. Дали како што ми вели еден од моите најдраги пријатели „на крај сето ова ќе го изеде ентропијата“, дали надвладеа непризнавањето?

Read more

Без компас

Збогум Никола Младенов!

***

Заврши првиот дел од едни од најневообичаените избори досега, карактеризирани со контекст на разврска на политичката криза, со измената на територијалната организација на Кичево… Со политичката криза во заднината беше горлива потреба овие локални избори да бидат мирни и најефикасно спроведени. Во стручната јавност доминираа оцени за мирни избори, со висок одѕив, со одредени нерегуларности. bez-kompas-1Црна дамка се десетината изборни места кои се непреброени два дена. Оцените не ги споделува опозицијата, која најави поднесување на неколку стотини претставки. Можеби е поважно фокусот да се стави на проблемите надвор од денот на изборите и тука се издвојуваат три проблеми. Првиот е нетранспарентноста на финансирањето на кампањите и партиите воопшто. И на овие избори големите партии имаат нереални извештаи, некаде празни, некаде со огромни диспропорции меѓу приходите и расходите. Вториот проблем е нераздвојувањето на државата, и на национално и на локално ниво, од партијата. И третиот проблем е пристрасноста на медиумите.

Резултатите на овие најневообичаени избори исто така беа доста невообичаени за многумина набљудувачи. Прво еден поглед на резултатите на локалните избори од друг агол. Најголеми губитници на овие избори се „другите“, односно партиите надвор од „големата четворка“: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Од околу 30 отсто колку што освоија другите во 2009 година, на овие избори вклучувајќи неколку етнички партии како НДП, ДПТ, СНС и СРМ, се сведоа на 14,1 отсто. Овие избори најверојатно значат крај за Нова Демократија, чии гласови се редистрибуираа во ДУИ и ДПА. Најверојатно ќе бидат крај и за НСДП, ВМРО-НП, и за ПЕИ, која беше само трета во Маврово-Ростуше. Можат да бидат крај и за ЛДП, која можеше да биде најголем добитник доколку останеше на политиката „ниту со ВМРО ниту со СДСМ“ на поранешниот лидер Јован Манасиевски. Недостигот на понуда од „другите“ може да е причина за околу 50.000 неважечки ливчиња. Токму храброста на ДОМ да за првпат настапат самостојно на локални избори им донесе околу 18.000 гласачи (1.6 отсто). Добитници се и повеќе независни листи, осебено во помалите општини населени со етнички Македонци. За истакнување е дека ќе добиеме и две или три градоначалнички, што е многу скромно, но далеку подобро од срамните ниедна градоначалничка во претходниот мандат. И една необичност, за првпат високо верско лице е избрано за градоначалник. Досегашниот муфтија Ружди Љата е избран за градоначалник на Дебар со поддршка од сите верски и етнички групи.

Read more

Мојот избор

Влегуваме во завршницата на локалните избори кои ќе бидат едни од најневообичаените избори досега, бидејќи се одржуваат во контекст на разврска на политичката криза, на прва голема коалиција на лутите ривали ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга и Кичево…

Овие локални избори имавме и најдолги (од 2012-та) и најкратки кампањи. Додека сè уште говориме за предвремен почеток на кампањата, влегуваме во поинаква, во континуирана кампања, која нема почеток и крај. Дали влегуваме во период во кој од политичарите ќе се очекува континуирана активност на социјалните медиуми, на Фејсбук, на Твитер, и во контактите лице во лице? Всушност, дали како општество и како граѓани сакаме 20 денови кампања, со еден куп непотребни реклами и мегамитинзи, или пак секојдневна достапност на политичарите и директно и на социјалните медиуми? Дали тие континуирани трибини и дебати во интернет-просторот се одреден облик на партиципативна демократија?

ВМРО-ДПМНЕ во кампањата е како часовник, со сите детали од програми и интернет страни, до боја на вратоврската. СДСМ се одлучи за кампања која нема да биде медиумска туку повеќе лице во лице. Се случија и  дуелите меѓу кандидатите во Карпош, први по повеќе години. Сепак, влијанието на кампањата е релативно скромно и на скала од 1 до 10 (многу ми влијаеше), е оценето со 4.8, а само кај 5,3% од граѓаните влијаела да се одлучат за друг кандидат.

А кога сме кај кандидатите, демонстрираме релативна конзервативност – во повеќе регионални центри, кандидати се постоечките градоначалници што се борат за втор или трет мандат. Како пријатни изненадувања се појавија Никола Бакрачевски во Охрид и Хари Локвенец во Прилеп. Иако позната политичарка, изненадување е и кандидатурата на Теута Арифи за Тетово, колку што се сеќавам прв заменик-премиер кандидат за градоначалник. Но со толку многу кандидати кои се борат за втор или трет мандат и можен нивен избор, на следните локални избори во 2017 година ќе се соочиме со потреба за големa промена во клучните градови во Македонија.

Доколку во 2009 година малку кандидати имаа свои програми, сега во сите поголеми градови водечките кандидати имаат програми, а овие избори и ДУИ има програми за своите кандидати. Колку во медиумите да се истакнуваат некои од „веселите“ елементи на програмите, сепак програмите се клучен чекор напред, бидејќи ќе можеме да донесеме информирани одлуки и за четири години ќе можеме да мериме ветено-остварено.

Read more

Нема територијални решенија за етнички прашања

Во јануари оваа година, кога советниците на СДСМ учествуваа во советот на една општина, разговарав со кандидатот за градоначалник на СДСМ од таа општина. Го прашав дали учеството на советниците на СДСМ на седницата е знак на попуштање и прекин на вонинституциското дејствување. Добив одговор што ме збуни, дека СДСМ нема политика на бојкот на работата на општинските совети. Ме зачуди таа контрадикција, меѓу однесувањето на национално и локално ниво, и возвратив со прашањето дали тоталитарен режим имаме само на национално ниво, но не и на локално ниво. Секако не со намера да укажам дека треба да се бојкотираат и локалните институции, туку да укажам дека е контрадикторно да се тврди дека имаме „тоталитарен режим“  и тој да не се бојкотира на локално ниво.

За ова контрадикторност претпоставувам биле свесни и „јастребите“ на „отпорот“, па оттука и цврстото инсистирање на бојкот на локалните избори, како дел од сеопфатниот „отпор“ кон „ненародната власт“. Затоа и договорот за решавање на политичката криза од 1 март, кој го обезбеди учеството на СДСМ на локалните избори, опозициските „јастреби“ го доживеаја како предавство.

Уште несоземени од договорот за решавање на политичката криза, следеше договорот за коалициски настап на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Струга и Кичево. Овој коалициски договор има и партиско,  внатреетничко, меѓупартиско значење и меѓуетничко значење.

nema-teritorijalni-reshenijaНа партиско ниво, СДСМ поништи добар дел од политиката на „отпорот“. Како понатаму ќе се говори за „фашистичката ВМРО-ДПМНЕ“, „тоталитарниот режим“ и слични работи, а истовремено се коалицира во Струга и Кичево. Кој сега е „колаборационист“, по толку етикетирања за „конвертити“ и „колаборационисти“ на секој што сметаше дека вонинституциското дејствување на опозицијата не е соодветно. Како СДСМ планира локалните избори да ги претвори во „референдум“ против „ненародната власт“, кога за коалицијата во Струга и Кичево изјавува дека се воделе од локалните потреби. Па ако во Струга и во Кичево локалните потреби се пред националните прашања, зошто да се бара и очекува од граѓаните во другите општини на локалните избори да не им дадат приоритет на нивните локални потреби? СДСМ ги стави во ризик и можните гласови од етничките Албанци, кои според аналитичари-етнички Албанци, незадоволни од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, пред се од „Скопје 2014“, и начинот на кој партиите на етничките Албанци се справуваат со тие политики, би гласале за СДСМ. По салтото на СДСМ од меѓуетничката коалиција со ДПА до внатреетничка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, многу веројатно е дека СДСМ ќе ги загуби симпатиите меѓу одредени гласачи-етнички Албанци.

Read more

Кој победи?

Кој победи? Како по значаен натпревар, сите со љубопитност (се) прашуваа за победникот во спогодбата за решавање на политичката криза. ВМРО-ДПМНЕ веднаш се огласи дека не попуштиле на политичките уцени, СДСМ дека е постигната целта за предвремени парламентарни избори, та дури и Штефан Филе и Ричард Ховит твитнаа за големиот успех.

koj-pobediИ ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, во основа направија отстапки од своите почетни позиции. ВМРО-ДПМНЕ отстапи од отфрлањето на секаква вина, за да прифати анкетна комисија за настаните околу донесувањето на буџетот, пред и на 24 декември. СДСМ отстапи од ставот дека вината на власта е видлива без истрага и дека единствен излез се однапред договорени предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ опстои на  ставот дека опозицијата со вонинституциско дејствување не може да ги помести локалните избори или да доведе до предвремени парламентарни избори. Секако, договорот од 1 март предвидува разговори за парламентарните избори во зависност од резултатите од локалните избори и од Анкетната комисија. Но дали СДСМ тоа ќе го добиеше уште кога ја имаше понудата за Анкетната комисија, која експресно ја одби? Затоа што со договорот или без договорот, доколку опозицијата добие повеќе гласови од власта на локалните избори и доколку Анкетната комисија утврди значајни прекршувања од страна на власта, СДСМ ќе има поголема јавна поддршка за предвремени парламентарни избори. А  придобивки од договорот имаат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Доколку и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ направија отстапки и имаат придобивки, зошто создадената перцепција за неуспех на СДСМ? Тоа толку не се должи на пренагласената комуникација на ВМРО-ДПМНЕ дека останале бескомпромисни. Тоа повеќе се должи на јавно искажаната разочараност на „јастребите“ од „отпорот“. Оцените дека договорот е „поволен за владината ароганција, но е поразителен за опозицијата“, не доаѓаат од провладини извори, туку од поддржувачи на „отпорот“. Доколку ми се случил неуспех на СДСМ, тој се случил многу порано, кога наместо барање на институциско решение, кое ќе добиеше многу поголема јавна поддршка се определи за во јавноста непосакуваниот бојкот на локалните избори. Политичката иронија бараше во Карпош да се судрат Андреј Петров, генерален секретар и еден од носителите на таа политика на СДСМ и Стевчо Јакимовски, сегашниот градоначалник на Карпош, еден од клучните чинители во СДСМ што ја напушти таа политика. Во СДСМ не покажуваат ни малку свест дека политиката на бојкот на локалните избори е грешка и така кампањата во Карпош ја започнаа со негативна кампања против својот довчерашен виден член, а кандидат на СНСМ – коалициски партнер на СДСМ во Сојузот за иднината. Или СНСМ и СДСМ не се повеќе коалициски партнери?

Read more

Окупирај ја политиката [2]

Во „Окупирај ја политиката (1)“ напишав дека сме сведоци на општо губење на илузиите за традиционалната репрезентативна демократија, поради чувството дека избраните политичари не се способни да ги решат најбитните проблеми. А самата (партиска) политиката се избегнува и постојат знаци дека клубот на политичари станува сè повеќе затворен, ексклузивен и клиенталистички. Партиската „одбрана“ на политиката како ексклузивен клуб е поставена во два круга: внатрешен, партиски со висока централизација и надворешен, со поставување пречки за непартиско политичко учество. Како да ги совладаме бедемите и да ја окупираме политиката?

Анонимен автор во „Помалото политичко зло“, објавен во Окно, поставува теза за системот како туѓ, украден од политичките и бизнис-елити, а отуѓувањето на политичката од општествената сфера и комплетната деполитизација се инхерентен производ на системот. Авторот смета дека во неможност да се отфрли системот во целост како неправеден, на граѓанинот му преостанува да биде прагматичен и да избере каде има повеќе материјални и нематеријални добивки. На граѓанинот му преостанува избор на помало политичко зло, избор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, врз основа на нивните политики во економски и општествени прашања. Во отсуство на позначајни, идеолошки, разлики, според авторот, подеднакво легитимно е некој да не може / не сака да го пресмета помалото зло, и да одбива да даде легитимитет на системот. Многу добра анализа, но, за жал изборот го сведува на две крајности: отфрлање на либералната демократија или (не) избор на помало политичко зло. Да, точно во Европа, во Словенија, Бугарија, граѓаните се дигнаа против системот и бараат заминување на корумпираните политички елити, но не нудат решенија. Не е многу позади нас пропаста на претходните обиди за социјалистичка револуционерна промена на системот.

Меѓу двете крајности избор на помалото политичко зло и револуција, мора да постојат достижни меѓурешенија.

Петер Креко, смета дека одговорот на антиестаблишмент движењата треба да вклучува некои од нивните практики и препорачува на политичките партии поблиска ангажираност со гласачите, повеќе идеологија, и помалку (политички) професионализам. Кај него решенијата се во рамките на подобрување на политичките партии како централен дел на политичкиот натпревар. И Звонко Шаврески, своевремено, препорача политички (партиски) ангажман.

Read more

(Впиши име) вмровски град!

Ветено, неостварено! Во изборен стил ветив дека овој четврток ќе следи продолжение на претходниот коментар „Окупирај ја политиката (1)“, но нема да го остварам и ќе мора да го одложам, а овој да го посветам на бојкотот на локалните избори.

Во играта кој е кукавица, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаа уште еден круг на ескалација на политичката криза која на 16 февруари резултираше со одлука на СДСМ за бојкот на локалните избори на 24 март. Очекуван исход, бидејќи од октомври 2012 година на раководството на СДСМ му преостана само еден излез, да го одврати вниманието од локалните избори и да ја побара својата последна шанса – игра на сè или ништо, во едно „катаклизма-сценарио“ и повторување на „15 септември“.

Јасно се демонстрира стремење кон победник-губитник решение и отсуство на основно разбирање на (политичкиот) дијалог. Тоа се огледаше во целиот политички процес. Се огледаше во селективноста на приемот на пораките од меѓународната заедница, та така на некого му се слушаше само дека бојкотот не е решение, а на некого дека изменување на деловник без опозиција не е начин. Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во „Бојкотот е бојкот врз Македонија“ има одлични заклучоци дека: „…никогаш повеќе Македонија не смее да се занимава и да зборува за …пресметки, закани до внуци и правнуци. Македонија треба да зборува и да се натпреварува со реформи, проекти, позитивни мерки за вработување и успеси.“. Но тие не се применливи само на неразбирливите закани на СДСМ. Зошто ВМРО-ДПМНЕ и при сите реформи и проекти, врши понатамошна поларизација со негативната кампања за „гркот Бранко“?

vpisi-ime-vmrovski-gradЗа жал, веројатно политичкиот процес ќе продолжи така и понатаму. И покрај повикот дека ако има политичка волја сè уште има време за решавање на политичката криза, СДСМ немаат одговор како би изгледало тоа решение? Од партиските изјави јасно дека е поверојатно дека СДСМ ќе се обиде да го делегитимира изборниот процес. Тоа може да се случи или со опструкции на изборниот процес, што искрено се надевам, за нивно и наше добро, дека СДСМ нема да го направат, и/или со натпревар на „негласачи против гласачи“. Така СДСМ најверојатно ќе се најде во ситуација, по втор пат во историјата, да им порача на граѓаните дека имаат избор со неостварување на своето гласачко право. По втор пат, бидејќи и во 2004 година СДСМ со паролата „Некои прашања не заслужуваат одговор“ повика на бојкот на референдумот.

Read more